Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Archive for the ‘Раскази’ Category

Кај Папата

… Каде живее овој мудар батка си се прашав и тргнав на пат да збирам мудрост и скромност од лице место. Стасав како стасав и го замолив да бидам гостин кај него дома. Ме прими. Воодушевен од мојата истрајна голгота низ лавиринтите на себеспознавањето и жедта за мудрост, рече дека дека секогаш издвојува време за  [ Read More ]

Возот

Одев. Не, возот одеше, а јас се враќав од една дешавка која да бидам искрен не ги задоволи моите очекувања. Видов едно чупе-две, но таа што вредеше да се има беше толку чиста во себе што попусто… Е сега, јак беше предизвикот, но некогаш мора да се одолее, не за друго, туку да се биде  [ Read More ]

Ало…

Ало, влада? Ќе ве молам министерот за труд и социјална политика. Во ред, ќе почекам. Тиру-риру, тиру-риру… Ало Мешков, абе ќе ти велев да повелиш на торта… да, одкарши собранието во паркот, знаеш, јубилеј ни е денес, па тоа…? Аха, аха, добро бе не се лути одма  мајку му, од каде да знам дека си  [ Read More ]

Маскарада

Во аголот счучурено молчи една душа и туѓи акорди слуша (пушти). Во аголот спроти мене счучурено молчи уште една душа… и таа туѓи акорди слуша. (пушти). Држат по еден инструмент во скутовите и по една маска – го освојуваат просторот. Просторот е личен. Не од лична природа, туку е личен од убавина. Имаше и еден  [ Read More ]

Таа

Ги проколнуваше точно 172те скали, лифтот по обичај не работеше. Здивот го стегаше во левиот крајник, а погледот му заглави на нејзиното лево голо колено кое ја запираше црвената врата на фризираниот  „Опел – Тигра“ да го заврши неговиот копнеж. Во тишината се истури звукот на „Тиграта“ и тој остана забезекнат во своите (сега веќе)  [ Read More ]

Тангата и Џими Бамбуча т.е. Јас

Pointer: – 42о 39’ 13.23” N, 27о 42’ 52.76” E Јас и другар ми бевме во некој Бамбуча фазон и кај координативе од погоре  џускаме фанта егзотик со кирилична поддршка, но помалку шамарчина кркаме него батките од рекламата. Така осмелени и распиштолени шараме туристички. Околу нас распекмезени и чоколадирани телца кулираат опашани со врвки –  [ Read More ]

Покрај огнот

Коледе. Покрај огнот седум-осум души и една вистинска прикаска. Раскажувачот, 75 годишен човек: – „Таа зима – ‘50 година имаше снег метар и половина. Ние бевме тројца студенти од Прилеп во Скопје. Бевме сместени во стан кај (ми го кажа името, но не го запамтив) најпознатиот градски пајтонџија. Не знам што му се случи на  [ Read More ]

Баба Спасија во Чуму

Слушам денеска во Чуму ќе гостувал премиерот и една тајфа загрижени душе-грижници и издишани од грижи  добро-мирници. Ќе разглабале минати сто и кусур дена владавина и ќе гледале (следствено на досегашниот минат стоденски труд) во кристална топка. Прво за прво се думав да појдам и да ја распуцам топката кристална за да не гледаат пругоре  [ Read More ]

Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива