Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

за блог пост

Вчера (06.05. 2015 г.) бев горд на моите сограѓани.

Вчера во Прилеп имаше Протест против полициската бруталност. Кај Ѕидот, се собравме околу 1000 луѓе, потестиравме мирно и достоинствено. Протестите против полициска бруталност имаат континуитет од без малку 4 години, се иницирани од семејството на Мартин Нешкоски, кој беше убиен од лице на должност од полициските структури, а полицијата се обиде убиството да го прикрие. Повиците (како и сега) се ширеа преку социјалните мрежи. Протестите не подлежат на партиски агенди, ами имаат една и единствена агенда – Стоп за полициска бруталност. Паролите кои се извикуваа беа со повици за оставки и командна одговорност на тие што се обидоа да го заташкаат убиството на Мартин и против употребата на прекумерна сила од страна на полицијата.

Она што ја прелеа чашата за да се случи протестот во Прилеп, беше кукавичката (чекаа да се стемни па после маваа) употреба на прекумерна сила од страна на полицијата на протестот што се случи во Скопје претходниот ден. Остануваат многу работи што треба да се корегираат во наредните протести и не смеат да поминат друг пат. Многу работи треба да се анализираат. И мене ми пречеа скандирањата „Педери…“, ми прeчеа и некои други скандирања. Протест пред полициската станица беше тоа што требаше (иако искрено јас замислував да си останеме кај Ѕидот и тука да го искажеме нашиот револт), но не знам што баравме да демонстрираме и пред Општинската зграда, а бараме оставка од министерката за внатрешни работи и другите вмешани во обидот на заташкување? Веројатно тоа е цената кога протестот е спонтан, не организиран и има многу народ што е дополнително револтиран од тоа што го слуша во бомбите. Најважно ми е што немаше провокации и инциденти и што и покрај огромниот револт што е накалемен се’ помина мирно. Полицијата беше коректна.

Едно сакам да кажам – Јас протестите против полициска бруталност повеќе ги дишам, отколку што ги доживувам како партиципиент и, тука нема место и не правам компромис со никој!

Инсерт од прилепскиот Протест против полициска бруталност, одржан на 06.05. 2014-та година. #протестирам

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Став

Коментирај со Фејсбук:


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива