Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Илинден 2007

… И додека течеше оптимистичкиот говор на Грујо од Мечкин камен за просперитетна, економски стабилна Македонија, демократска држава каде слободата на граѓаните е приоритет, екипите на МТВ ја пренесуваа атмосферата и амбиентот.

Image Hosted by ImageShack.us
By ribaro at 2007-08-02

Кордонот од полицајци (еден до друг) никако не ми се вклопува во празничната сенародна веселба и во желбите на милиот ни премиер.

Друго.
Бил некој во Крушево да ми кажи работи ли некоја фабрика, од што живеат луѓето во Крушево или само за 2 – ри август ни текнува да го посетиме, да го направиме депонија и.. Ај ќе се видиме до година.
Не е ли тешко лицемерие од таму да се праќаат пораки за економски стабилна и „Европска“ Македонија?

Нека ни е за многу години Илинден!

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Categories: Став

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    Boxer напиша:

    Баре имат планини бе брат..според тебе, од кај е најпогодно да се испрати порака за економска преродба во МКД:)) Од Радовиш или Кавадарци сигурно не:)) 2 Август, 2007 – 14:12 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Илинден има сосема друго значење, па било што и да кажал Бранко или Никола. Има два-три дена во годината во кои едноставно НЕ СМЕЕ да се плука, не ради НИВ туку поради жртвите на минатото.
    2 Август, 2007 – 14:21 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Боксер, нека седнат и да работат а не работниот ден од фамозни 14 часа, 12 да користат за сликање.
    Бунка, да, но не со политичко пропагандни говори во кои оние поради кои е се чествува празникот се користат само како платформа за себе величење на сегашните, а не да му се оддаде достојна почит…
    И за Бранко и од Грујо, важи истото
    2 Август, 2007 – 14:30 | избриши | одговори)

    #
    виолетова напиша:

    Бев еднаш во Крушево на Илинден. Вечерта спроти 2-ри август, многу интересен напад врз градот имаа организирано крушевчани. Седиме во кафанка, вечераме, и наеднаш од покриви се пука, од уличките, од сегде… многу беше впечатливо Smiling
    2 Август, 2007 – 14:40 | избриши | одговори)

    #
    viksar напиша:

    вакви банални реченици кои пензионери ги кажуваат по анкети не очекував и од тебе. Што треба според тебе да се каже во говорот…..барем на празник малку повеќе оптимизам….И Буш и Путин и било кој на празник така зборат.А џандари мора да има…кога се справуваш со секакви говеда и корумпирани мафијаши мора да се пазиш. 2 Август, 2007 – 14:44 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    е да Вуолетова, тоа е вистински начин на одбележување, сето друго наредниот ден е парада политике и кича.
    За кордонот уште нешто:
    Сигурно кордонот полиција го штити Грујо од еуфоријата и прегратките на народот , зашо нели, рејтингот тоа го покажува.
    2 Август, 2007 – 14:45 | избриши | измени | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Виксар, искрено не очекував ни јас, но ептен во очи и мозок ме забоде политизацијата на најзначајниот Македонски национален празник.. и не само годинава тоа во континуитет се тера. 2 Август, 2007 – 14:48 | избриши | измени | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Рибаришче нејќам конфликти окулу политички определби или животни ставови, ова чисто како нормална пријателска расписка… Smiling

    И да, факт е дека сум благо наклонет кон десната политичка опција, но напоменувам БЛАГО….

    Што е политика?
    1. Добивање на поени кај потенцијалните гласачи.

    2. Начинините за таа цел се со кратковременски влијанија и со долговремени влијанија. Кратковремените-популистички се секаде присутни во светов.

    3. Факт 3(долговремено влијание), Груевски како водач на моменталнава извршна власт во овој момент покажа најголема храброст во справување со терминот СОМНИТЕЛЕН ЗА КРИМИНАЛ(за овие 15-16 години). Дали има некој друг премиер кој во јавноста истапил со таква смелост во индеректните апсења на сомнителните кои се ОГРОМНИ ГЛАВУШИ во општеството ни наше? А за грешките и утките му…минорни се во однос на на позитивностите кои ги донесе неговото владеење. Му покажа на обичниот човек дека никој не е недопирлив, тоа е најбитното му политичко делување.
    2 Август, 2007 – 14:51 | избриши | одговори)

    #
    Jakov напиша:

    Коридорот полицајци и мене не ми се вклопуваше во атмосферата. И има уште еден голем минус прославата. ВО публика дали имаше се на се 2-3 македонски знамиња.
    Пораките од некаде мора да се пратат. Сосотојбата која владее во Крушево владее низ цела Македонија, не дека во Ресен, Демир Хисар, Радовиш или Пехчево е поарно. А местото и денот се ОК да се испратат такви пораки, е сеа далиќе се успее во нивната реализација е друго.
    Груевски барем не зборуваше за обвинителствотот и тоа дека никој не сака да го слуша Претседателот кога бара заживување на судскиот совет, како што тоа го направи Црвенковски пред тоа во Пелинце.
    Сенс, бе луѓе!!!!
    2 Август, 2007 – 14:52 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Бункав бе, еве мене пак, убедувањево налево ме навалува и да се сите вака парламентарни како јас и ти кај ќе ни е крајот Smiling.
    Првиот и вториот факт, факат се точни… третиот е дискутабилен и не е за денешна расправа.
    Имаме различна перцепција за говорите и прославата на Илинден (макар што со твојот прв коментар се сложувам скроз), но тоа не значи дека не си ја сакаме државата исто. Е сега, кога тоа ќе го сватат политичариве наши е најбитното прашање.
    Јаков, ама ич не сакам да го амнестирам Бранета и неговиот говор, напротив.
    На Пелинце (кога веќе се одкажавме од П. Пчински) треба да се говори за Панко Брашнаров, за Ченто…, а не да се кодошат еден со друг Бране и Грујо. Исто и во Крушево: трба да се величи Карев, Питу… а не дека се апсел Петко, Бучко, Трајко…
    2 Август, 2007 – 15:10 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Рибаришче… Smiling мене говорите на политичарите воопшто НЕ МИ СЕ БИТНИ, битно ми е НИВНОТО ДЕЛУВАЊЕ. Самото тоа го повлекува следново: не ми е битно дали тој политичар кој со своето ДЕЛУВАЊЕ ги добил моите позитивни ЛИЧНИ отценки е лев или десен.

    И да пак да се повторам со една реалност која е барем малку блиска до идила: Му покажа на обичниот човек дека никој не е недопирлив, тоа е најбитното му политичко делување.
    2 Август, 2007 – 15:19 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Бункав, мене пак, ми смета кога еден поткачен прави од куп народ телиња и не можам да се помирам со тоа ич. Поради тие и партриски знамиња не одам на 2 – ри август во Крушево. Кој се бе тие да си го присвојуваат празникот за себе во зависност од тоа кој е на власт?! И ми смета тоа многу. Наместо да славиме со песни и ора… ние треба да се силиме на говорот од едниот или од другиот. Па за тоа бре има митинзи партиски, брифинзи, мифинзи, а не да се користи сенародниот празник. Како не им е бе страм да ни ја узурпираат веселбата.

    Замисли да не идат политичари во Крушево за 2-ри август и да се сретниме Ти-така благо деснак, и Јас -умерено левак и да удриме една општо народн пијанка наместо политичка. Па лево крилце и десно копанче за мезе и тоа..а, а?… а околу свежо ветре и лепршави блогерици на пр. ЛГ ни одржи еден говор од клиничка дешавка, а незнам Милозвучна час по архео-лепота на Македонија, Венера поетски…
    А?
    Не сум прав? Smiling
    И добро Јаков рече:
    - Треба да се има сенс!!
    2 Август, 2007 – 15:54 | избриши | одговори)

    #
    Бугарин напиша:

    Територията между Крива Паланка, Куманово, Скопие, Охрид, Битоля. Гевгелия, Пехчево и Делчево е БЪЛГАРСКА! ДА ЖИВЕЕ БЪЛГАРИЯ! 2 Август, 2007 – 16:23 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    бегал бе глупав бугарин и не страми цела нација така потпишан! 2 Август, 2007 – 16:33 | избриши | одговори)

    #
    Lavot напиша:

    Рибар, да те поздравам тебе, а и сите Македонци!

    Слобода или смрт!

    Крушевска република (видео)

    АСНОМ (видео)
    2 Август, 2007 – 17:06 | избриши | одговори)

    #
    atoris_b напиша:

    Ќе се одмота ли клобото?
    http://blog.com.mk/node/100727
    2 Август, 2007 – 23:55 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Лавот, ашколсум за муабетот. Да бидам искрен, помалку и не очекував од тебе. Поздрав – ГОЛЕМ!!
    Аторис, коментарот ти е класичен спам, а тоа е…
    3 Август, 2007 – 12:45 | избриши | одговори)

    #
    Мартин С. напиша:

    Честит Празник !!!

    Поздрав !!!
    3 Август, 2007 – 13:54 | избриши | одговори)

    #
    Boxer напиша:

    Рибарче братче, односно “партиските ВМРО-вски обележја”: нека не те бунат. Знам, БУНКА те збуни дополнително со неговото збунувачко објаснување:)) Дали жолтиот лав на црвена основа претставува партиски симбол или симбол на МАКЕДОНШТИНАТА? Според хералдиката, важи исклучиво ова второво, без право на приговор. Ај ела на ладна ракиичка и мезенце, па може да се дообјасниме во 4 очи за се што е наследно МАКЕДОНСКО обележје.:)) 3 Август, 2007 – 14:03 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Боксер пријателе, не ме буни мене ништо. Се‘ ми е јасно, освен тоа како е можно позади културно и национално обележје да се крие и да си ги присвојува истите една партија. Еве јас на пр. не сум симпатизер на ДПМНЕ, а сум ВМРО во душата како и секој Македонец. Многу има муабет во ова, вака низ коментарти може и погрешно да се разбереме…
    …Го прифаќам предизвикот со мезе ракииче да излезиме на мегдан во секое време Smiling
    Персеј, за на век да е!
    3 Август, 2007 – 16:11 | избриши | одговори)

    #
    Boxer напиша:

    Каде пишува дека се присвоени и ставени во служба на ДПМНЕ? Кој ќе ти брани да се препознаваш и во СРПОТ И ЧЕКАНОТ, РОЗАТА И ПЕТОКРАКАТА…да почнеме да рикаме сите здушно, да бараме од СДС да се откажат од ПЕТОКРАКАТА на нивните партиски обележја, затоа што тие не се единствени наследници на КОМУЊАРСТВОТО? Не се чуди, ова е глупаво брат, но е логично изведен заклучок од твоите размисли:) 3 Август, 2007 – 20:36 | избриши | одговори)

    #
    Киконе напиша:

    Сератору, нешто не ти е јасно. Рибаро убо ти кажа дека партиски знамиња на други партии досега не се вееле на прославата на Илинден во Крушево. Само на кого му објаснувам… 8 Август, 2007 – 15:09 | избриши | одговори)


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива