Не знам дали некој има пишано, но нејсе за тие што не чуле:
Ако се згоди да си на лице место кога се запалила од комшијата (со кој си скаран) куќата или ако го начекате Каролинчето како влегува во кола а притоа носи минич до п*ч и слични екстра позитивни а богами и негативни ситуации… штракај со мобилката или со дигиталниот!
Зошто?

Ова е местото каде што вашите фотки од мобилен телефон и/или од дигитален апарат можете да ги уновчите. Еден од главните услови е фотографијата да не е претходно објавена во јавност и да биде интересна, односно ексклузивна. Оваа web страна ги понудува вашите фотки на магазини, списанија, весници и слично, односно посредува за продавање на вашата фотографија. За таа своја услуга (нормално) си наплатува провизија која е процентуална и капиталистички „фер“. Што значи, со посредникот (scoopt) делите „фифти-фифти“ од заработката
Видов нешто и за посредство при продажба и на блог текстови, видео клипчиња, ама видете си сами, да не излези лага.
Еве ви линк: www.scoopt.com
Па, кој знае можеби на некој ќе му се угоде?!?













#
КIМI напиша:
lele ако го биде ова од тие фифти – фифти пола на тебе ти давам!мислам од моите фифти! 15 Декември, 2006 – 23:11 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Кими те држам за збор, пази, имам нешто влашко и еврејско во мене Eye-wink
15 Декември, 2006 – 23:13 | избриши | измени | одговори)
#
nasty 69 напиша:
А на кој начин се извршува трансферот на парите?
15 Декември, 2006 – 23:26 | избриши | одговори)
#
КIМI напиша:
е да а пари како? 15 Декември, 2006 – 23:36 | избриши | одговори)
#
Lorin напиша:
Јас тогаш да не го оставам дома апаратов кога се движам негде. Никогаш не се знае што се можам да видам.
15 Декември, 2006 – 23:45 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Шо знам, не сум стасан до тука, ама детални податоци оставаш при регистрација.. 15 Декември, 2006 – 23:45 | избриши | измени | одговори)
#
RIBARO напиша:
Лорин јас би ја пратил фоткана со мечето и камионот. Сериозно, уствари не знам дали ќе помини бидеќи е објавена на блог, ама вреди да пробаш… Аман молимте, гледај патот прво а после бркај кадри
15 Декември, 2006 – 23:49 | избриши | измени | одговори)
#
кибицер напиша:
Кажи бе Рибар што фотка си пратил Smiling Кое рипче си го уловил со апаратот Smiling Имај срце, па дај и ние да видиме Smiling Каролина, а? Или Елена Петреска?
Од секогаш си ми бил сумљив Smiling
Поздрав.
кибицер
16 Декември, 2006 – 01:13 | избриши | одговори)
#
Vinetu напиша:
Абе Рибар…
Шо не си клајш бе батка еден блог на блогспот па и од Адсенс да си вадиш по некое париче…
Јас на сме-на-шака една 256 РАМ извадов…
И ај сега жена ми нека ми писни да не си го опрам компјутеро?
Многу културно…
http://zaebancija.blogspot.com/
16 Декември, 2006 – 01:21 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Кибиц, колку во мисла да не ти е, глупа фотка пратив како за проба, а тие другите шо ги имаш видено само ти и уште некој, ги чувам за финале Eye-wink
Винету, абе те читав уште пред месец и кусур на bloger.mk, ама не разбрав баш, шо е и како. Ај по маил кажи..
16 Декември, 2006 – 01:40 | избриши | измени | одговори)
#
darko156 напиша:
еднаш
уште еднаш
Еве обидете се и кај овој другиов сервис, во меѓувреме гарант се појавиле уште некои.
komunikacii
16 Декември, 2006 – 14:18 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Дарко, требаше да претпоставам дека ти имаш пишано за ова… и тоа два пати, ама ајде, важно освежив
17 Декември, 2006 – 21:44 | избриши | одговори)
#
Бунка напиша:
Имам слика од блогер кој се нервира…
Во моментот кога сака да кликне ЗАЧУВАЈ, снемува струја…
Колку вреди една таква слика?
17 Декември, 2006 – 23:52 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Бунка, да знаев колку вреди ќе ја пратев мојата
18 Декември, 2006 – 00:28 | избриши | измени | одговори)