Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

CC – ц ц ц..

Image Hosted by ImageShack.us

Абе, кај дојде мајчин јапонец, кај се запусти, па ни ги разниша информатичките редови?

Ако се прашувате што е муабетов, уствари за што се расправа кај Би во нејзиниот пост, поточно во коментарите?… ич не се мачето. Тоа сигурно е некоја од оние веќе видени работи – „си ги мерат на кој му е подолг.“

Мене ич кур не ме боли за тој нивни куропецачки натпревар, но еве шо ми засмета како посматрач  и корисник на лиценцата, а се однесува на нашата „интернет елита“:

Зошто бе нема никој (освен Метаморфозис – објавени македонските лиценци Криејтив комонс, кои беа и организатори за вчерашниот настан во Холидеј Ин и Струмјан што покрај другото дава и линк до првиот нацрт од лиценцата на македонски) да ја искористи промоцијата за комплетно, критички или нека биде и критизерски осврт на тоа: што и какво е значењето на користење на лиценците Криејтив комонс (CC). Па да каже – кои се придобивките на авторите, што добива заедницата, како да им се објасни на луѓето да ја користат, зошто да се користат Криејтив комонс лиценците и слично, а?

… Или вие сé си знаете, па нема потреба од објаснување?!

Ај да не бидам обвинет за дежурен мрчач, еве едно видео постирано на dotSUB со превод на македонски, кое го објаснува сето тоа околу Криејтив комнос линценците, а ова е веб сајтот:

WWW.CREATIVECOMMONS.ORG.MK

Уз муабетов, врската до видеото која на Кајмакот ја постави Гемиџи достигна рекордни 21 гласа!? Незнам зошто не може да се разбере од пооделните корисници на интернетот во Македонија потребата од користење на оваа можност што ја нуди Кајмакот за афирмација на македонските содржини достапни во електронска форма?

Навистина не ми е јасно, како е можно толку малку корисници (па и блогери корисници) да го користат Кајмакот за промоција на интересни содржини од нет… Зошто?

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

2 Responses so far.

  1. admin says:

    #
    Бунка напиша:

    Зошто за се треба време Рибар, брза кучка… Smiling
    20 Јуни, 2007 – 21:15 | избриши | одговори)

    #
    волан напиша:

    Зарем до сега не ти стана јасно дека вистински неограничени корисници на Интернет во МК се многу мал број среќници … или несреќници сеедно …

    Цената на оноа што го пружаат Интернет провајдерите во Македонија – не е соодветна на квалитетот кој го даваат … А вистински интернет е само бодбенд флетрет интернет … кој е со само еден посто од целокупниот интернет во МК …
    20 Јуни, 2007 – 23:38 | избриши | одговори)

    #
    Jakov напиша:

    А и тие малку “уживатели“ на разноразните “задоволства“ ретко кога ќе се одважат да кажат/напишат нешто за тоа како се користат одредени работи и која е целта/користа од нив. А уште поретки се таквите кои имаат способност да дадат објаснување кое секој ќе го разбере и ќе му стане блиска некоја работа па да почне да ја користи.
    Исто ко ја да викнам некој ИТ у архив и да му речам еве ти фасцикли и фондови па ти снајди се.
    Smiling
    21 Јуни, 2007 – 00:13 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Бунка. прав си но 21 глас е поразително па макар било и вкратко времето.

    Волан, јасно ми е дека пенетрацијата е мала, но не е токму тоа проблемот, Проблемот е во апатијата, проблемот е во не/споделувањето, во курчењето, во погрешниот арогантен пристап на тие кои токму се кадарни тоа да го прават, кои се борат кој прв кажал… проблемот е во суетите кои тешко се надминуваат. Еве и мене (во еден коментар на кајмакот) ме завлекуваат и обвинуваат дека незнам за што зборувам.
    21 Јуни, 2007 – 00:19 | избриши | измени | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Јаков, тоа ми е зборот 21 Јуни, 2007 – 00:25 | избриши | одговори)

    #
    дамјaн напиша:

    Рибаро јас долго време се спремам да напишам еден осврт кон Creative Commons, меѓутоа темата е опширна и ја немам преџвакано целата за да можам да направам едноставен сублимат.

    Во секој случај на оваа тема и прилично се дискутираше на iSummit-от на пример.
    21 Јуни, 2007 – 21:15 | избриши | одговори)

    #
    ickoman123 напиша:

    Друже за се си треба време, ќе видиме како ќе се одвива работава… Најболно е кај нас што и информатичарите не користат интернет, студентите уште помалку, едино некои вработени кои работат по 15 минути дневно а останатото време го тепаат на интернет за да се глуми работа Smiling иначе имам нов демен: http://icko.elfasko.org.mk/
    21 Јуни, 2007 – 22:31 | избриши | одговори)

    • Bryson says:

      Anita, thank you so much for stopping by my blog and leaving me such a kind comment. Unfortunately, I accidently pressed delete instead of publish an &qouo;poof&qutt; your thoughtfulness disappeared. As a new blogger, I love feedback and comments and I want you to know how much I appreciate your thoughts even if they don't end up showing up on my blog! I hope you keep visiting! You are on my blog roll and I love the beauty of your site. Have a great weekend!


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива