Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Born different

Деновиве бев посматрач на многу жустри полемики кои воглавно се водеа кај Сатаниел и Femgerila. Темата беше вечна: хомосексуалност, хомосексуалци, хомофобија, потекло и ти реков ми рече муабети. Врзано за таа дискусија на блогот Веб сајт на денот наидов на многу интересна страница за тоа: кога и што ја определува сексуалната ориентација.

- Сајт ко сајт – помислив. Ќе го отворам , ќе видам некоја безвезе фотка или 3657 пати слушната теорија за предрасудите и њања-њања педерастични лигавици и ќе си се убедам дека буљашите се опасна категорија која тенденциозно се етаблира во сите пори на опшеството (мејнстримот е одамна нивно поле)… или пак, ќе почни да ми кажува некој окалко (со две леви за волеј шут и анемична фаца небаре од лопата му избегал на Столе гробаро утрово) некоја бабина деветина дека педерашите се нормални и то. Арно ама, ај си реков и така е тапа денов пред понеделнички да видам шо слатки че јадат.

Кликам на тоа линкот и… опа бато!
Во флеш анимирана варијанта едно куче наместо да лае, мука. Не мука по скопски, ами мука бе – муууууууууу…

Уредникот на рубриката „Веб сајт на денот“, забегал со изборов овај пат – констатирав.
Следам понатаму во флешот и во сета опуштеност се појави едно прашање што ме здрви, абе буквално ме стаписа мме:

When did you choose
to be straight?

… Ако не ви беше ова доволна провокација, ич не го кликајте сајтот, но ако ве интересира да се запознаете со:

… и уште повеќе, е тогаш оди на Born Different.

Ај со здравје нека ни е… или Ај на здравје!

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

6 Responses so far.

  1. admin says:

    #
    dr. Max напиша:

    Јако! Кога си избрал да бидеш хетеро? Ги испозбуни сите што изјавиле дека хомосексуалноста се бира. Smiling Па навистина е така, јас не бирав да бидам хетеро, јас СУМ хетеро. Така е најверојатно и кај хомосексуалците…
    12 Март, 2007 – 05:17 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Докторе, ги забележа ли луѓето кои ги анкетираа како реагираа на поставеното прашање: Кога си избрал да бидеш хетеро?… забезекнати останаа
    12 Март, 2007 – 13:47 | избриши | одговори)

    #
    seelenluft напиша:

    Па да ти кажам и јас би останала забезекната. Има ли некој што размислувал кога одбрал да биде хетеро, па згора на се и да си одговори… `па да, на 2 и пол години… Smiling
    12 Март, 2007 – 18:50 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    Да Рибару, тоа всушност и го кажав. Многу итро и паметно прашање, секоја им чест! Просто не знаеја што да одговорат..
    12 Март, 2007 – 18:57 | избриши | одговори)

    #
    dark Lord напиша:

    Све док не покажат веродостојни информации за хомоси меѓу животни, јас си стојам на моето! А Wikipedia не е достоен извор!!!

    Ццц, најголема глупост која ја чув беше дека сите ние сме биле педери, али ради општеството сме се преобратувале у хетеро! АПСУРД!!!
    12 Март, 2007 – 19:27 | избриши | одговори)

    #
    iacovibus напиша:

    Тhough ми е излишно да влегувам во вакви дискусии, ама нека биде. А бе шо е битно дали некој е хомо, хетеро, би или трисексуалец? Важно е шо луѓето се сакаат… сеа, слушам на пример Фреди Меркјури или читам Оскар Вајлд, а истовремено се бунам против геј популацијава… некако ми е лејм. Сум видел геј парови шо се илјада пати посреќни од некои стрејт.

    Дали постои меѓу животни? Да, постои. Еве, и National geographic пишуе за тоа, а и Seed има интересна геј-анимал статија. Сакаш и експлицитна слика? Еве ти.

    Ја ги прифаќам, на ист начин како што сакам и мене да ме прифатат како хетеросексуалец. И секако не поради тоа што животните го прават тоа (мислам, не ми е репер за природно нешто што постои кај животните – има случаи каде животните си ги јадат младенчињата, па за мене тоа не е рпиродно)… едноставно, ги прифаќам и толку.
    12 Март, 2007 – 22:02 | избриши | одговори)

    #
    Покојни Тоза напиша:

    „Доокази, докази мени требају, да се вуцараш с другима!!“ (с) Џуро во „Како је пропао рок енд рол“ 12 Март, 2007 – 22:33 | избриши | одговори)

    #
    pomni напиша:

    Едноставно кажано: Нека е човек! Сé друго е приватна и небитна работа. 12 Март, 2007 – 22:47 | избриши | одговори)

    #
    OGI SINKO напиша:

    Еде само од двапати. 13 Март, 2007 – 01:14 | избриши | одговори)

    #
    vesna007 напиша:

    Добро провокативно прашање, поставено од искомплексирана личност која најверојатно себеси сака да си докаже дека хомосексуланоста е баш нешто природно. (добро е што неговите/нејзините родители не биле тоа, па се појавил/појавила на овој свет). Хетеросексуланоста не се бира, таа е природна состојба дарена од природата. Но навистина хомосексуалноста како да е изборен предмет. (Според мене тоа се БИРА, како одговор на неспособноста на справување со реалниот свет и реалните проблеми.) Можеби грешам, можеби не, но мислам дека знам што е природно а што не е. 13 Март, 2007 – 23:49 | избриши | одговори)

  2. thetetoo says:

    Жално е што е ова темата, но шо да’с прае, тоа е реалата!?!…на западот, Балканот му беше многу суров, машки и храбар, мораат, ама мораат да го спуштат за едно две три илјади проценти подолу во кукавицлукот, ете од таму се дрогите, педерастијата и сл….хммм за животните?!?…да постои педерастијата, кај мачките кога мачорите ги вјаваат машките мачиња, се со цел да им наметнат авторитет, се случува и кај нерезите во депото за колење, кај јунците исто во депото, и таму осеќајќи ја блискоста на смртта, рипаат едни врз други со цел да покажат демек надмоќ, се се, ама женки животни нема случај на педерастија-лезбијство!…е толку за животните, ама овие болеснициве, кому надмоќ им покажуваат и демек тие се нормални а хетеро-то единки биле пациенти!?!?!…со овај факт стига и доказот дека постои девијација што во односот кон животот, кон реалата, што кон смислата на животот, ним сексот им е уживанција во пенисот или цмарот на партнерот, а впрочем природата со тој тракт се размножува!!!…сега за нив ова е илузија, ама шо да се прави, психијатријата е крива што ги испушти од рака…ПРЕДЛОГ: кинески начин за лечење зависности, на клупа со четири или пет каиши па ко пес надвор нека реви, ако е за живеење ќе преживее, ако е за умирање, ајт у ПМ, посекако од него и пред врзувањето оџак нечадел, само аусплух, наместо за издувни гасови, им служи за складирање пендреци, полициска држава нема шо…тешко нив, треба да се лечат, за греота се, па се дрзнуваат нас за пациенти да не земат…еххх Господе, Господе каде си да го репризирас Содома и Гомора!?!

    • ribaro says:

      Thetetoo, a како ќе одговориш на прашањето: Кога Ти одлучи да бидеш стрејт? Толку се изначитав нонсенси што не знам од каде да почнам да ти реплицирам. И молим те, кажи ми еден случај, кога медицината успеала од хомосексуалец да направи хетеросексуалец?

  3. Деновиве прочитав една занимлива исповед – Принцот Чарлс (не, не е принцот Чарминг) изјавува дека отсекогаш бил Геј! Ништо ново!Ј ас уствари знаев дека е тоа, уште кога ја „ќари“ Дајана. Кога ја рокнаа, знаев дека е геј на најстрашното место – У Душа!


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива