Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Archive for the ‘Поезија’ Category

Везилка

Везилка Везилке, кажи како да се роди проста и строга македонска песна од ова срце што со себе води разговор ноќен во тревога бесна? – Два конца парај од срцето, драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави таги, другиот копнеж и светол и стрвен. Па со нив вези еднолична низа, песна од  [ Read More ]

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Каде се Боите?

Каде се боите? -праша. Каде е родот? -замолчи времето. Каде сум јас? – плачев по себе. Умреа боите за да се родам  Јас! Рече Тој. Потврдив Јас Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели Tweet

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Жеден сум

Еднаш плачев за да се оплакнам од светов солзи немав плачев за солзите сила  секна стегнав срце да капни напон сетив во очите од солзите секнати можеби беше сега или уште е‘ но зошто солзи нема каде горе  одам по солзите одам за да плачам за себе или светов и плачев  со солзи еднаш или  [ Read More ]

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Нешто лично

Овде нема ништо лично Блогот го зеде моментот на идентификација РИБАРО надвладеа со мојата иницијација Овде нема заменска именка за реставрација Се‘ е една глаголизирана сегрегација Овде почнува  да боли од манипулација Се сторив линк за банализација Без трунка инспирација Се‘ е спирализирано Овде се‘ е лично а лик нема Ви се допаѓа? Споделете го  [ Read More ]

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

МОЛЕЦ

А кога ќе ги испразниш џебовите бараќи некој денар по празните агли ја раскинуваш кутијата за цигари да не случајно се залепила некоја цигара на ѕидот од кутијата Душата ти личи на не најдениот денар или цигара, а сепак ти смрди на сиромаштија и чад Очите те болат од својот одраз а си принуден да  [ Read More ]

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Првото писмо на првиот збор

(необјавена песна) Нема збор без своја слика. Ако сликата не ти го каже зборот, Ако гласно не ти го прочита, Како ќе ја видиш сликата И како ќе му поверуваш на зборот? Зборот без слика не се гледа, Сликата без збор не се раскажува. Тие секаде одат заедно Како една безвремена светлина што постојано нè   [ Read More ]

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива