Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Идемо даље – Штафета

Photobucket - Video and Image Hosting

Тргна штафетата лејдис енд џентлмен и тоа овој пат тргна од далеку. Лорин ја почна и ми ја предаде палката, а јас таков маљкав и не обзирен, ами посесивен, за малку кај мене ќе си ја зачував…  Но ајде со задачата:

  1. Имав седум години. Беше лето-мојот прв училишен летен распуст. Во Скопје бев  на болница цел месец. Градска болница ми се чинеше дека е најголемото здание што некогаш го имам посетено, а и многу грдо. Операцијата изгледа беше тешка, но мене ми кажуваа дека не е ништо посебно, впрочем како што му се кажува на дете. Паметам: кога се разбудив од анестезијата над мене се наоѓаа многу ликови. Се исплашив. Беше како некоја сцена од SF филмови кога некој ќе биде грабнат од вонземјани и се разбудува на нивниот брод. Меѓу сенките барав само една – се викаше Билјана. Ја препознав и повторно заспав. Имаше седум години и ја направија операција пред мене. Додека и го менуваа системот ја држев за рака – често се држевме за рака со Билјана, мислам дека беше од Скопје. Ми ставија гипсена кацига на главата се‘ до под рамената. Неможеев сам да се хранам. Ми помагаше Билјана и ми беше тешко на главата. Татко ми и мајка ми плачеа скришно. Еден ден  (откако ми го ставија шлемот) дојде баба ми на посета. Имаше еден мал отвор на влезната врата (како шалтер) и таа ја подаде главата низ него и рече: – „ Детуле, Јане го познаваш, од Прилеп е, и така слабичок како тебе?“ Ја поткренав главата колку што можев, а можев многу малку, и реков: – „Бабо, јас сум, јас сум Јане!“ За првпат одкако бев дојден се расплакав, а плачеше и баба ми. Никогаш нема да ја заборавам Билјана иако мислам дека едвај разменивме неколку збора, но милион погледи и допири.
  2. Бев шесто оделение. Имаше некоја работна акција во училиште и сите носевме по некој алат. Јас носев мотика. задачата беше да се уреди училишниот двор, односно паркот околу. Наставниците одкако не распоредија се прибраа горе во канцелариите. Сите се зафатија за работа, а мене ми недостасувае внимание. Ја зедов мотиката и ископав (површински) една гигантска свастика, да речеме со пречник десет на десет. Одоздола не можеше да се запримти формата која ја направив, но одозгора – од канцелариите на наставниците, многу јасно беше што е. Испорипаа наставниците и се створи гужва. Во метежот никој не заприметил кој го направил кукастиот крст. Не затворија во училници. Помина директорката и разговараше со класните раководители. Одкако си замина класната (предаваше по македонски)  нè праша, ако знаеме кој го нацртал кукастот крст да кажеме и нема да има никакви последици. По мало двоумење – станав и признав. Наставничкта не можеше да се соземи од изненадување, зашто јас бев еден од најдобрите ученици, башка и литературна секција одев. За изненадување, реагираше многу брзо. Не замоли сите ова да е наша тајна и никој никогаш да не каже дека јас сум бил тој. Не ме праша зошто… знаеше дека сум дете. Наредниот ден во школото дојдоа двајца полицајци и се распрашуваа за случајот. Си заминаа мирно, а тајната ја чуваше целиот клас. Чудно е тоа, мислев дека тајни можат да чуваат само мештаните по островите, но тоа е друг филм.
  3. До скоро, се чудев како можи некој да ужива во јадење? Јадев колку да не ме боли стомакот и главата од прегладнетост -  јадев колку да не умрам. Сега храната ми е вистинско откритие и на секој залак се радувам како мало дете…  и Куки ми е пријателка :)
  4. Не ги завршив студиите… Не се чувствувам хендикепиран околу тоа, но не знам зошто така чувствуваат другиве околу мене?!
  5. Ја сакам Ана и сакаме дете!

Се оголив…

Им ја предавам на

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Categories: Блогосфера

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    ХулаХопа напиша:

    кукасти крстои и Билјана …

    фино …
    25 Јануари, 2007 – 14:23 | избриши | одговори)

    #
    all_is_half напиша:

    гол до кожа Smiling
    ти се восхитувам на храброста
    поздрав
    25 Јануари, 2007 – 14:28 | избриши | одговори)

    #
    sting EYE напиша:

    Рибар добра слика си закачил другар (позадината е јака)
    Јас кај мене на примопредајаимам изненадување.
    МЕ ФАТИЛЕ ЖИВ ФОТОРЕПОРТЕРИТЕ
    25 Јануари, 2007 – 14:28 | избриши | одговори)

    #
    sting EYE напиша:

    п.с.И не се секирај господ ке даде дете.
    Убаво е да сакаш брату
    поздрав
    25 Јануари, 2007 – 14:30 | избриши | одговори)

    #
    кибицер напиша:

    Секоја чест за наставничката. Вистински педагог и интелектуалец. Многу добро знаела дека се работи за детска палавштина која „органите“ ќе ја протолкуваат погрешно. Покажала голема доблест. Вистински херој.

    поздрав и фала за штафетата.

    кибицер
    25 Јануари, 2007 – 14:32 | избриши | одговори)

    #
    Mama напиша:

    уживај со ана и имајте дете… одлично напишано и тебе ми е мило што те знам 25 Јануари, 2007 – 14:38 | избриши | одговори)

    #
    cOOOklOOOk напиша:

    Јас знам до ручек ни залче да не ставам во уста.Ручекот ми е рутина али за вечера имам напади.Е тогаш во состојба сум истовремено и леб, и колач,и пица да склопам и да изедам.Со паузи. 25 Јануари, 2007 – 14:49 | избриши | одговори)

    #
    cOOOklOOOk напиша:

    А ти пожелувам не едно него повеке деца.Со Ана се разбира. 25 Јануари, 2007 – 14:50 | избриши | одговори)

    #
    Леонова напиша:

    Рибар другарче…..четворката ти е закон….хендикепирани се тие кои го мерат човекот според дипломите.
    Поздрав до Ана и ви посакувам годинава бебе по дома
    25 Јануари, 2007 – 14:57 | избриши | одговори)

    #
    Леонова напиша:

    Куки, вака така, со штафетава дознаваме се повеже и повеќе. И јас како тебе, можам да си седам без јадење цел ден, и да заборавам дека не сум јадена, али затоа навечер, а не ретко и ноќе….термит Eye-wink
    25 Јануари, 2007 – 15:00 | избриши | одговори)

    #
    КIМI напиша:

    ништо не е, а шлем на глава.
    хаха сеа ми е јасна драстичната разлика на сликата пред и сликата сеа што се на messenger.
    и јас цртав свастики ама на клупа!
    25 Јануари, 2007 – 15:12 | избриши | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Убава сликичка! Smiling
    Оваа не е вистинската штафета. Sad
    Супер си РИБАРО!
    Донт чејнџ а тинг! Eye-wink
    25 Јануари, 2007 – 15:28 | избриши | одговори)

    #
    nesonija напиша:

    Рибаро, вредело да се чека …интересен тип на личност си…сакајте се со Ана , а детето ќе дојде. 25 Јануари, 2007 – 15:41 | избриши | одговори)

    #
    nesonija напиша:

    Рибаро, вредело да се чека …интересен тип на личност си…сакајте се со Ана , а детето ќе дојде. 25 Јануари, 2007 – 15:41 | избриши | одговори)

    #
    nesonija напиша:

    Рибаро, вредело да се чека …интересен тип на личност си…сакајте се со Ана , а детето ќе дојде. 25 Јануари, 2007 – 15:43 | избриши | одговори)

    #
    nesonija напиша:

    Рибаро, вредело да се чека …интересен тип на личност си…сакајте се со Ана , а детето ќе си дојде. 25 Јануари, 2007 – 15:43 | избриши | одговори)

    #
    nesonija напиша:

    Рибаро, вредело да се чека …интересен тип на личност си…сакајте се со Ана , а детето ќе си дојде. 25 Јануари, 2007 – 15:44 | избриши | одговори)

    #
    nesonija напиша:

    Рибаро, вредело да се чека …интересен тип на личност си…сакајте се со Ана , а детето ќе си дојде. 25 Јануари, 2007 – 15:44 | избриши | одговори)

    #
    nesonija напиша:

    Рибаро, вредело да се чека …интересен тип на личност си…сакајте се со Ана , а детето ќе си дојде. 25 Јануари, 2007 – 15:45 | избриши | одговори)

    #
    nesonija напиша:

    Рибаро, вредело да се чека …интересен тип на личност си…сакајте се со Ана , а детето ќе си дојде. 25 Јануари, 2007 – 15:45 | избриши | одговори)

    #
    dark Lord напиша:

    хахахаха ова баш муабетот dirty little secret!

    Врло занимливо!!! Smiling
    25 Јануари, 2007 – 16:02 | избриши | одговори)

    #
    Аrwena напиша:

    Фала Рибар,
    штафетната палка ја примив и ја предадов понатаму со брзина поголема од онаа на женската олимписка штафета на Јамајка на 100 метри (без пречки). Laughing out loud

    Од моја страна повикани се:

    Волан

    Вуна

    Би

    Дарко-Комуникации

    Фљамур

    Лина

    Баже

    п.с. знам дека постои можност некои да се веќе прозвани, и доколку има такви во мојот избор, известете ме да ги променам имињата.

    Поздрав Smiling

    Археолошки дневник vol.1
    25 Јануари, 2007 – 16:03 | избриши | одговори)

    #
    E-Lady напиша:

    Уф.
    Ме разнежи…

    Твојава штафета – 1 и 5- посебно.

    Си покасувам да се дружиме, еве син ми си дојде и кажа некои убави вести од Дисо, на Шапка врни, и Ви посаквуам со Ана еден Снешко Белчо.

    Те прегрнувам
    25 Јануари, 2007 – 18:02 | избриши | одговори)

    #
    Lorin напиша:

    Точка 1 и 2, си поплакав малку најискрено. Таква сум плачка. Smiling
    Точка 5 и ние сакаме дете. Се надевам врсници ќе имаме. Smiling
    25 Јануари, 2007 – 19:28 | избриши | одговори)

    #
    LOLITA напиша:

    Кое убаво дете си растрчано меѓу ѕвездите 25 Јануари, 2007 – 20:14 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    До сега најхрабар Штафетар, браво рибару. Мило ми е што знам нешто повеќе за тебе. Поздрав
    25 Јануари, 2007 – 22:10 | избриши | одговори)

    #
    TeNej напиша:

    Одлично пријателе,
    ме потсети и мене на некој погледи
    “мафтања” ,пулења,штипкања со надворешен фелш.
    25 Јануари, 2007 – 22:13 | избриши | одговори)

    #
    vasiot sosed напиша:

    што се жалиш толку..
    а што да речат овие..
    Останале без новороденче бидејќи не платиле за породување

    Џакарта, 25 јануари (МИА) – Една болница во Индонезија одбила на сиромашни родители да им го даде нивното новороденче бидејќи тие не ја платиле сметката за породувањето…
    25 Јануари, 2007 – 22:13 | избриши | одговори)

    #
    Леонова напиша:

    соседу….неумесен коментар во секој случај
    25 Јануари, 2007 – 22:17 | избриши | одговори)

    #
    poison2u напиша:

    Точка 2 – Знам каква “пропалица“ беше како чупе ууууу бог да чува ;) Точка 5 – ти посакувам во најскоро време, цигари да почниш да пушиш само на тераса ;) П.С. Уф јас немам кондиција за ваква штафета, секоја чест 26 Јануари, 2007 – 01:10 | избриши | одговори)

    #
    istok напиша:

    навивам за 5-ката !!!
    26 Јануари, 2007 – 04:41 | избриши | одговори)

    #
    Lorin напиша:

    Една пријателка само што ми јави дека тестот за бременост и е позитивен. Па ајде можеби ќе тргне од неа, преку мене до сите кои го сакаат тоа. :) А беше кај мене на ручек во недела, и ете, се фатило. :) 26 Јануари, 2007 – 05:04 | избриши | одговори)

    #
    мачоро напиша:

    Супер раскажуваш, дури можда можиш и за Цеца песна да напишиш :) Сам кажа дека убавите работи во животот се случуваат така… без да ги планираш…дури и да се изненадиш…Немој да планираш да ти се случи нешто убаво, уживај во животот – каков и да е, а тоа убавото – сигурно ќе те изненади… а не е лошо и да поработиш малку на случајот од точка 5 27 Јануари, 2007 – 04:18 | избриши | одговори)

    #
    Beauty напиша:

    Ова со мало задоцнување, но не можам да се воздржам од емоциите што ги предизвика кај мене.

    Simply the best!
    30 Јануари, 2007 – 22:39 | избриши | одговори)


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива