Како еден од најголемите критичари на ставовите на Ивица Боцевски морам овде (бидеќи неговиот блог е замрзнат) да го дадам мојот последен коментар, а во врска со неговото назначување за портпарол на Владата на Република Македонија.
Значи вака почнав да пишувам коментар кај него, ама не можев да го испратам:
Ццц… таман се наоштрив (се поболив од читање по интернетов за мајчина лустрација) да те пердашам, забега. И шо сега, наместо по коментари ќе треба по Тевето да фрлам со камења.
… Е да, ама кај друг не ми е интересно да дискутирам за тоа.
Едно е јасно, целта ја постигна – си се пикна во влада. Мислам дека и таму ќе јадеш празна слама како впрочем и овде на блог, но тоа и не е толку важно. Твојата улога таму ќе биде само да ги пренесуваш ставовите од седниците и ќе не поштедиш од коментирање и изнесување на твои ставови.Ова последново колку да не мислиш дека сум се испишманил околу некој муабети што сум го кажал претходно.
![]()
Едно знам, а за три сум сигурен:
- Знам дека ќе те бива за портпарол.
- Сигурен сум дека ќе ја промовираш блогосферава како медиум низ тоа салонските „прчвари“, сигурен сум дека ќе те интересира кој тоа кака по блогови за надмениот портпарол и сигурем сум дека откако ќе ти заврши мандатот пак ќе ни се вратиш.Како и да е, ти посакувам (најискрено) успешна работа.
Пс: Ова брзам да ти го кажам сега, за не дај боже да ти притекни случајно утре да ми пуштиш удба-мудба агенти пред врата… Не за друго, туку многу сум лош на утро – нерасонет, па да не ги носиш на душа.














#
mkhere напиша:
јас му спремив флеш..
ама за (ако даде…) кога ќе биде онлине..
буљаш..
не е како Макрадули..
13 Март, 2007 – 23:33 | избриши | одговори)
#
Spartak напиша:
Не ми е јасно, шо ќе им е новинар за портпарол.
Дали ги купуваат, дали дека се знаат меѓу себе па полесно ќе си подшепнуваат некои работи.
Чуден избор. (на сите влади)
13 Март, 2007 – 23:36 | избриши | одговори)
#
Аминта напиша:
За момент помислив дека станува збор за новоформираната влада на Блогерајов. Smiling Па затоа и не ми беше до крај јасно зошто толку прашина.
Шала на страна ама работава била сериозна. Епа ај нека му е сосреќа па да видиме дали ќе биде за една употреба или како што обично бидува во нашава домашна политика ова ќе му биде отскочна даска за да се пробие во партиските политички врвови.
Не го знам доволно човеков, но од другите примери кај нас, посебно се однесува на партиските гласноговорници (ова си го сватиле многу буквално) важи правилото што по зелено плука и што погласно јаде тртушки толку повеќе успева да се пробие во партиската хиерархија.
Можеби следен квалификуван посебно за последново е дебелиот новопечен писател.
13 Март, 2007 – 23:47 | избриши | одговори)
#
волан напиша:
“..Знам дека ќе те бива за портпарол..“
Нема зошто да му замераме за неговиот ангажман …
Морам да му признам на Груевски во изборот на млади кадри … Боцевски е доволно млад а од друга страна доволно елоквентен да биде добар портпарол … Со ова ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува добрата пракса да има добри и елоквентни порпароли кои ке се грижат за ПР-от на партијата а сега владата …
Инаку блогот на Боцевски го читав повремено … но не коментирав таму … Навистина е интересен начинот како се трансформира самиот Боцевски … Но нема потреба да му замераме за желбата на професионалниот напредок во кариерата … нека му е со среќа новиот ангажман …
Со прекинувањето на дејствувањето како блогер и колумнист … сака да си го држи зборот што го даде кај Чомовски во емисија … што е чесно од негова страна …
Поздрав за рибарот … земи некоја трска и правец на лов … си ми се насекирал нешто непотребно …
13 Март, 2007 – 23:50 | избриши | одговори)
#
mkhere напиша:
зошто БУЉАШ?..
па затоа што тој пишуваше како светските лидери..
претседатели си имале блогови..
а сега тој..
си сви опашката…
13 Март, 2007 – 23:51 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Волан, не сум ич насекиран, напротив. Најискрено му посакувам успешна работа, и најискрено со 90% од неговите ставови изнесени на блог не се сложував/м. Навистина мислам дека ќе биде добар портпарол и тука нема никаква иронија од моја страна.
14 Март, 2007 – 00:06 | избриши | одговори)
#
røxy напиша:
Рибаро дај некои линкови баш да прочитам каков е тој твој став кој е спротивен на Боцевиот. ме интерсира Smiling
инаку пффрффрфф, чика Боце фатил фотеља.. тек кога би дошла КП на власт тек тогаш како би зграпчил фотељиште..
таквите типци ко него , у секоја епоха добро знаат да се ’бучнат во вода’.
какви глупости тресе Боцето, де трескање за либерализам (ох леле) де Лустрации (побогууу) де ред глупости ред пратење екстремно десничарска америчка мода.
арно што се замрза иначе до кога ќе не труеше со глупости.
14 Март, 2007 – 00:17 | избриши | одговори)
#
mkhere напиша:
за Боце..
покроце.
http://theskopjetimes.blog.com.mk/node/39721
14 Март, 2007 – 00:26 | избриши | одговори)
#
solza напиша:
Како голем критичар на срањето што се вика неолиберализам и како уште поголем критичар на нашите локални фраери кои што се јавуваат како претставници на тоа срање и Јас се придружувам на твоите критики кон Боцевски. Да се надеваме дека сега ќе успее да го забрани комунизмот и да ги оствари бројните негови „оригинални“ идеи. 14 Март, 2007 – 00:29 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Roxana, еве еден тука.. ма имаше многу коментари. Повеќето одеа во Утрински
14 Март, 2007 – 00:46 | избриши | одговори)
#
Бунка напиша:
Има еден пост Оди Си Катанец…а може и да биде Оди Си Боцевски…
14 Март, 2007 – 00:48 | избриши | одговори)
#
ХулаХопа напиша:
негов е повикот …
…
Вклучи се му вика … со усул …
.
..
едино е битно да се повтори муабетот …
” Власта корумпира” … Актон …
па бил и мастер на информациите … договорите у форма на разни состанчења … прибелешките и комуникацијата … привидот на премин и игра со јавноста и медиите … слични верзии на израз и суптилноста …
секој тип на Владение корумпира … па бил и владение на куќен совет … или владение над 1 претпоставен …
…
Едино Пиринскиот Цар не бил корумпиран … го накодошиле …
Smiling …
бери памет …
14 Март, 2007 – 01:46 | избриши | одговори)
#
Alex_Bukarski напиша:
му честитав лично, па не мора јавно. но, ме испровоцира “жолтиот бран“ (велам жолт оти наликува на таблоидното политичко новинарство кај нас) на блогосферата каде Боцевски веднаш е соблечен тасма гол и како таков е турен на вага.
гледам на велико се тропаат најразлични глупости – “јас со другарот Боцевски 90 посто не се согласував…“ добро ќе те праша Груевски другпат кога ќе прави реконструкција колку посто се согласуваш. не бери гајле.
друго што ме нервира е балканската логика – чим е политичар, мора да е расипан (или во догледно време ќе се расипе) начин на размислување, кој претставува сеопшт провинциски нихилизам.
потоа не е ни чудо што и да сака некој политичар да биде и со најчесни намери да тргне, кога-тогаш ваквите (кои се најмногубројни а за жал и најгласни!) ќе го натераат да дојде до циничко “спознание“ од типот “и да бидам чесен и не бидам чесен гледам со овој народ исто ми се фаќа“
иако, кога сме кај честа од народната знаеме дека таа не може да се стекне а ниту пак затуцени блогери може да му ја даваат со ефтини совети, “давањето совети е порок!“ -реплика од “Адвокат на Ѓаволот“.
неминовно е дека Боцевски ги поседува квалитетите (како елоквентост, речник, снаодливост, педантност и сл. квалитети кои ретко кој ги издвои) кои се ептен неопходни за извршување на оваа функција.
човечки, “културно“ е недвосмислено да му посакаме успех. се` останато е малограѓанска ситничавост, злоба и завист.
14 Март, 2007 – 02:06 | избриши | одговори)
#
Spartak напиша:
греб, греб дебелио 14 Март, 2007 – 02:11 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Букарски, твојов коментар е за постов или за коментарите во истиот? 14 Март, 2007 – 02:13 | избриши | одговори)
#
Караџа Бошко напиша:
А кај отиде претходниот глсноговорник (шиптарот) на владата ?
Ваљда не е отиден на докторски студии во Германија или Швајцарија!
14 Март, 2007 – 02:53 | избриши | одговори)
#
dr. Max напиша:
И мене ме викнаа од Владава Чирак да им бидам… да научам некои финти за експрес збогатување Smiling Сеа ќе го замрзнам блогот!
14 Март, 2007 – 04:55 | избриши | одговори)
#
Вабаду напиша:
најтажно околу боцевски е што веќе првиот пост кој го напишал откако станал портпарол го заклучил за коментирање. ете, толку траеше желбата за полемика, дискусија и дебата. неколку часа имаше опција за оставање коментари а потоа новиот гласноговорник си рекол: што има да ме коментира мене рајата блогерска, па ја сум портпарол бе еј!!
14 Март, 2007 – 09:01 | избриши | одговори)
#
Deni напиша:
Даааај бе без свршавање алоооооо , па шшо има страшно што човекот отишол да работи бре…….Зар цел живот гомна јадење по интернет од кое овде ништо и ама ништо не е сменето. Сеа да набројуваме кој блогер од каде црпи средства????? Срамота ли е да идеш на сабајле на работа?? Дајте ако блогерајов е само за бадијаџии и гомнојадци ние таквите шшо на први зимаме каква таква плата да не пишуваме воопшто. Нека се муваат по институции на системов терористи и бараби и пропали новинари , а ние ќе си седиме и ќе тресеме по блогови и уште одозгора ќе не дупат “ еееј ај бе пушти ги бадијалџии , куротресини “ . Е тоа се коментарите за блогерајов по град!!!! Дај боже у систем (општествен де) сите шшо овде критикуваме од роџења , па ако тогаш не смениме ништо значи ни за на блог , интернет , колумни ни за нигде не сме. Со ксмет за чоекот , и да продужи да пишуе Поздраааааааааааааав до ситееееее 14 Март, 2007 – 10:20 | избриши | одговори)
#
ХулаХопа напиша:
хм …
…
В д Линде …
14 Март, 2007 – 11:52 | избриши | одговори)
#
Мечето Ушко напиша:
Не разбирам зошто би го замрзнувал блогот, па и функцијата му е таква нели ПОРТПАРОЛ. Не разбирам односи со јавност а се дистанцира од јавноста. Или пак можеби смета дека оваа јавност во блогосверата не е достојна и меродавна. Очигледно е дека не смета така зошто бара да коментираме како и до сега, ама кај ќе коментираме кога блогот му е замрзнат, колумната ја прекинува. Не знам, можеби очекува секоја недела сите по еден пост да му посветиме. Стварно сум збунет. НЕ ЈА АНАЛИЗИРАМ НЕГОВАТА НОВА ФУНКЦИЈА (нека му е со среќа) ТУКУ ОДЛУКАТА ДА ГО ЗАМРЗНЕ БЛОГОТ. 14 Март, 2007 – 17:31 | избриши | одговори)
#
oksimoron напиша:
Нека му е со среќа, јас му посакувам успех. Мило ми е поради него Smiling
Ама, не би требало заради новата функција да го замрзнува блогот, де.
14 Март, 2007 – 18:20 | избриши | одговори)
#
Емил напиша:
Рибарче, јас нема да коментирам ништо во врска со постов освен една работа. Многу сум горд со тебе, зашто знаеш јасно и гласно да го кажеш својот став, решителен си и храбар за да им посочиш на луѓето што не ти се допаѓа кај нив. Риспект!
http://www.emilniami.blogspot.com
14 Март, 2007 – 21:16 | избриши | одговори)
#
Lavot напиша:
Или што би се рекло на јазикот на оваа земја – ПОЧИТ!
14 Март, 2007 – 23:11 | избриши | одговори)
#
Бунка напиша:
Рибар, си го јадел ти…готово…од вчера гарант те следат 10 ДБК агенти…
Како смееш да збориш контра власта? Брееееј некултура!: D
15 Март, 2007 – 00:38 | избриши | одговори)
#
GREAT WHITE напиша:
Море какви ДБК, учк, удби мудби, само нека ми го чепни некој рибарчево, му кршам 72 заби на лице место!!! Eye-wink
15 Март, 2007 – 01:05 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Што се однесува на тоа, дали треба или не да го замрзне блогот:
- Нека го замрзне привремено дури не се најде кај е што е, па потоа нека се нафрли пак на блогирање. Ем ќе му недостасува тоа, ем ќе пласира информации од прва рака… а и кулоарски догодовштини позади сцена е тоа што сака народ да конзумира Smiling
15 Март, 2007 – 17:10 | избриши | измени | одговори)
#
Малио напиша:
Букарче, носи се… Ивчо отсекогаш бил вмровца… 3 Април, 2007 – 16:06 | избриши | одговори)