Илјада
Сакаш да ти напишам илјада стихови
а ни една песна
или бараш илјада песни без стих
можам и двете да ги римувам
но тогаш Ромул ќе е без Рем
… Рим ќе го пуши
а Ромео и Јулија ќе собираат печурки
на дното на Lago di Garda
поевтино ќе им е
ха ха ха… Газданов
смешката мисли Париз е полжав на Москва
ќе потрошам уште илјада зборови за пар чевли
тоа не значи дека ќе продадам нешто
значи дека 1к зборови отишле у пичку матер
и толку + некое гравче од недоџвакана Орбит
… можеби само два-три не римувани стиха
мислеле да бидат хаику
ги заебала должината
должината секогаш е
заебана семантика
Comments (3)















лудница.
и да земаш да потрошаш и другите 500 збора
шо ти остаа да напишеш песна шо и не мора
да биде песна. и стихови да нема
па редови да нема сеедно.
и сто пати јас после уште да дојдам или па
400
за секој збор уште по еднач
секој пат пред да отворам додека чекам таа
македонската конекција да ме донесе тука
веќе сам насмеан и подготвен
да прочитам уште едно ремек дело од песна шо не е песна со 1000 збора од кои песната
има 1000 аплауза…
thnx Potru!
za malku!!!