Дај една… море тури уште една пичкаму материн, зашто:
„Алкохолните пијалоци во Македонија во иднина ќе може да се купуваат само во лиценцирани продавници и тоа во периодот од 06-19 часот во денот… – ги удри Ивица тапаните на трезнење“
И откако ни ја исцицаа крвта, надежта, ни ги потспремија патичината за по бродови, шанкови, перални и нафтени палуби, ни ги опијанија со квази-патриотизам и ксенофобија и оние малку сини клетк…
Нема повеќе седенки во темници по паркови и тегнење пивце или кавадарка со гитарче – музиче.
Нема!
Не дава бате Грујо, нè штити од самите нас да се пијанчиме по улици до црни-полноќи. Не, има да пиете денски – до 19.00 часот, а потоа сите во театар и библиотека, па зошто ќе печатам тони томови мамлази едни и пијандури – вели дргачками Боцевски. Има да се знае кога се пие, а кога културно се издига бре во овааа држава еднаш за секогаш, за сè си има време! Вие крвопијци и уништувачи на младината и бистриот ум и здравиот разум, има да платите по 5000 ден. за да си го исчистите гревот пред Груја бога.
А, што не мавнете и една тотална прохибиција бе Ивица, дај предложи таму, па и онака на вашите закоравени верници им е забрането да консумираат ѓаволска водичка, а нас ум/е/рените и агностиците оставете не да си ја испиеме тагата – секој според можностите и секому според потребите?
Идете сега луѓе, јас честам со еден поодминат пост за истава прилика:
- Дете, свири бе, свири сеќавања! – викаше толпата.
- Џони бато, тури еден џин, море дупли напрај го, па да почнам.
Ја заменив тастатурава со пианото од Бил, а усната хармоника со звукот на кулерот и го добивам комплетно истиот резултат – ги свирев сеќавањата по нарачка. Понекогаш се прашувам зошто иам потреба да повторувам некого, да извртам, а во основа поентата е таа? Еби му мајката, кога се‘ е кажано, мора некој и да повторува, впрочем, толпата го бараат тоа, не е само до мене.
Лајв шоуто одеше во зачадена атмосфера со лајт мотиви од направени гревови, а главниот пиано мен сум јас, се разбира. Додека мижам од мака, некоја еуфорија ме тера да кршам прсти – море растурам соживеан со и во амбиентот.
Се идентификував со Бил, седнат од повисоко и мрчам на типкиве од тастатурата небаре ме боли кур за нешто. Можеби вие ќе ме препознаете во шанкерот Џон или во цицлестата келнерка, или во Пол, Дејвид, ама јас си сум Бил… а?
Дур праев дим пауза си мислев: – кого лажиш бе?, но немав време да навлезам повеќе, ритамот си ги тркалаше работите следствено.
Секој момент чекав да ме исфрлат за партали надвор, а тие, напротив – фрчат ли фрчат со нарачки… Препознаа дека се идентификувам со нив инаку го јадев стапот 100%.
Една иста песна порачуваа и пееја сите со мене заедно, само гласовите беа различни:
ЛА-ла-ла Ли-ли Ла…
Пејте луѓе, пијте, оти секако е се‘ заминато… Ла-ла-ла Ли-ли Ла… у пизду материн!!!
Ла-ла-ла Ли-ли Ла…













#
Vrgood напиша:
Значи мора да ги копираат у се` Словенците! Smiling
Овде таков закон одамна постои, ама овде сите се алкоси.
Од 10 до 21. Smiling
Инаку многу смешно е да можеш да пиеш од 6 сабајле а да неможеш после 19. Smiling
Така да портирите се згрижени, пошто они не идат у театар Smiling
П.С.
После ќе забранат и ракија да се прави. Ама ко што викаа бугарите: не прашуј, нема да знаеш Smiling
П.П.С.
И до кога бе! Почнаа да ставаат по 19 цигариња у пакла, за 2 години по 10. Добро шо си виткам.
28 Февруари, 2008 – 19:48 | избриши | одговори)
#
femgerila напиша:
абе Рибар не ме штрецај од кај сеа ова?
28 Февруари, 2008 – 20:09 | избриши | одговори)
#
femgerila напиша:
ауу видов линкот…ќе тепам еј. Ај да организираме протест! Eye-wink хит е сеа.
28 Февруари, 2008 – 20:09 | избриши | одговори)
#
røxy напиша:
и за ова еден референдум и ајт!! да ги видам дал ќе донесуваат вакви закони ако се праша народо
28 Февруари, 2008 – 20:28 | избриши | одговори)
#
виолетова напиша:
дефинитивен доказ дека едно 100 години тапкаме зад Америка
28 Февруари, 2008 – 20:38 | избриши | одговори)
#
DULE VARVARINOT напиша:
Отпрво се изнасмеав ама сега се замисливДА НЕ ГО ПЛАНИРААТ И ВИНОТО ВО АЛКОХОЛ? А?
Ако е така да спремеме уше една демонстрација, верувам дека ќе се собереме 1 милион?
28 Февруари, 2008 – 20:58 | избриши | одговори)
#
oksimoron напиша:
Дај бе, не се паничите. Прочитајте уште еднаш пред да збеснувате со протестни идеи – забраната се однесува за КУПУВАЊЕ и ПРОДАВАЊЕ на алкохол од ПРОДАВНИЦИ, а не за точење во кафичи и ресторани, а најмалку за конзумирање (дома , у парк или било каде).
Значи, можете да си купите алкохол од продавница во периодот помеѓу 6-19 часот, и да си го пиете кога сакате (и после 19 часот, де). Забраната за купување на алкохол од ПРОДАВНИЦИ среде ноќ не е толку страшна, да ја погледнеме и позитивната страна – ќе не научат точно да пресметуваме и планираме колку ќе испиеме Smiling А пресметките и акционите планови не се школа за потценување. Ќе станеме одлични стратези Eye-wink Не како до сеа – се на дофат на рака у секое време. Затупуваме така луѓе! Без труд и мака нема наука Sticking out tongue Laughing out loud
28 Февруари, 2008 – 21:31 | избриши | одговори)
#
Бунка напиша:
Рибар, не се буни. Тоа ми е шанса да се претворам во македонски Ал Капоне. И Дилинџер ќе почне да се превртува во гробот од мака. Бони и Клајд ќе се венчаат, а Елиот Нес ќе го стрефи инфаркт. Smiling
28 Февруари, 2008 – 21:31 | избриши | одговори)
#
ЛУДА ГЛАВА напиша:
не е време за живели? Smiling Smiling Smiling Smiling
добро е што немам отварач за тапи, па се насобраа вина низ годините =)) Smiling Smiling Smiling Smiling
28 Февруари, 2008 – 23:30 | избриши | одговори)
#
Lavot напиша:
А бе Рибар, си ја утнал работава. Забраната за пиење на јавни места ја има веќе во закон (само како што гледаш нешто слабо се почитува).
Овој предлог закон за кој пишуваш ја ограничува продажбата. Инаку пак ќе си крцкаме навечер, немај гајле Eye-wink
28 Февруари, 2008 – 23:47 | избриши | одговори)
#
katika напиша:
Стално сум фасцинирана како партиските војници ја бранат секоја одлука на оваа влада….комунистине може вода да им носат, и тоа мислам на вистинските, оние од Втора светска војна и оние Титовите….и не зборам само за оваа одлука, и дали е ок или не, онака генерално констатирам….не дај боже да кажат-е ова не е добро, ова не е ок….толкава потреба од припадност и неиндивидуалност, чичко Фројд веројатно би имал објаснување за овие луѓе….мене тешко ми иде…. 29 Февруари, 2008 – 02:19 | избриши | одговори)
#
all_is_half напиша:
Ех времиња беа тоа кога Кавадарка 98 беше 34 денари. Кога од дома си влечкавме по пола литар ракија. Кога се пиеше по паркови. Весело, весело.
Ме плаши да не ни ја забранат и туршијата, па залихите ракија да останат неизмезени.
29 Февруари, 2008 – 09:50 | избриши | одговори)
#
Natka напиша:
Не дека сакам да бранам некој, ама можеби треба да се проба.
Можеби треба да ни текне, дека после 19 е време за нешто друго. Smiling Eye-wink Колку и да е смешен предлогот, не е нешто страшно лош.
Поздрав Smiling
29 Февруари, 2008 – 10:17 | избриши | одговори)
#
batadjango напиша:
А ќе се крши Законот ако се трупосаме од сабајле!?? Eye-wink Eye-wink
29 Февруари, 2008 – 10:43 | избриши | одговори)