Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

ТреЊерката

clipped from www.netpress.com.mk

Сведокот Елмази Јусуфи од скопското село Љуботен, кој денес дава исказ на судењето против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски во Хаг, и замерил на адвокатот Едина Рашидовиќ зошто го бранела поранешниот македонски министер за внатрешни работи, а е муслиманка

blog it

За тоа колку е во ред да се земе исказот на сведокот како веродостен не би сакал да навлегувам, но ако се земе фактот дека на  Јусуфи му е пресудна верската определба  на адвокатот на обвинетите тогаш заклучокот произлегува сам по себе.

Мене, како обичен гледач ме интересира друга димензија во случајов:

Се надевам дека нема да преоптеретам.
Тргнуваќи од чисто естетска природа кога се работи за сведоците повикани за случајот Бошковски и Тарчуловски, не можев да не обрнам внимание на еден мошне интересен визуелен ефект.
Погледнете ја облеката на господинот Елмази Јусуфи (вториот сведок на обвинителството):

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Тоа е спортско – секојдневна и најповеќе домашна варијанта на треЊерка купена во моднитe салони на Шутка за 400 денари комплет горна и долна, која оддава впечаток на сиромаштија, невиност, едноставност. Човекот во својата простодушност, блика од искреност и кој ви се молам би одолеал на таква тажна слика и би се посомневал во неговиот исказ?
Токму поради таквиот избор на моден сет на облека од негова страна(?) ми се јавуваат две дилеми:

1. Окупиран со својата егзестенционалност, тој – Елмази Јусуфи не ни можел да мисли на сопствениот изглед. Неговата тага é/била толку голема што кога ја добил поканата од обвинителството, на две-на три облекол тоа што му стои до креветот и тргнал во потрага на правдина за смртта на неговиот син.2. Намерно е така облечен човекот за да се добие токму впечатокот на селанец кој си го вади лебот на нива и не го интересира политика, а уште помалку сопствениот изглед.

Јас дилемата ја решив, а вие одлучете сами.
Како бре господо од обвинителството не ви е страм да се поигрувате со маките и тагата на тој човек. Го ништите неговиот личен дигнитет со гротеска, за да ја докажите или скриете вашата неспособност за аргументирано судење. Кого бе мислите дека ќе излажете… нас, се убедувате во сопствената лага, штракате и се ситите на циркусот за кој поголем дел на Балканот плати со крв.., А?
… Но, можеби и не треба да се чудам толку на вашата малциозност, ако се земе фактот со каков ношарлантен или поточно воајерски апетит ги следевте настаните во Македонија поврзани за 2001 година, а и на просторите на поранешна Југославија во целина. Што е за вас да преправите еден човек – да го обуете во невина жртва која можеби и навистина é?! Ништо бе, за вас (најблаго речено) тоа е дел од моментот што мора да помине во склоп на нормален работен ден. Мрско ми е да набројувам повеќе и да го симнувам уште повеќе нивото на комуникација, но зарем ви е потребено така да го маскирате и омаловажувате Елмази Јусуфи кога и самите знаете каков ќе биде исходот од судскиот процес.

Судењето е фарса, како и целиот фингиран конфликт од 2001 година, а вие господо обвинители не сте во можност ни да го прикриете тоа.

Да се разбереме, ова погоре се однесува за Судот во Хаг – неговата неспособност и апсурдност, а никако не сакам да навлегувам во тоа дали обвинетите се виновни или не за тоа што се теретат во обвинението.
Моето мислење за Љубе Бошковски и Тарчуловски не сум спремен да го кажам сега, или поточно, не сте  сеуште спремни да го слушнете.

Сепак преоптеретив, простете.

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Categories: Став

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    seelenluft напиша:

    А можат ли да му навлечат наивен, ожалостен поглед на лицето? Вака не е целосен ефектот!
    8 Мај, 2007 – 21:58 | избриши | одговори)

    #
    blazze напиша:

    ТАКА ТИ СЕ ОБЛЕКУВААТ СО ТОА ШТО ЌРЕ ИМ ПАДНЕ В РАКА . ВО 10 ОС ТРЕНЕРКИ , ВО 11 СО УНИФОРМИ , ВО 12 СО БЕЧВИ, САКАМ ПУКАМ САКАМ СЕ СОНЧАМ . БАТЕ ЉУБЕ ОЈДЕ ИМ СЕ ИЗМОЧА И ФАТИЈА ДА ПЛАЧАТ. ПИЊАУ ПИЊАУ. ТАА БАБАТА СВЕДОК ИЗГЛЕДА ЗАБОРАВИЛА ШТО ТРЕБА ДА КАЖУВА 8 Мај, 2007 – 22:29 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Рибар бе, се е јасно…
    8 Мај, 2007 – 22:33 | избриши | одговори)

    #
    кибицер напиша:

    Едина Рашидовиќ го растури. Го следев денешното вкрстено испрашување и утре очекувам судијата да го отповика сведочењето на Елмази Јусуфи т.е. да го изземе неговото сведочење.

    Дефинитивно Едина Рашидовиќ е мојот херој. Навистина не знам колкав и е хонорарот но истиот го заслужува до последното евро. За разлика од оној Апостоловски кој денес си даде автогол. Тешко на Јохан со ваков адвокат.

    Дефинитивно очекувам ослободителна пресуда.

    поздрав.
    8 Мај, 2007 – 23:37 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    … Јасно е курац. Допрва ќе ни се разматува како шо ќе оди судењето. 9 Мај, 2007 – 00:13 | избриши | измени | одговори)

    #
    Fljambur напиша:

    море луџе,сличево от погоре
    и ред други, веќе се спакирани и на низок старт
    чекаат да бидат објавени на ббц,ццн,тасе,факсо итн…
    исхододот е веќе познат?бреее -абе как так
    кибиц,едина е ок и ќе биди
    ама мене (пардон)тро црни думи ме нападват
    -холивуд,боливуд,хаговуд,маковуд…
    9 Мај, 2007 – 00:13 | избриши | одговори)

    #
    Амидон напиша:

    па некои баш тоа и сакаат..
    да ловат во матно..
    9 Мај, 2007 – 00:14 | избриши | одговори)

    #
    istok напиша:

    ќе кажам само едно,
    тешко на тие што се судат,
    и тешко на тие што дошле да сведочат.
    9 Мај, 2007 – 04:07 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    И јас сум сведок…. Работам у Доњи Пиздуковац што се вика Косово и еднаш, во мојата полициска станица, дојде едно човече од скоро 80 години, Србин (свакако!), кому што му направиле голема пиздарија. Човекот ниту имаше помислено да дојде во полициската станица (пешки, со поминати 12 км во еден правец!) без да го облече најубавото одело (она што го чува за погреб, за својот, да се разјасниме) и да се избричи, иако при последнава постапка се исекол ко свињи да колел! Секоја чест! Ја сфаќате ли културолошката и цивилизациска разлика, сега? (и јас сум св… 10 Мај, 2007 – 00:01 | избриши | одговори)

    пс: Коментарот е пишан по грешка на друг пост, па го префрлив.
    10 Мај, 2007 – 00:19 | избриши | измени | одговори)

    #
    И јас сум сведок напиша:

    Само би додал, по повод настаните кај нас во 2001, дека ги имам следено во живо, пренос благодарение на амерички Апачи хеликоптери, кои сосем случајно се беа затекнале над Македонија во тоа време! 10 Мај, 2007 – 00:49 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    „сосема случајно“ – велиш Smiling. А на ова судење ли си сведок?
    Ако одговорот е потврден, би било добро да искоментираш (после судењето се разбира) за твоите впечатоци. Убаво би било да добиеме не исфилувани информации.
    Поздрав
    10 Мај, 2007 – 03:04 | избриши | измени | одговори)


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива