Почитувани гледачи, започнува Лигата на Шампионите, која за воља на вистината не ни престанала некогаш. Но, пред рекламите…
Абе почна утакмицата да ви ебам тоа рекламите и најавните шпици, небаре не знајме кои се дриблачите, па морало најава. Ц ц ц… да се немало осет бе.
„Лукетми‘ Луке‘‘, Луке то Метрофиле‘‘‘, Метрофиле то Меѕикире‘‘‘‘, Меѕикире то Паоло‘‘‘‘‘, Паоло пуцка џато стативе, џато корнер…!“
Дриблинг. Да бе. Можеме да се пофалиме дека сме сублимат на ПелеБауер а нусот што резултирал од таа комбинација – МарадонКројфовиц…
Ма такви таленти ретко која земја раѓа, вистински виртуози сме ние. И како беше онај филмот за кој се крена галама – Шампионите од Шутка, е овие сигурно би биле Шутите Шампиони (понатаму во текстот „Ш Ш“). Толку вешто „Ш Ш“ се испраксирани во дриблањето, што фудбалер може вода да им носи. Ма овие домицилниве не пијат вода, тие тегнат виски. Господа се бе! И види сега чудо, од тоа ич не им се мати во глава, туку нам ни го матат, а ние им го клатиме. Уф… каква дисциплина – истренирани ни пласираат и каква умешност, ма просто да ти е ќеф да кажеш дека се наши:
Пандев, Пандев…! ма какви Пандев.
Грујо, Грујо…! Бранче, Бранче…!
Бре талентирана нација маме му ебем. И толку се кондиционо спремни „Ш Ш“ што не земаат здив ни на четвртини, полувреме, абе ни тајмаут не земаат. Е сега, има еден момент кога мора да сменат страни ради регуларност, но тоа е на секои 4 години и толку неосетно и исто го прават тоа, што ништо не ни менува, освен што се губи во континуитет. А ние? А ние си аплаудираме на спектаклот што нон-стоп ни се приредува и испекмезени не знаеме со што сме ја заслужиле таа среќа за во нашите редови да имаме вакви дриблачи.
Статистиката во моментот на судискиот тајм-аут ги дава следниве резултати по полувреме за посед на гласност:
28% за ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 8% на СДСМ.
27% за …ДПМНЕ, наспроти 13% на СДСМ.
Не е лошо, задоволни се и едните и другите, а и публиката разбира се (аплаудира). Утакмицата продолжува. Првите си дадоа автогол, а вторите во стилот на фер плеј си дадоа два. Ех каква колегијалност, ретко видена на другите терени.
Но, кога сме веќе кај другите екипи во светот – како играат тие и на што се пали публиката? Не од друго, туку се ближи Лигата на Шампионите, а нашите Ш Ш се толку силни и единствени што тешко дека ќе има победник за да го пратиме како претставник. Ма кој ги шиша, вон класа се и онака. Иако бојата на дресот се уште не ни е дефинирана, навивачката песна е позната и оди вака:
Ш Ш ШШШ ШШШШ ШШ…! Ш Ш ШШШ ШШШШ ШШ!….
Види сега какви кондициони подготовки имаат овие од свеЦкава лига: Прават проценка за тоа што и како дозволува нашиот капацитет да восприемаме:
* 10% од тоа што читаме.
* 20%од тоа што го слушаме.
* 30% од тоа што го гледаме.
* 50% од тоа што го гледаме и слушаме.
* 70% од тоа што го говориме.
* 90% од тоа што го говориме и правиме.
Абе губат гарант, бубалици глупи странЦки. Нашите „Ш Ш“ си молчат и си дриблаат, па нема што многу да се чита, чуе, види, а следствено нема и што да говориме ние или да правиме. Е добро де, понекогаш знаат и клизачи да влезат но никогаш намерно, секогаш на топка.
Шааампиони… тата та та та! …
Шааампиони.. тата та та та!…
Жено, давај пивото ете го во замрзнувачот… и цигарите подај ги, ете ги на работна маса.. и глас да не ти слушнам оти почнуваат…!
Уаааа… судија, да ти‘бам жената да т‘ибам!!!
‘Лукетми – Грујо
‘‘Луке – Рада
‘‘‘Метрофиле – Али
‘‘‘‘Меѕикире – Тачи
‘‘‘‘‘Паоло – Бранче













#
шуткар напиша:
Ќе ме натераш да си отварам блог жими све, не си нормален.
А и клипот ти е закон и наменски! 18 Ноември, 2007 – 04:24 | избриши | одговори)
#
ЛУДА ГЛАВА напиша:
колку да не се посомневаш во моето воспитание, да ти кажам: ка мене дома Ѕинго беше крив за се! Smiling Smiling Smiling Smiling
18 Ноември, 2007 – 12:12 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Шуткар, баш фино би било да си отвориш блогче.
ЛГ ма судијата е крив , да му имаб… Smiling
18 Ноември, 2007 – 14:50 | избриши | одговори)
#
jurak OT petrof напиша:
туку, кај сакав, шо..
како е рибаро?
и ова брате:
Жено, давај пивото ете го во замрзнувачот… и цигарите подај ги
тачка. Убо.
18 Ноември, 2007 – 15:32 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Јурак от, туркам лево десно.
Поздравн пријателе.
19 Ноември, 2007 – 15:29 | избриши | измени | одговори)
#
ЛУДА ГЛАВА напиша:
за судиите имаше едно: да даде господ жена ти со свирчето на техно да заглави Smiling Smiling Smiling Smiling
19 Ноември, 2007 – 17:24 | избриши | одговори)