Деновиве во посета на Македонија е невладината организација – Македонија 2025. Тоа е независна и неполитичка организација посветена да помага во зајакнување на економијата на Р. Македонија. Она што го прави овој проект посебен е различноста (по струки) на учесниците во истиот, односно, тој е составен од најуспешните Македонци претежно од дијаспората: Мајк Зафировски – Nortel, Џон Битов – Priszm, Лу Наумовски, Сузана Ничовски – Summer Fresh Salads, Др. Ченто Велјановски – Case Associates…
Овие и многу други умни батки ги здружуваат своите потенцијали за да помогнат на Македонија, а истовремено и повикуваат на сите кои се чувствуваат способни да им се придружат.
… Но, кој ми е мене рибарскиот муабет:
Обрнете внимание на домејнот и подомејнот на веб страната на Македонија 2025
(клик на сликата за поголема)
Се надевам дека домејнот на нивната веб страна: http://www.unrealideas.net/macedonia2025/ ненамерно е несреќно одбран, зашто ако се поврзе со слоганот на страната: Bilding a stronger nation се добива смешна и несериозна асоцијација
Technorati Tags: Macedonia, 2025, Македонија 2025














#
виолетова напиша:
хаха, а мислиш дека имаат некакви `реални` идеи? Smiling
верувам дека не е грешка Smiling
19 Август, 2007 – 20:05 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Вајолет, ма грешка сигурно не е, но ако не обрнуваат внимание на вакви ситници, тогаш сигурно се презафатени со важни проекти…
… барем така сакам да верувам Smiling
19 Август, 2007 – 20:12 | избриши | одговори)
#
Бунка напиша:
Мани, мани…тоа е силата која го води СЕКОЈ жив човек кој се наоѓа во слична поциција како овие кои ги наведе…
19 Август, 2007 – 20:26 | избриши | одговори)
#
zoriv напиша:
Сите гореспоменати сурати се јаки ајкули. Маркетингот им е дел од секојдневната работа. Не случајно е ставено unrealideas./Macedona 2025
Меѓутоа една песимистичка работа гледам. 2025. Бројов некако многу ми е голем, да беше бар 2011, 12….
Поздрав
З
19 Август, 2007 – 21:12 | избриши | одговори)
#
AlexOFMacedon напиша:
Џон Крокодилов ни треба дефинитивно. 19 Август, 2007 – 21:16 | избриши | одговори)
#
dark Lord напиша:
Ај… Smiling
Домејнот им е некоја задна скриена порака или…
19 Август, 2007 – 22:16 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Баш би сакал некој „релевантен“ да ми каже дали изборот на домејнот е случаен или има скриена порака… и зошто е тоа така. 20 Август, 2007 – 13:16 | избриши | одговори)
#
Чкаља напиша:
Браво што си го приметил ова. Хмм…сеа ќе се поставува прашањето дали е ова несреќна коинциденција или сака поетот нешто да каже….сепак, за мене е премногу симптоматично сето ова. И, да се согласувам, без Џон Крокодилов ништо не прават! 24 Август, 2007 – 15:14 | избриши | одговори)
Што бидна со оваа организација http://bit.ly/b3a1mA. (постот е од 2007) btw, страва домејн
RT: @ribaro: Што бидна со оваа организација http://bit.ly/b3a1mA. (постот е од 2007) btw, страва домејн