Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Тука ништи не е објективно, нема тука ни иновации, мудрости… Сè е измислено одамно. Овде, ова, е обид да се прецрта нацртаното, издума думаното, чуе слушнатото, види виденото низ паралелни огледала. Не за да се огледаме, туку да се видиме до каде сме и што уште не сме. А не сме многу што, верувајте. Копајќи низ тоа што уште не сум бил се судрувам со самиот себе.

Да, тука, на овој блог со амбиција за влог се чувствувам како РибарО – пецарош, ловец на својот улов, на сè што мислам дека ми припаѓа, а ми припаѓа сè! Никогаш зависен, секогаш недоречен и понекогаш суетен, во недостаток на амбиција ринкам во себе за да се насукам подлабоко во Вас, за да скокоткам, искрам, пецкам, море здраво да пенетрирам, онака УХ-АХ во ритам: Туп-Туп-Тупа-Тупа-Туп-Туп-Тап…

Па бујрум, на една чашка различно спакувана искреност.

контакт: Јане Ѓорѓиоски, e-mail: jane.gj (at) gmail.com

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива