Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

ЈАС(ЛИ)

Комоцијата му ги диктираше неминовните природи.

Накиснат; абе каков накиснат – искиснат бев.

Заслепен; ма какви заслепен – слеп бе, ќорав – мрак.

Замислен; кој ти имаше време за мислење – давај лапачка ваму.

А тоа – што да ти кажувам: едно црево, провиснало и се стиснало и шиба ли шиба, што алкохолно-никотинести непроветрености, што разни смесесто недоречени сештости и што ли уште не.

А, малендав бев, јас.

Се бев или ништо, само глув не бев.

Еднаш наслушнав дека ме викаат Сутеф, а да не беше Тефус или така некако. Не е битно, битно е да течи од тоа  цревото, а да нî беше врвца … ма кој му ебе матер, што сакало било важно капеше, течеше, гргаше и се така си повторуваше.

А и сам бев, јас.

Не дека се бунам, ама сам си е сам.  Ми фалеше дијалог, од еднонасочни ми е “преку кур”, чекај, чекај да се испулам подолу, уфф,уф…- добро е, не било само фраза. Туку, немам сетено близина бе братче, жива душа не поминува.

Еднаш еден ќелав така наврати за миг, ѕирна и фит фиделија фати. Не дека го видов, ама го сетив. Како да имаше идено тука повеќе пати, се му беше познато, ич не се збуни од околината, е сега, дали пред мене бил овде задомен или колку за беља само праел влези – излези, незнам, ама сетив дека само што ме виде, ја спрашти. Зинав да викам, ама веќе беше предоцна, а и ништо од устава не излегуваше…

Де бе, зар и нем сум да му ебам  мајката! – заклучив безнадежен.

Многу е мачно се сам да си откриваш и ете  затоа не е убаво да си сам, а посебно, не јас. Видов невидов иако слеп, зедов и си молчев во мисливе, иако нем. Терав од тоа цревото и прчев курето којзнае уште колку време, се дури не и се нажали да ме пушти надвор, па и јас свет да чујам, а не само поблиска околина. Минаа така едно побааѓи темници и не само што и се нажали, туку вика корни со солзи и кара врни, по мене ли или не…- незнаев, ама ме разбуди.

Само шо кренав тоа главата, кога ме опна едно блескавило и таман си се изначудив ќефлисан на мојот опул за кој мислев дека го немам, ко ме зграпчи еден мајчин – море двајца беа, како со пипци  или  слично – не е битно, знам само дека не беа како ќелавиот и…-  молкнат ли молкнат.

Вака јас, за да се задржам се грабнав за тоа ѕидовите кај шо бев мижел којзнае колку и…- гребам, тие молкнат, јас гребам споасувам глава, а некој слушам плачи – јачи и се ми изгледа како да плачи од мене. Страв не страв престанав да гребам ама замижав, не дека се небев навикнал на светлото што ѕиркаше меѓу пипците па ми е страв да нé не го видам пак, туку од страв за животецов мижев.

Престана да јачи.

Ме измолкнаа!

Абре – дебре, дури ми текна…- ШТРАК нешто и ми го скина цревото.

- Шо прам сега без црево?!

Сета автентичност на мојата колку-толку кумулативна (тогашна) индентификација му ја должев на сега штракнатото црево, а сега наеднаш го немам, се снемав или се сменив, ми се раздени или ми се достемни…

Во мигот од хаос, знаев дека добивам а губам, знаев дека штракот е крај, а единствено не ми беше јасна неговата брзина, зашто мислев (незнам зошто, можеби заради мојата дотогашна лежерност)  дека големите нешта неидат стихијно. Немав време за анализа, па се препуштив на инстинктот: анимлен и краен, но и тој беше се предал завалијата.

Мојата немоќ иссилена со грч, крепаше…

Мрдав и грабав…

Цревото назад!

Овде студи, у пичку матер! – мислев да кажам, а од мене излегуваше само пискот, неартикулирано грозна врева, па така, сиот ќеиф што не сум ниту нем (од толку многу возбуди веќе ништо не ме изненади), а и за да не си се избудалам од сопствениот вик – престанав.

Престана Се.

По некое време фрлив опул и видов еден голем со коса, коса – косиште, како се ѕвери подзинато окезен во мене. Откако му се подиспулив (иако уште гледав наопаку, а и бои некако слабо распознавав) со малку фантазија ми заличи на ќелавиот.

Уште кога го сетив тогаш дури бев слеп, искиснат и нем, знаев дека и тој има замешано нешто, но си реков – Ајде бе, грд е овој, кај е да го пуштиш внатре за вистински…

Грд – негрд, тој бил и арно што бил, ако не бил, не ќе сум бил ни ЈАС… во ЈАСЛИ.

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Categories: Раскази

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    sashozs напиша:

    Вон контекст… А ба на гугл бараф „еднонасочни мотори“, а постоф 10-ти таргет. Ај рекоф да видам… Кликам ме носи на блог… „Еј?!“ си викам, „види ти, еднонасочни мотори на блог?“… Кликам понатаму, ми отвора кај тебе Smiling А бе… Се отепаф од смеење. Си викам, два дена кај рибарчево на блог не сум дошол, ама ко че треба Smiling И ништо, си исчитаф се` од почеток до крај… и сега

    ВО контекст: А бе на момент ми заличи… Како да завртам одоколу сега… Ништо, дирекно че те прашам. Извини вака, ама, да не те киднапирале вонземјани тебе последно време? Ко го читаф тој дело тие те влечели ти по ѕидој си се фајчал, си се држел… Не можеф да ја избијам сликата кај шо двајца вонземјани налик на октоподи те влеча, а ти грабаш по ѕидој, пробуваш да се спасиш… Или само ти си забегал, а јас бетер и од тебе?
    6 Декември, 2006 – 22:56 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Саше, ај тие „октоподите“ замислиги пластични ракавици од чичко гинеколог и препрочитај се‘ сетне Smiling
    7 Декември, 2006 – 04:56 | избриши | измени | одговори)

    #
    lucija напиша:

    Абе ти многу мачен си бил…ме насмеа убаво…интересна „стомачна“ перспектива…поздрав. 7 Декември, 2006 – 11:13 | избриши | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Тој грдиот после сфаќаш дека и не е толку грд, лош….
    И фин е некако…. нели? Smiling
    Многу супер објаснето…. да посака човек да биде пак внатре. Smiling
    СУПЕР си напишал!Супер!
    Имај убав ден! Smiling
    7 Декември, 2006 – 11:59 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Lucija, можи да е до позадината – дека црна:)
    Натка, види.. хм, зависи од која перспектива го гледаш или ај замисли вака… Убав како к**. Мене не ми пасува баш ова: убав како к**. Енивеј, секој со своето, нели Eye-wink
    7 Декември, 2006 – 15:25 | избриши | измени | одговори)

    #
    sashozs напиша:

    Убо си рекоф јас. Ти си забегал, а јас бетер… Рибарче, арно шо ме потсети. Јас со поезијата не сум скаран, ама ја немам посетено добри 10-ина години… Заборајф и компарации и персонификации и метафори и стилски фигури… Не морам и да го препрочитам, само шо го прочитаф твојоф коментар, цел филм во секундата ми се смени… Ај ом да видам шо врткам од поезија, да се потсетам малку, дури не сум заглупил уште појче Smiling
    7 Декември, 2006 – 21:49 | избриши | одговори)

    #
    sashozs напиша:

    Требало, не тревало, јас го препрочитаф. И само сакам да ти кажам дека нај јак впечаток од сево ова ми остај:
    „-Шо прам сега без црево?!“ – како на првото, така и на второто читање.
    А и она:
    „-Цревото назад… “ како беше? Многу одлично… (ако речам многу добро, че биди за четворка, а ова за над 5-ка) Smiling

    Поздраф.
    7 Декември, 2006 – 22:01 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Сашо, баш ме радува шо расказов те потсети за поезијата, , или како шо вели милата ми Лолита: прозна поезија ммммм
    8 Декември, 2006 – 13:33 | избриши | измени | одговори)


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива