Овде нема ништо лично Блогот го зеде моментот на идентификација РИБАРО надвладеа со мојата иницијација Овде нема заменска именка за реставрација Се‘ е една глаголизирана сегрегација Овде почнува да боли од манипулација Се сторив линк за банализација Без трунка инспирација Се‘ е спирализирано Овде се‘ е лично а лик нема
Archive for October, 2006
А кога ќе ги испразниш џебовите бараќи некој денар по празните агли ја раскинуваш кутијата за цигари да не случајно се залепила некоја цигара на ѕидот од кутијата Душата ти личи на не најдениот денар или цигара, а сепак ти смрди на сиромаштија и чад Очите те болат од својот одраз а си принуден да [ Read More ]
Ивица се изгубил во шумата на Скопските Времиња – јавува ТајЊух Си зел задача да ја најде Марица и да ја даде на Вештицата за да си се најде не облажен подалеку од шеќерната куќа. Тргнал по чоколадната патека, која уз пат ја преполовил од лакомштилак и завршил кај Ловџијата. Тој го пратил кај Волкот. [ Read More ]
Јануари (не ми текнува сеа датумот точно) 2005г. Концерт на REM, Белград – Сајмиште. Студи кочан, а и снеже прска од лутина. Во автобусот со кој тргнавме од Скопје идеше и еден од младиве владици (да не не сака да му го споменам името?) и шо знам, тоа ми даваше чувство на спокој?! …Хм… тоа [ Read More ]
Објективно разочаран од постот на еден од најетаблираните (незнам дали е правиот збор?) и за мене еден од најценетите блогери кај нас Развигор, дојдов (на мое огромно задоволство) до експресна демантирачка информација на неговата „несреќна“ констатација. За што станува збор: – Довчерашната Шведска министерка за трговија Maria Borelius, е сменета од функција. Заслугите за тоа [ Read More ]
постирано: (9 Октомври, 2006 – 05:26) Ме изнамачи текстот на ВББ дур го исчитав и излинкав вкрај и дури неко е-книже шо го беше кутричкиот препорачал, ми остана неисчитано, па ај си реков дур не сум издумал се и дур не ме подзеле и мене во машинеријана дебатска дркачка ем историска, да ви кажам на [ Read More ]
Од линк на линк, вјавнав валиспетот за да стасам до вистинскиот линк и… БААППП… глем катанец и над него лист?! Се пулам да видам колку кажува сато кај мене и гледам вели 11:05. Се пулам пак во вратата и… врата ко врата, затворена. Се налутив пес и сакав да ја акнам. Ај, си викам, шо [ Read More ]
(необјавена песна) Нема збор без своја слика. Ако сликата не ти го каже зборот, Ако гласно не ти го прочита, Како ќе ја видиш сликата И како ќе му поверуваш на зборот? Зборот без слика не се гледа, Сликата без збор не се раскажува. Тие секаде одат заедно Како една безвремена светлина што постојано нè [ Read More ]











