Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

ASN pls.

Се оградувам да не навредам некого уште на почеток, но болката ми е голема и поголема од сите алтруистички идеологии кои ги недрам во душа ми.
Имено…
Ми потече левото јајце.
Како, што…?
Еве:
Ова е коментарот на ASN оставен во постот на фемгерила Уривање на пирамидата:

…е textbook пример за симулакрум. И не само тоа, дебилната инклузивност ја прави оваа “позиција на моќ” пародична у права смисла. Јебала нас синергија. Далеку сме од топ-даун Закон, “омнисциентниот” систем не може сопствениот гз да си го види, а не па да биде авторитет кој треба да се лоцира…

А, Лила и Каролина ти се Батлеровски травестити… Све е тоа спектакл, игра. Нема Закон, нема ефемерност што Ганди би ја критикувал. Деколтето на Лила не е подложно на никаков мета-јазик кој ќе ја петрифицира глупоста во ситнобуржоаска митологема. Пред се, затоа што транзитивниот јазик на деколтето е однапред поништен низ карикатуризирањето на Законот….

ASN || 19 Мај, 2007 – 20:24 | одговори
blog it
Откако го прочитав еднаш и уште еднаш и уште… си реков во себе и скриено:
– Да си ебам матер мора да е во право ASN!
Но, за секој случај го измолкнав Вујаклија од долапот и зедов да листам… Листам од симулакрум, па се до митологема и редум цели 1025 страници срања.
Си држам така едно темпо во листањето и папам гомца – Вујаклија, коментарот на ASN… коментарот, Вујаклија и…
Опа па, тирли ти ти…, си ја потврдив дилемата, во право е ASN!
Сега зедов, го исчитав коментарот уште еднаш целосно – без задршка и задоволен од мојата перфидна проникливост решив да се скрстам и да починам на отоманчето.Станав од столот, но неможам целосно да се исправам. Ме болат јајцата  –  ми натечиле!
– Мора да е од  мајчин Вујаклија, го сетив како ми тежеше во скутот додека листав.
Не бев сигурен во тоа и не сакав безпредметно да обвинувам.
Ја зедов кујнската вага да го мерам лексиконот во тежина.
Вагата е ограничена до еден килограм, а овој тежи многу повеќе.

– Ма пизда му материн – помислив, но не изустив.

Го зедов дигитронот и матемаички се обидов да ја решам мадеболкава, поточно ме интересираше причината и интензитетот. Ги споредив отокот од мадево‘‘ во дијаметар со силата на гравитацијата, а претходно  решив да го поставам како константа моментот на поставување на лексиконот во скутот поделен со ирационалниот Пи.
Резултатот кој го добив ни од блиску не беше со моите очекувања.

– И тоа преку куров! – помислив, но не изустив.

Јајцата се уште ме болеа, а левото дури и загрижувачки.

Сакав да се држам за правото на избор на јазик на секој и да не го обвинувам ни ASN ни Вујаклија, но некако раката ми одеше накај левото јајце и решив да не се држам за правото на јазик, туку за левото јајце, зашто додека си го држев болката ми стивнуваше.

Не приметив кога нежно ме совладал сонот – мора да беше од убоста на топлината која ја недрев меѓу нозете.
Се подразбудив и се штрекнав

Во полу сон и нерасонет, колку и да се обидував не можев да си ја решам дилемата, па затоа упорно решив да си ги повторувам: симулакрум, инклузивност, синергија, омнисциентниот, Батлеровски травестити, ефемерност, петрифицира, митологема… и така непрестано, за да не случајно ги заборавам и го отечам и десниот ташак во друга прилика.

ASN pls. поштедиме!

Се извинувам што не сум Муграш и што немам поетски јазик за да ја доловам мојата мадеболка за да ме разберете, но тука е секогаш моќта на јазикот, топлината на усните и дудлачката ни нарација за да ја разјасни дилемата… Изборот е слободен.

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    Jakov напиша:

    А мадеболка го има кај Вујаклијата или допрва ќе го внесат?
    Smiling
    22 Мај, 2007 – 14:40 | избриши | одговори)

    #
    Spartak напиша:

    И покрај перфидната проникливост, за секој случај стај си малку ладна вода во тврда агрегатна состојба за да се подсмири отоко на мадето.
    22 Мај, 2007 – 14:56 | избриши | одговори)

    #
    seelenluft напиша:

    А бе кој ти е крив ко пресметуваш по грешна формула Smiling
    Не само што си делел со дијаметар, а треба со радиус, а уште побитно : маде-отекувањето НЕ е во линерна зависност со тежата на Вуајаклија, туку расне по геометриска прогресија.
    22 Мај, 2007 – 14:58 | избриши | одговори)

    #
    Џаман напиша:

    Ептен си добар во овој стил! Цицкарникот на Лила опишан со пола Вујаклија несомнено дека може да потече јајца. 22 Мај, 2007 – 15:02 | избриши | одговори)

    #
    Амидон напиша:

    многу неозбилно..
    Вујаклија..
    па онаа..
    wikipedia(серија(л))..
    види овде..
    http://www.notam02.no/~hcholm/altlang/ht/Macedonian.html
    не драпај мадиња..
    користи МК Производи..
    http://www.recnik.org
    22 Мај, 2007 – 15:07 | избриши | одговори)

    #
    Џаман напиша:

    Да не бидам погрешно разбран. I get the point. Навистина ме расположи твоето писание. Нема иронија, навистина ме бендисува овој стил.

    А забелешките за јазикот, небитни се тука и сега.
    22 Мај, 2007 – 15:48 | избриши | одговори)

    #
    Струмјан напиша:

    До петок да не си смеел ништо да читаш ниту пак да креваш тешки работи! Сакаме на конференцијата да те видиме жив и здрав.
    Мојот дом
    22 Мај, 2007 – 16:46 | избриши | одговори)

    #
    Lavot напиша:

    Поздрав пријателе, цинцилаторниот проблем на гуруистичкото курфакторизирање кои емпрофицираат невмантигивни еуфемизми изнедрени од графимастичката еуронвијалност и мене ме потштрекнуваат, ме подбрцнуваат по бигфатмилново место да се компиризирам, да се мадеотекувизирам и себепосланувам на круцијалниот ингруимален створ наречен во јазикот на едни ништожници – КРЕВЕТ.
    Така што можат само да го дудлизираат таквите експерти, може монолошки – може поактуелно и дијалошки, како што тие преферираат нели овај како беше нали да.
    22 Мај, 2007 – 18:49 | избриши | одговори)

    #
    ХулаХопа напиша:

    хахаха …

    она
    22 Мај, 2007 – 20:31 | избриши | одговори)

    #
    frustrislava напиша:

    честитам, рибар! Smiling
    (не за јајцето, де, за текстот) Smiling
    само едно техничко прашање – абе друштво, никој од вас не го користи лексиконот на Ширилова?
    22 Мај, 2007 – 20:35 | избриши | одговори)

    #
    oksimoron напиша:

    Smiling Smiling Smiling Smiling Smiling

    Пази кога читаш, опасно е понекогаш Eye-wink
    22 Мај, 2007 – 20:38 | избриши | одговори)

    #
    КIМI напиша:

    ЗАКОН,пост.
    БРАВО!
    22 Мај, 2007 – 21:56 | избриши | одговори)

    #
    dark Lord напиша:

    Баце, тоа ASN-то сега преку метасилогизам ќе ти докаже дека оп-трт-танана, сам си си го барал, јеботе!

    Ма остај магарињата нек се магарчат, не мора да им го слушаш и анализираш рикањето Smiling
    22 Мај, 2007 – 22:01 | избриши | одговори)

    #
    ASN напиша:

    хехехе, I get that a lot… И тоа не само поради јазикот…
    22 Мај, 2007 – 22:03 | избриши | одговори)

    #
    виолетова напиша:

    се изнасмеав, бе!
    браво за коментарот на коментарот Smiling)))))))))))
    22 Мај, 2007 – 22:06 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    ASN, јас ова чисто од мака си пишав 🙂 22 Мај, 2007 – 22:51 | избриши | измени | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Одговор на сите претходни коментари:

    Јаков, го нема и ќе побарам авторски права.

    Спартак, доцна е бато, но нека е здраво и живо десново и тоа брка работа иако сега текмаде.

    Sellenluft, крив ми е Трпе наставникот по математика во осмо што даваше само примери со крави, баби, жаби, а не со мадиња.

    Амидон, фала братми за линковите и се каам верувај.

    Џам, разбрано е друже и фала ти,
    …а за јазикот: битно е овде и сега и секогаш, ако сакаме да се разбереме а не да се паламудиме и куропецаме. Преку десното ми здраво маде ми е од…

    Струмјан, примено на знање, ама тешко некако тоа

    Лавот, истиот муабет и јас му го кажав, ама кога не рабира…

    ХулаХопа… Smiling

    Фрустрислава, а која тежина е тој лексикон за да видам дали ми се исплаќа или не Eye-wink

    Окси, знам и тато ми кажа Smiling

    Кими, фала

    Дарк Лорд, абе не се р‘чка тој сој сас мене. Не му е познат теренот и капацитетот. Верувај знам га њега, сум ги имал превише досега (попјма неам од кај ми излезе кумановскиов Smiling

    ASN, абе ти кажав тебе и вчера дека сум ти лут за болкава Smiling

    Виолетова, мило ми е шо те насмеав и продолжи да ми се смееш на маките Smiling

    Рибаро, аман бе само се жалиш, за едно маде револуција крена
    23 Мај, 2007 – 11:59 | избриши | одговори)

    #
    røxy напиша:

    пбппчууууууфф…Рибаро. абеај.
    не да си ми досаден, ја чак ќе добијам мадиња од твоиве блог постови ! Eye-wink

    еве ја кога го читам АСН најнормално го читам без да приметам таа некоја терминологија..
    а тебе , бууууу у очи тоа ти падна и хоп се стрча да напишеш збордва за тоа

    уф

    да читаше редовно филозофија, психологија , книги или студии или публикации поврзани со тоа.. и те како таа некоја терминологија ќе ти беше фамилијарна. Ако пак и италијанско ,француско говорно подрачје ти е познато ехеее..уште помалку мадето ќе отекуваше.

    значи, ако отидеш на блог каде што се збори за линукс, опенсорс, хтмл, кодирање, софтвер за истите, c++, PHP, CGI, .. а врска немаш информатика , ќе ти биде се’ страно ??ќе ти биде.
    или ја кога ќе отидам кај лавчето кај што се збори за фудбал.. де фаул од десна страна, де 16стерац.. де офсајд, ..

    така и ова. туку , само да се обесуело и барало р’чка без потреба..
    ми иде еве сеа да ти го нукирам блогот ! Eye-wink)
    24 Мај, 2007 – 02:26 | избриши | одговори)

    #
    Сатаниел напиша:

    “да читаше редовно филозофија, психологија , книги или студии или публикации поврзани со тоа.. и те како таа некоја терминологија ќе ти беше фамилијарна.”
    Ова Роска од што ептен ја чита наведената стручна литература во WC, па знае дека зборот familiar се преведува во јазокот на Македонската наобразована интелигенција како „фамилијарна„. То бе Рокси, само вака да си се разбирате со АСН, а ние отстрана со подзинати усти. Оти не разбираме.
    24 Мај, 2007 – 08:43 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Роксан бе, абе ти ептен си загреота. Па нели гледаш дека во посочениот пост и коментар за што се расправа? Таму ASN ги опишува цицките на Лила и должината на нозете на Каролина со јазик како што се брани докторска дисертација на Јеил во раните ‘60 од областа „астро-психологија“ и истовремено ги сленгува.
    … И не ми е целта да се р‘чкам со ASN туку другарски да укажам на некои лингвистички залетувања.
    А тебе драга моја која имаш проблем со сите, а уствари немаш со сите туку со… незнам како те погоди тоа. Од твојот досегашен труд никаде не видов дека си посебно психо-филозофски надарена?

    Абе Роксан – раскошна убавице моја, оставиме мене прос рибар да си лаам. Шо ти ја знам психологија таму нешо странЦко јабанџиско. Незнам како може да се замараш со мене, а јас од јадицата подалеку не разбира?

    Пс. На блогот на ASN знам што да очекувам и мене ми е сосем ок тоа. .. да не сум погрешно разбран од некој еднонасочен слепец како тебе.
    24 Мај, 2007 – 13:47 | избриши | одговори)

    #
    røxy напиша:

    за греота сум не велам не… Smiling си признавам..

    гледам за што се расправа во посочениот пост.. ама баш преку таа терминологија што ја користи има двојно или ако сакаш посложено значење отколку да го тоа објасни со обични зборови. Јас така го доживувам а ти го доживуваш како претенциозност. Ах, тоа ти е.. Eye-wink тоа ми беше зборот

    сатаниел,
    дај не ме рчкај , јас сум од дијаспората , одам со каро по стрито, нормално е кај мене да има број неточности и евентуално форсирани англицизми.
    затоа учи ме , карај ме, и ќе ми се оправи литературниот јазик . Smiling
    24 Мај, 2007 – 15:15 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Абе Роксан, ако ти стегнам сега се по список ама на латински, ти откровение ќе почувствуваш а? Smiling
    24 Мај, 2007 – 18:52 | избриши | одговори)

    #
    ЛУДА ГЛАВА напиша:

    ЦАР СИ! Ова е мноооооооогу добро Smiling Smiling Smiling Smiling
    19 Јули, 2007 – 21:25 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива