Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Extra ball

Сакаш
гу-гу, пу-пу, пу-пи
сакаш
дај да видам, на да видиш
сакаш
доктор и сестра, мама и тато
Сакаш
да вадиме цувки
сакаш
џамлии да тркаламе
сакаш
да играме морт или
сакаш
на пирли
сакаш
со тегет кецеља
сакаш
по ОТО и Домаќинство
сакаш
на екскурзија или
сакаш
на матурска
Сакаш
фрустрирачко-домаќински
сакаш
кицошки галантно-академски
сакаш
со голи цицки и провиснати мадиња
сакаш
од еден на друг бокс
сакаш
бам-бам-бамп… тиру-ли
сакаш
Кентаур да го тилткаме
Сакаш
сакаш
шајка да ти влези
сакаш
од спун прво црната па белата
сакаш
низ цевка да редиме тапи
сакаш
по една пипка
сакаш
чичко, дај еден жетон!
Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Поезија

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. шо знам шо ми текна, па штракнав поезија или така нешто: "Extra ball" – http://ribaro.mk/extra-ball/


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива