Првото писмо на првиот збор
(необјавена песна)
Нема збор без своја слика.
Ако сликата не ти го каже зборот,
Ако гласно не ти го прочита,
Како ќе ја видиш сликата
И како ќе му поверуваш на зборот?
Зборот без слика не се гледа,
Сликата без збор не се раскажува.
Тие секаде одат заедно
Како една безвремена светлина
што постојано нè грее,
Се троши
Но никогаш да се потроши
Петре М. Андреевски
(21.08.2006)
Великанот кој безвремено го пренесе минатото, сегашноста и иднината во едно и не напушти за да не не остави слепи. Ти благодарам ВЕЛИКАНУ и почивај во мир.
Пс: Јас нема да ставам слика на постот, секој нека си ја стави најомилената, најобмислената… својата, за да зборни за себе и за него.
Comments (1)















#
Natka напиша:
Се наежив.. многу убаво! Мајстор на зборот беше Андреевски. Се надевам ќе има достоен наследник…. Убав ден! Smiling
6 Октомври, 2006 – 09:13 | избриши | одговори)
#
nasmevka напиша:
Се прашувам што ако има слика ама не сакаме да ја опишеме ?тогаш веројатно таа ќе може без зборот? 6 Октомври, 2006 – 09:42 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
па веројатно може, ама не ќе е цела. Интригира прашањево морам да признаам. 6 Октомври, 2006 – 16:30 | избриши | измени | одговори)
#
LOLITA напиша:
Секогаш посебен, чувствителен нашиот небесен Рибар, прекрасен омаж. Слава му 6 Октомври, 2006 – 18:22 | избриши | одговори)