Ѕвони некоја будала во ниедно време – легнал на ѕвонче гнасата. Срипав јас гајчешко разгурелавен и хронично ненаспан небаре Бенедикт Папски на гости го чекам.
Отворам.
Поштарот.
Мислев, ми стасало книжето што го порачав од Темплум уште пред два месеци , ама… стап.
Ми дава некој плик и ме замолува да се потпишам. Речено сторено. Да побараше и друго ќе направев само да си го продолжам сонот. Ја акнав вратата, го оставив пликото и се бапнав в кревет . Ми го еба сонот униформана, маме му ебам. Станав. Ме копкаше шо мајка има во ковертот. Не сум нашибал никого одамна – од таа страна рајат бев. На риби не сум бил од сношти, ама за тој лов не треба дозвола ами конекција. Ја отворив ковертата (шо викаше баба ми Цвета) и гледам пишува вака:
Решение
Се уважува барањето за остварување право за паричен надомест.
Лицето – „Јас“, по занимање администратор, остварува паричен надомест во траење од два месеци и седумнаесет дена почнуваќи од 15.11.2006год. до 01.02.2007. Висината на паричниот надомест изнесува – 3941ден. месечно….Потоа нешто бла-бла… , па следи:
Образложение
Агенцијата за вработување на Р.М.-Центар за Вработување….(бла-бла), поради утврден стечај му одобрува на лицето – „Јас“, право на надомест…(бла-бла)
Си седнав, загревојте.
Еби му мајката, стечан работник на 34год.
Дал да плачам или се смеам ништо не ми кажува… – си мимлав.
Заверглав патичината и правац на пазар. Кај Чако од тезга, купив далечински управувач и имав намера да и го подарам на жена ми за Нова година. Го разгледав убаво и заклучив дека тоа е тоа. Далечинското не беше за телевизор ами за ваков апарат како мене – кој е на товар на туѓи плеќи.
Нема друго, мора да пингам по наредба – помислив, го сместив во џеб далечинскиот и рикверц дома.
Во што филм влегов сега? – се скостив скот таков од метаросумдесет и печес, триесет и кусур летен, а изѕемнат од д‘рмосерлок и од немајкаде.
Ми текна на насловот од листот за стечајното решение, каде пишуваше:
„Агенцијата за вработување на Р.М.-Центар за Вработување.“
Кое бош име? – помислив. Ајде некој нека каже дека се има вработено преку оваа „агенција“, оти баш ме интересира до кога ќе ме тренира жена ми да пингам на даљинско?
… И маме му ебем на Чако, упатство за употреба не даде!
Замисли сега да не работи даљинското, абе со клоци ќе треба да ме спотеруваат.
Кај стечаец и на клоца кренат!
Од утре транспаретот в раце и правосмукалката на рамо.
пс: Да не знае некој колку пари се џогерине од Виледа?













#
RIBARO напиша:
… погледни ги командине на далечинското. 15 Декември, 2006 – 03:13 | избриши | измени | одговори)
#
istok напиша:
250 со се кофа Sticking out tongue
15 Декември, 2006 – 03:29 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Исток, гледам дека и кај тебе ќе треба да поминам со домаќинлук. Нешто евтино сакаш да ми шитнеш Eye-wink
15 Декември, 2006 – 03:43 | избриши | одговори)
#
Fljambur напиша:
мораш да го испробаш даљинското пред да го поклониш
бтерии дурасел ,евентуал енерџајзер
и шлем че ти требит
нешто нубо ми се чита на то даљинското
-има дугме за дишење на шкрги?
15 Декември, 2006 – 03:56 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Од сите команди онаа “boobs +/-”, најмногу ме теши, поготово ако мавне на „+“.
За дишењето на шгрги се изборив со компромис: че дишам со паузи
15 Декември, 2006 – 04:20 | избриши | одговори)
#
аква напиша:
блогерски кликови..
15 Декември, 2006 – 05:38 | избриши | одговори)
#
all_is_half напиша:
диши си пола, не го доземај здивот, а шири ги градите ко за цел здив и автоматски ги залажуваш. пробано, успева, еве јас така подолго време 15 Декември, 2006 – 08:40 | избриши | одговори)
#
ХулаХопа напиша:
..
ако глеаме така стечајот да не беше сеа немаше да купиш ни далечински ….
Smiling
..
одличен текст
15 Декември, 2006 – 09:33 | избриши | одговори)
#
Natka напиша:
Не знам што да ти кажам… Sad
Е што не правиме наши некои JVC-а, на македонски (или со свич на кирилица барем), ете ко у Југославија што имаше фирми за електроника/техника?! Sad А како ќе се вика тогаш PMS Stop и дали ќе има копче Stop Winging? Можеби ќе има копче Барам работа или Сиромаштија СТОП само за наш пазар? Пак ништо нема да направиме…ако сакаме да ги испродадеме. Мора изгледа само овие копчиња да се! Smiling
И тие од “Темплум”, аман што прават?! Smiling
Поздрав, имај убав ден! Smiling
15 Декември, 2006 – 10:40 | избриши | одговори)
#
Lucia напиша:
Се изнасмеав вака сабајлечки, иако и јас како стечајка лично сум засегната. Фали уште едно копче на даљинското: доброволно го предавам на ближнит свој(опционо- зависно какви ти се врските кај тој Чако!) 15 Декември, 2006 – 11:35 | избриши | одговори)
#
Џаман напиша:
А што да кажам …… мене одсекогаш ту мач технологија ми била баш ту_мач. И после некој вика дека тоа било машка работа, нешто како божем да ги личело мажите и машините да бидат заедно.
Ама изгледа ова е време на далечинските.
Ништо брат, кога веќе мора да си имаме далечинско, да гледаме барем да нема многу копчиња на него и да не се излижат копчињата. А многу е битно тој што стиска на гумбичите да знае што стиска, инаку маф е работата ако се штрака онака рандом.
мир брате
15 Декември, 2006 – 11:42 | избриши | одговори)
#
волан напиша:
Пошто со со доволно слободно време – појди кај некој да те научи троа масажа … и одреди едно дугме за масажа … подугме за масажа на табани … подугме масажа на глава … масажа на врат … кичма … масажа на …
Едно дугме остави за педикир и маникир …
Едно дугме за гледање на кафе …
Едно дугме за ….
Ко ке почне женати после да се фали за далечинското … и опциите за масажа … ке почнат комшиките да ти одат … и оп бизнис … Smiling
Поздрав … барам дел од ќарот за предлог за бизнис планот од тебе … а и од продавачот на даљински … кај кого ке почнат редови да стојат ..
15 Декември, 2006 – 13:02 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Ај со ред:
Аква, гони се у курац…
All is haf, немам заборавено дека те имам за честење (уште за пиво фест ветив дека ќе те спомнам во здравица ама заборавив), а сега за рецептов има причина плус…ако упали, ако не ме имаш на душа Eye-wink
Хулахопа друже ( фром нао енд форевр), прав си.
15 Декември, 2006 – 14:42 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Натка, не е трагично до толку, мачак из мај мидл нејм Smiling
Луција колега Eye-wink извини што ти поможив да се заебеш
Џам брату, само не залажуваат дека е машка рабоа, уствари сами си се залажувме, како впрочем за се Eye-wink
Волан, ова ќе оди со “гну“ лиценца, и делиме фифти-фифти Smiling. Ако се накотат комшивки за маникир и сл. масажи, како компензација за советот те викам на помош
15 Декември, 2006 – 15:12 | избриши | измени | одговори)
#
кибицер напиша:
Сега си штитеник на Агенцијата за вработување. Welcome To The Club.
Види таму на далечинското да не има некое копче „Blow up“. Ако има, насочи го токму во агенцијата чии што штитеници сме. И така стои само за украс.
Поздрав.
кибицер
15 Декември, 2006 – 15:42 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Кибиц, барем да се вика нешто како – Депо за невработени … Вака, кога ќе прочиташ – Агенција за вработување, чиниш некои акции превземаат за вработување, па агенти се растрчале по претпријатија и нудат квалификована работна сила и сл… Абе, да не е трагично смешно ќе беше. 15 Декември, 2006 – 17:42 | избриши | измени | одговори)
#
Beauty напиша:
Ми текна кое книгиче си мислел дека ти го носи поштарот. Smiling
А за џогерот, ќе се распрашам, па ќе ти кажам. Smiling
Е стварно ме изнасмеа! Smiling
Smiling
16 Декември, 2006 – 01:34 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Да бе Убавино, за „Парфеми“ се работи од Патрик Зискинд Smiling А за џогерот види таму имало две врсти, поскапата ми ја токмат, демек полесно било со неа… вика женами, ради лепо понашање Eye-wink
16 Декември, 2006 – 02:38 | избриши | измени | одговори)
#
darko156 напиша:
Ај види тука да не го најдеш копчето што ти треба Smiling
history of the button
16 Декември, 2006 – 18:05 | избриши | одговори)
#
Леонова напиша:
Да се живееше од блогов, ти Стечаецу убаво ќе живееше.
Ем си често тука, ем квалитетен си. Постов ти е закон. Smiling
А да им пишеше ти сеа едно писание во Агенцијата – дека си сменил струка – БЛОГЕР?! Eye-wink
17 Декември, 2006 – 00:34 | избриши | одговори)
#
OGI SINKO напиша:
Ебено братче, многу ебено.
Сега ке станеш и мајстор кувар.
Немој само да ги миеш садовите.
Ако веке и тоа го правиш, немој барем да пееш.
Што да ти кажам?
Ти го отпеале.
18 Декември, 2006 – 04:55 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Дарко, убаво е да се познава потеклото, ама тоа требаше порано да ме советуваш Eye-wink
Леон драга, јас убаво си живеам, само што сум танок сега трошка во џебот.
Оги, дури не ми го свирнат не се давам :0)
18 Декември, 2006 – 15:40 | избриши | одговори)
#
MAMA EMA напиша:
Рибаро, после дожд доаѓа сонце нели:)каде и да е, наскоро ќе те огрее 18 Декември, 2006 – 17:15 | избриши | одговори)
#
рибаро нел. напиша:
Мама Ема, прво снег чекам, а може комбинирано со сонце зошто да не
ти благодарам на добрите намери. 18 Декември, 2006 – 20:52 | избриши | одговори)