Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

CNN зборува и на македонски?!

(Реакција на постот од Курир.мк со наслов „И Си-Ен-Ен со сторија за скандалот на Шекеринска и Дајнерс“, објавен во Петок, 07 Февруари 2014 14:47)

Овој пост (првично беше објавен на “CNN I Reporter”, но постот е веќе недостапен), е само за да покажам како порталот Курир мк манипулира со јавноста и како го злоупотребува сервисот “CNN I Reporter”, кој функционира на принцип на блог платформа, која може да ја користи секој кој има желба нешто да објави, а ги почитува правилата на однесување пропишани тука.

Нема никакви „CNN објавува“, објавуваат поединци – блогер, граѓанин кој сака да сподели, брза реакција на некој настан, но најверојатно идејата на „CNN I Reporter“ е токму да им овозможи на луѓето да се заштитат од вакви манипулатори како вас, со објавување на својата – вистинската приказна. И уште еднаш: сервисот „CNN I Reporter“ само овозможува информацијата да биде објавена, нема тоа никаква врска со уредувачката политика на CNN, а уште помалку со ексклузивноста на веста која вие сакате да ја пласирате како „многу битна“ за светските сервиси.

Многу плитка манипулација господо од Курир.мк, многу проѕирна.

п.с. или како автор го потпишувате и прикажувате со украдени фотографии од во случајов извесен Brad Friedman (тоа се проверува со едноставен десен клик на фотката и пребарување на истата), или сте му платиле на господинот да го објаво ова .

линк до постот на Курир

(принт скринови од првичниот пост кој беше објавен на “CNN I Reporter”, пред да го тргнат)

1

2

3

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Медиуми

Коментирај со Фејсбук:


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива