Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Ивица се изгубил во шумата на Скопските Времиња – јавува ТајЊух

Си зел задача да ја најде Марица и да ја даде на Вештицата за да си се најде не облажен подалеку од шеќерната куќа.

Тргнал по чоколадната патека, која уз пат ја преполовил од лакомштилак и завршил  кај Ловџијата. Тој го пратил кај Волкот. Таму ја начекал Црвенкапица, а таа во блажена состојба го упатила кај Седумте Јариња. Тие го набедиле да оди кај Седумте Џуџиња, а тој завршил во замокот на Трнорушка.

Ама маде голо…

Марица мамицата, никаде ја нема!

Му се испомешале седумки и од бегање главом без обзира,  си го загинал чевличето и босоног тргнал. Се сопнал и завршил кај Мачорот в Чизма.

… И дреми внатре.

Малендав е, а чизмата голема и мазна и се слизга.

Качи се до некаде… падни…

Качи се.. падни…

Е вака некако, како што јас ја испобуричкав приказнава, така тој се испобуричкал себеси… Ама за троа посериозна приказна.
Во вакви буричканци, приказни не се дозволени, тие самите си се раскажуваат.


Одговор на постот на Ивица Боцевски:

„ … И кога не би отишол претседателот на Македонија на манифестациите што по повод 50 години од унгарската демократска револуција се организираат во Будимпешта, твојата реакција би била слична или да не речам иста.

Кога би се изјаснил Црвенковски (како што повикуваш во постот) за: легитимната борба на граѓаните против комунистичкиот тоталитаризам и неговите практики, сиг

урен сум дека би го осудил за лицемерие.
Нејсе,
Должност на претседателот е да присуствува на такви и слични манифестации, а ти можеш да се повикуваш на моралната одговорност на гласачите или на /не/демократскиот изборен процес… а не да врзуваш смешни хронологии од типот на: Бранко го сакал Тито, Тито го предал Имре Наѓ, Наѓ е носител на револуцијата во Унгарија, а јас му ја дупнав главата на Коле од прво еден чиј татко беше чукун внук на

Царица Милица, а таа правнука на Карло шести и сл.
По твојата логика, таму (на манифестацијата) треба да го пратиме Коле од прво еден. Од него по легитимен претставник за Унгарија немаме?!
Мислам дека и повеќе од јасно ти е како одат работите во меѓудржавната комуникација, следствено и за манифестациите од ваков тип.

Незнам зошто сега си се збунил?
Ако не појдеше Бранко и место него појдеше некој член од кабинетот или (лупам безвезе) Бонева,… Што, Бонева да не стоеше во првите редови пред радиостаницата кога батките од AVH тепале и апселе невини деца кои се бореле за својот глас? Немој Молим те!
На крај.
Каде мислиш (следствено твојата хронологија) дека Црвенкоски има „морална одговорност“ да присуствува, на кои манифестации? На денот на екологијата или на денот на друштвото на мртвите поети, или на роденденот од Коле …? “


Ајде Ивица, ајде машко… !!!

Ајде, опаааа… !!!

Ту бе, мајчината чизма шпијунска се погодила, а малер Ивица баш во неа најде да влези.

Сите му се криви на малер Ивица, а најмногу Марица – Црвенковска ваљда?!?

Покрај сè, Ивица е среќно дебеличок и добричок.

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    kumasin напиша:

    Ај, ај, добар е малиот. Има капацитет, ама уште е младо. Вака убаво е напреднат габаритно до сега, па од сега на созревање ќе обрати многу внимание. Само плескањава незнам како ги доживува. Мудро ќути и се мести на пенали. Може се бара себе си преку испитување на пулс во околината. Може и идеи му се раѓаат на овој начин за пишување колумни. Ама со последнава тема што има запнато… Кога ќе се вратам у Македонија има еден Лустер да добие поклон од мене. Изгледа му фали ептен што толку го спомиња. Може требаше порано некој да се сети што сака у ствари да каже. 23 Октомври, 2006 – 21:37 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Мудар е несомнено. Но Понекогаш знае да ги промарши тотално работите. 24 Октомври, 2006 – 11:48 | избриши | измени | одговори)

    #
    anaveno напиша:

    си фати рипче-сомче..а..
    24 Октомври, 2006 – 11:51 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Anaveno, не ти ја разбрав поентава, извини… 24 Октомври, 2006 – 14:53 | избриши | одговори)

    #
    iacovibus напиша:

    Туку, знаеш шо ме изнасмеа? Дознав дека „Ивица и Марица“ на македонски е преведено како (ни помалку ни повеќе, туку) „Јованче и Марика“.

    Добро бе, бетер од Кроативе ќе станеме; ако, ако…

    Cool
    24 Октомври, 2006 – 20:36 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Бајкобиографу, прикаскава по вода ми отиде.
    Грешен автор ја кажува или за грешни јунаци се раскажува?
    А јунаците не се грешни. Едниот учен преучен, по бел свет испрошетал ама изгледа ништо не видел, а другиот освен што е претседател „кутричкиот“ за ништо друго не е крив.
    И … ај сега че си се вратам Јас на поза и проезија.
    Од горнине ликови „Praise You“ важи само за FATBOY SLIM,бидеќи немав голем „Weapon of Choice“ си одбрав приказна. Ивица и Марица или Јованче и Марика на „децава“ слушатели исто му се гледа или ништо не му се гледа.
    Нема везе, јас сум БЕЗВЕЗЕ!
    24 Октомври, 2006 – 23:59 | избриши | одговори)

    #
    Маркос напиша:

    Ако нема фидбек од сабџект апла си безвеа 25 Октомври, 2006 – 03:38 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Знам, ама кој си пак ти сега?! 25 Октомври, 2006 – 14:25 | избриши | одговори)

    #
    o-ke напиша:

    југо трипоф ти е тешка бњувотина рибар!

    шо забегуаш без веза…..влагаш у накои калапи без потреба….
    ….импровизацијата е со бубуљици коа ке ја стаеш у калап!
    25 Октомври, 2006 – 14:28 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    о-ке, ок е разбрав! 25 Октомври, 2006 – 18:25 | избриши | измени | одговори)


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива