Ноќта ја ловеше песната на штурецот, а тој ја повторуваше мојата приказна.
Да, таа беше во неговото повторување.
Песната е негово постоење, јас сум темницата во која пее.
Ми се стори како да диригира со потта на мојата немоќ.
Неговите потези беа залудно потрошена енергија за скротување на моите животни сокови.
Тие мијат
Се вријат
Се матат
МЕ ПАТАТ
Чудно?!
Зошто тогаш мислев дека сум …?
Зарем сакав да се раскинам во тело од душа?
Не, само ги врзував краевите од двете исконски нишки.
Што правеше тогаш потта?
Ги зачинуваше моите нерви или ја поткопуваше мојата безмилосна лага дека сум …? Како да не беше и таа сама со себе.
Ноќта беше поттна а штурецот ја раскажуваше нејзината приказна.
Јас се давев, а тој се смееше на мојата гурманска неумешност. Ми требаше стол на која ќе го поставам мојот специјалитет.
Столот остана празна, а толку многу сакав да се качам и да се изнапеам.
Штурецот ја раскажуваше својата приказна со истиот тон како што ноќта во пот ме гушеше мене.
Скриена во себеси ноќта ликуваше со подлост, зашто беше единствениот раскажувач.
Џграбав во празнотијата на мракот за да ја убијам, но се чини недоволно.
Го барав спасот како што впрочем го барам секогаш
- Се пулам кон ѕвездите. Единствено тие успеваат да ја победат ноќта.
Еј… а каде е штурецот?!
Енего педерчето, седнато нога на нога на месечината и лови… Лови месечари како мене.
Песната му била мамец
Јас сум бил пленот
Ја зело ноќта давајгазчето, за таа да му ги крие мачканиците.
Мислиси јас дека ноќта ми го пика, а тоа ти било гревчено вкачено на месечина и í го потпикнува и на ноќта и мене.
Се мислам:
- Како пичлеме многу фрлав камења и шо глај имам искршено само џумките ми се сведоци, ама ова сеа, некако далеку ми се виде.
Од друга-страна па, шо не го симни ноќтта, шо па јас да се ербапам…Колку таа ебана, толку јас, башка и… Па ноќ е, демек моќна е… И башка рамово ми е олцнато, ама не кажувам од шо.
Дур се думаме кој е поербап оооооооопс… Ја снема ноќта, ама месечината уште беше тука. Ги стеснав зениците да видам дали е уште штурецо тука, се џарам, се џарам, ама маде голо, ништо не се гледа. Го зедов Bushnell – о, ама и со него ништо, кинеска работа… и тие че ми праеле двогледи, ко неможи едно штурче да се види на месечина и то денски… Туриму куро на двогледо. Ај за Кинезите, другпат на широко, туку штурецов… Чекај, чекај… Го нема бе, ништо не се слуша. Зар од Bushnell – он се исплаши или дур гледав со него ме има видено и му се иам видено со големи очи како негојте и му се има нажалено шо ме дупеше цела ноќ а сме ти биле сродни… Ако не по друго, туку на лик сме биле исти. Го заебав штурчето или тоа така сакаше, незнам, ама сетне ме нема задрено.
Двогледот не го бев извадил од очи се до прееска. Го носам и дење и нојче, едино шо ми смета е тоа шо наблиску не глеам, ама зато тука сте Вие да ме водите наблиску, а ја че ве водам надалеку.
Уше ова да го признам и нетрујам појче:
- Многу ме страв од штурецо. Не дека е страшен на сурат, ами многу кажува мајчинио, многу раскажува, ама не вака ко јас, туку кодоши бе пиздаму мтерин негова, ко да има малце овоземни кодоши па уше и на месечина се вкачил. Јас спасив газ, а вие купувајте Bushnell – и од кинеско производство, оти че го ебите чошо.
После че ми кажи некој - Кинезиве го заебаа свето…
Го заебаа жими стапов.
Свето ги заеба лозарите од Тиквешијата, а тие ги истераа штурците од лозјата за да не заебат нас.
Ајдееееее, сега лозариве криви испаднаа..!
Криви, жими стапов.
Крив е Ило Бибило шо го чуваше игралиштето од Џупски Пролетер. Уште на поројџај сестрите ја заебале работата во повивањето или докторот кога го вадел го олцнал… Е зато е крив Ило Бибило, а не дека го чувал игралиштето.
Абе некој ни го пика… нé ебе!
Кинезите?
Свето?
Штурецот?
Или Јас ве ебам на здрав мозок
Проштавајте.
В ум ми остана:
- Зошто ме потеше ноќта?
Можи и таа си имаше некоја мака.
Ај, не í се лутам.
Туку шо мајка барав на балкон во 3 сабајле?
Ај, че го прашам сонцето.
(Велат, месечарите не се сеќаваат на случките… тогаш, од каде излезе ова сега?… А?)













#
sting EYE напиша:
Аууу…Рибарски
Јак ти е постот
Абе и мене ме еби некој штурец три вечери со ред
Свири корни
Не можам да го фатам
м..е му е..м штурско
24 Август, 2006 – 02:31 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Fala Sting.А за твојо штурец, ако не си олцнат ко мене…згнетиму еден камен в чело, зашо после че се накотат 24 Август, 2006 – 02:40 | избриши | одговори)
#
мув напиша:
Рибар….наздравје рибата…
24 Август, 2006 – 02:47 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
хм.. ајде фала, да речам 24 Август, 2006 – 02:53 | избриши | одговори)
#
LOLITA напиша:
Какво добро Ноктурно. Пусто штурче ковало заговор на хоризонтот за луда авантура, колега месечар, срцето го послушало, но се вмешал умот, расипувачот на забави, па си заборавил кај си тргнал:) 24 Август, 2006 – 13:15 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
кај се видело ловецот плен да биди.Не ја измесечарив јас прикаскава, галиба таа ме ловела мене, а штурецот само го фрлил мамецот…
24 Август, 2006 – 15:32 | избриши | измени | одговори)
#
cica maca напиша:
мув, ти изгледа не си го прочитал постот, само слики си гледал Smiling
24 Август, 2006 – 20:19 | избриши | одговори)
#
Fljambur напиша:
Море рибар,ако не ти мава ноќе на жив мамец–штурец,смени на вештачки(грдо пајче, шајче,васер,)ама дење на сонцина. 24 Август, 2006 – 21:41 | избриши | одговори)
#
Челикчомак напиша:
Бо 3 сабајле на балкун со двоглед враце? Остај штурецо, тутку шо ќе помислат комшиите?? 24 Август, 2006 – 21:58 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Fqmburg,не сум спретен брат со шајчина и васир, се ми паѓа од раце, туку муабето друг ми беше: мене чтурецо ме лови, се си ебало мајката поготово после полноќ Smiling
Челик.. кај мене в маало се стемнува пред да ми се раздени така да се е наопаку, па и да ме виде некој че сипомислил дека тоа ми се очите од ненаспан…
Добро бе чита некој шо сум напишал или колку да се кажело нешто…
25 Август, 2006 – 02:29 | избриши | одговори)
#
sting EYE напиша:
Штурецо е заебана зверетина
Пази да не те навлечи на нешто друго
Опасно е ако се во тајфа
ПИЈАЧКА СТАВААТ ВО ДРОГАТА
25 Август, 2006 – 02:33 | избриши | одговори)
#
Fljambur напиша:
Аааа ами така кажи дека и читане требало,јас па си реков само ебање в мозок без опрема… 25 Август, 2006 – 02:37 | избриши | одговори)
#
ЧеликМесечаро напиша:
Абе багји си кажа ти рибар а само едно сличе… 25 Август, 2006 – 02:45 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Стинг, Фљамбург.. ми се напика батки то штурецо в мозок и ме еба корни…па ај си реков да споделам малку за да ми биди полесно…то ми беше муабето, а не да нападнам некого 25 Август, 2006 – 02:46 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
челик, гледам си го сменил презимето, те замисли сликчено, ако е само едно? Eye-wink
25 Август, 2006 – 02:51 | избриши | измени | одговори)
#
Fljambur напиша:
ОК фишерман,абе секој со својот инсект фчереп си патува горе долу по светов,кој штурец кој бумбар а богами некој и со кондор 25 Август, 2006 – 02:51 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
вечерва се подув од ставање крв во пивото, ај да видам шо сон че ватам Smiling
25 Август, 2006 – 02:53 | избриши | одговори)
#
Челикчомак напиша:
абе то ми е муабето – нешчо че вати нешчо че эамини… 25 Август, 2006 – 02:59 | избриши | одговори)
#
Челикчомак напиша:
Иначе посто супер дупер! 25 Август, 2006 – 03:04 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
челик, дај покажисе со блог, па да видам шо пилци те мачат и тебе а не вака скријан 25 Август, 2006 – 03:04 | избриши | одговори)
#
Челикчомак напиша:
Зирни на http://baschel.blogspot.com/ ама слабо акција некако се эабајати мерако последно. Туа интересно ми стана 25 Август, 2006 – 03:12 | избриши | одговори)
#
Челикчомак напиша:
Гостинче демек 25 Август, 2006 – 03:16 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
челик, исти ноќни пилци не мачеле ама други форми сме му давале..Влад од крв не можам да го одделам, ама вулканецон шо си го сторил фашист ич не ми иди некако?
25 Август, 2006 – 03:26 | избриши | одговори)
#
Челикчомак напиша:
Да бе брате тие се пилците да ги ебам. Али споко така се појавил во некоја епиэода – ко го видоф мораф негде да го вмотнам. 25 Август, 2006 – 03:40 | избриши | одговори)