Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

DEPECHE MODE – најдолгиот ден

Денес (21.06.2006) е најдолгиот ден во годината. Имав уште една пробдеена ноќ, а сега е  4:00 часот.

На Пеко му се скрши шофершајбната и ми прати абдал таксист. Абдало мрчи со немање на работа и ниски тарифи уште нетргнати за Скопје.

Денес е денот Д, денес е денот за DEPECHE MODE. Јас и Ана, Златко, Данче, Секулич, Марија и Горан се слеавме со уште 14 автобуси. Енко успеал да се надмине себеси и да организира река од 700 запалени модовци, а уште колку се со приватни возила останува да нагаѓам.

Деве Баир.  Цели 24 часа од мојот последен сон, а уште цели 10 часа до почетокот на концертот.

Софија. До сега трипати сум минел покрај неа, никогаш не сум бил во неа (бреј…. перверзија излезе муабетов..), а некако велелепна ми се гледаше од далеку.

Сум се заебал.

Софија мирисаше на: смог, прашина и чист Балкан со своите гнасни улици и срдечниот народ. Се на се, ми годеше Балканштијата. Блиска ми беше и гнасата што се соединуваше со моите бледоизбледени фармерки и оддаваше впечаток на припадност.

Газев на туѓа земја за која ме учеа (како мал) дека е непријателска, а јас се чувствував попријатно овде одколку кога ја носев црвената марама која ме гушеше и во вратот и во животот. Сега, обезмарамени, ги одврзуваме јазовите и се соочуваме колку сме исти во нашата различност.

А можи и да не сум се заебал.

Можеби велелепноста ја барав во градбите, наместо во душата на градот. Градот имаше душа, како впрочем и целиот Балкан.

Се согласувам со оној претходен впечаток… со впечатокот кога минував покрај неа.

Незнам зошто, но ми одекнуваше Прециоус, можи заради тоа што останаа уште 4 часа до почетокот на концертот. Кога влеговме со Ана во Локомотив стадионот од разгласот одеше THE CURE, а имаше уште три часа до A PAINT THAT I’M USED TO.

21:00 часот, а небото над Софија не беше темно. Од педесетилјадната еуфорија грлеше едно име:

DEPECHE MODE

Зошто уште не се стемнува? – се запрашав.

Одговорот беше на почетокот од постов.

Сите ја мирисавме свежината на бумот  што следеше.

И?!…

И би… БУМ!

Неполни два часа еруптираше, а тоа што беше плод на ерупцијата, не се кажува… се доживува.

Сепак:

- Болката на која се бев навикнал и која ја чекав пет и кусур месеци (картите за концертот ми беа купени некаде во јануари) – вредеше… A PAINT THAT I’M USED TO…
Само прашање на време беше желбата што мислев дека никогаш нема да ми се исполни и ми се исполни… ги видов… A QYESTION OF TIME…
и неизвесноста што ја чувствував се до тој ден, ја пропатив добро… SUFFER WELL…
а тие беа моите драгоцени… PRECIOUS.
Ги оставам овие спомени во чевлите и им посакувам на  сите да одат во моите чевли…WALKING IN MY CHOES…, да го живеат моментов.
Фронтменот цврсто застана зад воланот… BEHIND THE WHEEL …
и успеа да го разбуди мојот личен Исус… PERSONAL JESUS…
чудно беше што се чувствував како да сум дома… HOME …
и така соголен… STRIPPED …
чувствував,,, I FEEL YOU,,,
дека ништо не е невозможно… NOTHING’S IMPOSSIBLE …
дури ни тоа дека јас можам да уживам во тишината… ENJOY THE SILENCE
па дури и да живеам во тишина… LEAVE IN SILENCE …

Искреноста што ни ја порача за крај се надевам дека никогаш нема да не напушти повторно … NEVER LET ME DOWN AGAIN…

и одеше повеќе како молба од нив кон нас… NEVER LET ME DOWN AGAIN
отколку како прекор… NEVER LET ME DOWN …
NEVER LET ME DOWN …

Цел живот го чекав ова, а немав спиено последните 50 часа.
Го чекав најдолгиот ден на годината и го дочекав ова…
Во најдолгиот ден од годината.

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Categories: Колумни

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    Шанкурето напиша:

    имаше една фора,го прашуваат еден тип,бато ти сексаш,не ја сум женет:) одмори малку:) оо Рибаро.. 24 Јуни, 2006 – 03:46 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    аааа..Шанкуре, не сум до тука стасан:)))…(она од вчера шо ти пишав дека не го разбрав, сега ми текна: можи да си прав, ама кој денес слуша вистински совети. 24 Јуни, 2006 – 20:45 | избриши | одговори)

    #
    LunarLi напиша:

    Еј fisher убаво си ги споил импресиите со песните. Иако не сум некој којзнае каков нивен фан, ми се допадна возењето. 25 Јуни, 2006 – 00:37 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    мило ми е LunarLi, значи мисијата била успешна :) 25 Јуни, 2006 – 02:25 | избриши | измени | одговори)

    #
    frea напиша:

    најдолгиот ден се претопил во незборавна ноќ…а и што може друго со depeche mode ! …i feel you…
    26 Јуни, 2006 – 02:13 | избриши | одговори)

    #
    OGI SINKO напиша:

    Си бил дел од спектаклот.
    Како на формула – 1
    26 Јуни, 2006 – 02:56 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Навистина, беше екстра..сум бил на многу (..хм..) но она небило..50 000 грла во еден глас…на формула не сум бил сеуште, ама има време.ја гледам снимкава во моментов и како во живо ми е оти не ја гледав директно и незнам ништо..немој да се испедери некој и да ми кажи како заврши:) 26 Јуни, 2006 – 03:07 | избриши | измени | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    фреа, се радувам. Тоа ми беше и целта, да споделам 26 Јуни, 2006 – 03:09 | избриши | измени | одговори)

    #
    Pincher Barnet напиша:

    стварно беше супер. а да не знаеш каде може да се најде бар некој дел од концертот? 27 Јуни, 2006 – 21:06 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    пинчер, на интернетов колку шо барав неможе да се најде ништо, барем сеуште..ако најдам ти јаавувам немај гајле..пс: А јас натебе се надевав :) 28 Јуни, 2006 – 01:59 | избриши | одговори)

    #
    Pincher Barnet напиша:

    ок ќе бидеме во дослух. 28 Јуни, 2006 – 02:09 | избриши | одговори)


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива