Назанините и Јас

Free Image Hosting at allyoucanupload.com

Назанин Фатех (Персиски: نازنین فاتحی) е девојка од Курдско потекло која пред две години (на 17 годишна возраст) беше осудена на смрт од Иранскиот суд. Назанин Фатехи во март 2005 година, го избодела до смрт еден од тројцата силувачи кои ја нападнале неа и нејзината 15 годишна внука во некое предградие на Техеран, а  на 3-ти јануари 2006, е осудена на смрт за убиство од Кривичниот Суд на Иранската Исламска Република . Оваа девојка  одлежа две години затвор, чекајќи ја егзекуцијата.
Од другата страна на светот пак, нејзината имењачка Назанин Афшин – Џам (نازنین افشین جم) – родена Иранка која живее во Канада – поранешна Мис на Канада и прва придружничка на  Мис на Светот, покренала кампања за ослободување на Назанин Фатехи. Со петицијата собрани се над 345 000 потписи кои им беа предадени на ОН и на Иранските власти. Конечно Иранскиот суд подлегнува под Меѓународниот притисок. Епилогот е: на 31 јануари 2007 година Назанин Фатех е ослободена под услов да плати $43 000 „крвави пари“на семејството на убиениот силувач, како данок за одземениот живот. И покрај тоа што Иран ја има потпишано Меѓународната повелба која забранува  егзекуција на  лица помали од 18 години, сепак, ја продолжува практиката на егзекуции на малолетни лица. Тука е крај на приказната.

Можеби ви е познато ова, но зошто е насловот на постот „Незанините и Јас“?

Додека гуглав на нет за да ги дознаам сите информации и се потпишав на многу петиции врзани за слични случки, се пронајдов како трчам по приказна. Да бе, како некое петпарачко чкрабоманче, кои на толку наврати сум го кудел, се препознав како еден од нив. Без разлика што чувствував огромен гнев додека ја читав потресната приказна за Назанин Фатех, без разлика што се воодушевував на Назанин – лепотицата и нејзината истрајност во борбата да спаси еден човечки живот, без разлика на моите потписи, без разлика… ЈАС СУМ ЛИЦЕМЕР!
Лицемер сум зашто откако го доистражив случајот, прво што ми дојде на ум беше следново:
- Дали да ја разработам приказната на Назанин на сајтот или овде на блогот…. На кои линкови да обрнам внимание за текот на сторијата да биди различен од другите известувачи? Дали да оди во процедурално, или во пост препорака…?
Каква малодушност, каква хипокризија драги мои, просто не ми се верува каков тек ми зеде мислата. Немам оправдување.
Ми треба помош, дефинитивно!

  • Share @ Ping.mk
Ти се допаѓа?

СПОДЕЛИ:

  • Twitter
  • Facebook
  • del.icio.us
  • Digg
  • Reddit
  • LinkedIn
  • Tumblr
  • email
  • Print

Comments (1)

 

  1. admin says:

    #
    Dozgulpmus напиша:

    Рибарче, дај бе олабави малку. И сам знаеш дека се’ е во ред, не? Работите би излегле од контрола кога ова “ЈАС СУМ ЛИЦЕМЕР!” би било дел од оние исти размислувања за “Дали да ја разработам приказната на Назанин на сајтот или овде на блогот…. На кои линкови да обрнам внимание за текот на сторијата да биди различен од другите известувачи? Дали да оди во процедурално, или во пост препорака…?” 22 Октомври, 2007 – 16:31 | избриши | одговори)

    #
    katika напиша:

    Па нема ништо страшно приказната да ја објавиш и на двете места…туку секогаш се вадам од памет колку исламот како религија е неправеден кон жените…..не дека другите се многу подобри, ама барем со текот на времето оставиле простор за манипулација, а со тоа и за извојување на многу права….во исламот тоа за жал не е можно:(….и поздрав за тебе за постов! 22 Октомври, 2007 – 16:40 | избриши | одговори)

    #
    лок нес напиша:

    да бе да доста тресеш зелени 22 Октомври, 2007 – 16:52 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Лицемерието е што јас размислував за себе (за личните потреби), наместо за големината на чинот од една и трагедијата на многу други кои ја делат судбината на Назанин од друга страна. 22 Октомври, 2007 – 16:52 | избриши | измени | одговори)

    #
    anaveno nelogiran напиша:

    текстот би бил поразличен кога би се влегло во суштината..
    навидум е лична приказна..
    подлабоко..
    Курдите се бели..и разделени помеѓу соседите..
    Иранците не..
    ни крвната освета во овој случај не е иста..
    да била Иранкa..
    друга приказна..
    22 Октомври, 2007 – 16:58 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Анавено, не ми беше целта да ја раскажам прикаската екслузивно. Таа е (никогаш) доволно експлоатирана годинава. 22 Октомври, 2007 – 17:12 | избриши | измени | одговори)

    #
    Дебелко напиша:

    ОК 22 Октомври, 2007 – 17:16 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ма не е ОК, да беше немаше да пишувам. 22 Октомври, 2007 – 17:49 | избриши | измени | одговори)

    #
    КIМI напиша:

    прво нема зашто да се обвинуваш себе си,не си направил ти никакво зло…..
    мене ме буни казнава што треба да ја плати силуваната страна за оштета…па таа нема роднини???
    мислам дека тој силувачот и фино што бил убиен од женска рака…ако го фателе :браќа,татко,маж …верувам полошо ке минел од убиство со нож…
    не ми се јасни муслиманските ,глава за глава закони…
    поздрав за постов!
    22 Октомври, 2007 – 17:53 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Кими, Назанин е слободна. Околу $32 000 се собрани он лајн, а остатокот го донирала парламентарката од Канада Belinda Stronach. 22 Октомври, 2007 – 18:00 | избриши | измени | одговори)

    #
    oksimoron напиша:

    Ма, не ти треба тебе помош. Баш рационално си размислувал. И добро е што си одлучил да пишеш и тука и таму. Eye-wink
    п.с. честито нов дизајн Smiling
    22 Октомври, 2007 – 19:10 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Окси, фала. Инаку Nasty_69 ја сврши работата околу навава фаца.
    23 Октомври, 2007 – 10:42 | избриши | измени | одговори)

    #
    Sinne напиша:

    Wow, Рибаро! Одличен дизајн! 23 Октомври, 2007 – 10:56 | избриши | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Најнелицемерно кажано, јас немаше да знам за ова, ТИ да не постираше…. Smiling
    24 Октомври, 2007 – 14:25 | избриши | одговори)

    #
    Емил Ниами напиша:

    Имаш три избора:
    1. Ќе ја истражуваш случката, колку да создадеш приказна и да им јаприближиш на другите.
    2. Активно ќе се вклучиш во борабата со ваквите појави.
    3. Ќе заборавиш на сé и ќе пишуваш за нешто друго.

    http://www.emilniami.blogspot.com
    24 Октомври, 2007 – 14:51 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Емил, беше на почеток точка 1 – покајанието мое.
    2. За активно да се вклучам треба да дадам жртви за кои искрено не сум спремен сега, а трето – па најверојатно тоа ќе биде. Барем не сум лицемер сега, ти благодарам.
    24 Октомври, 2007 – 15:35 | избриши | измени | одговори)

    #
    rus напиша:

    Навистина потресна приказна за “правдата ” во Иран. Брат, не е лицимерие човек да е погоден од неправдата која се случува во некој делови од светот. Поздрав 24 Октомври, 2007 – 17:36 | избриши | одговори)

Leave a Reply

Банери

baner e_marketing