Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Ла-ла-ла Ли-ли Ла

Ла-ла-ла Ли-ли Ла…

- Дете, свири бе, свири сеќавања! – викаше толпата.
- Џони бато, тури еден џин, море дупли напрај го, па да почнам.

Ја заменив тастатурава со пианото од Бил, а усната хармоника со звукот на кулерот и го добивам комплетно истиот резултат – ги свирев сеќавањата по нарачка. Понекогаш се прашувам зошто иам потреба да повторувам некого, да извртам, а во основа поентата е таа? Еби му мајката, кога се‘ е кажано, мора некој и да повторува, впрочем, толпата го бараат тоа, не е само до мене.

Лајв шоуто одеше во зачадена атмосфера со лајт мотиви од направени гревови, а главниот пиано мен сум јас, се разбира. Додека мижам од мака, некоја еуфорија ме тера да кршам прсти – море растурам соживеан со и во амбиентот.

Се идентификував со Бил, седнат од повисоко и мрчам на типкиве од тастатурата небаре ме боли кур за нешто. Можеби вие ќе ме препознаете во шанкерот Џон или во цицлестата келнерка, или во Пол, Дејвид, ама јас си сум Бил… а?

Дур праев дим пауза си мислев: – кого лажиш бе?, но немав време да навлезам повеќе, ритамот си ги тркалаше работите следствено.
Секој момент чекав да ме исфрлат за партали надвор, а тие, напротив – фрчат ли фрчат со нарачки… Препознаа дека се идентификувам со нив инаку го јадев стапот 100%.
Една иста песна порачуваа и пееја сите со мене заедно, само гласовите беа различни:

ЛА-ла-ла Ли-ли Ла…

Пејте луѓе, пејте, оти секако е се‘ заминато… Ла-ла-ла Ли-ли Ла… у пизду материн!!!

Ла-ла-ла Ли-ли Ла…

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Categories: Колумни

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    LOLITA напиша:

    Ла ла ли, ла ла ла …

    Лоли те бакнува
    23 Март, 2007 – 17:07 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ех, Лоли те гушка, Лоли те бакнува, а јас ништо неам сетено ;) 23 Март, 2007 – 18:46 | избриши | одговори)

    #
    LOLITA напиша:

    Не ме предизвикувај небесен, Loli dares Smiling
    23 Март, 2007 – 18:48 | избриши | одговори)

    #
    Џаман напиша:

    Ептен ме погоди. У тачка.
    А таман мислев да пишувам нешто за Капетан Микула Мали, нешто слично како со твојот Бил. Нешто како тој спасува ранети партизани, а метци лете ли лете.
    И бидејќи кафанава ме понесе ми преостанува само да запеам

    ЛА-ла-ла Ли-ли Ла…
    23 Март, 2007 – 20:08 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Извини Џам немав намера да те геѓам Eye-wink, туку види меил да не ти стаса вчера нешто…
    23 Март, 2007 – 23:10 | избриши | одговори)

    #
    Opal напиша:

    Тури уште една, па нека си ебе мајката. 24 Март, 2007 – 02:35 | избриши | одговори)

    #
    seelenluft напиша:

    Се сеќавате кога ја прашаа Кралицата Мајка на 100- годишнината на нејзиниот роденден, на што се должи нејзиниот долг и квалитетен живот, дека му одговори на џин и тоник Smiling ?!?
    Бил, испеј ја уше еднаш плис ..Ла-ла-ла Ли-ли Ла…
    Имаш џин од мене на шанк Smiling
    24 Март, 2007 – 13:09 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Син ми, живели!
    Ла-ла-ла Ли-ли Ла… Seelenluft, чинам слатко должам, а ти бирај место и време за џинот Eye-wink
    24 Март, 2007 – 13:42 | избриши | измени | одговори)


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива