За аирлија
Релација: ribaro.blog.com.mk → ribaro.mk
Тука ништо не е објективно, нема тука ни иновации, мудрости… Сè е измислено одамно. Овде, ова, е обид да се прецрта нацртаното, издума думаното, чуе слушнатото, види виденото низ паралелни огледала. Не за да се огледаме, туку да се видиме до каде сме и што уште не сме. А не сме многу што, верувајте. Копајќи низ тоа што уште не сум бил се судрувам со самиот себе.
Да, тука, на овој блог со амбиција за влог се чувствувам како Рибаро – пецарош, ловец на својот улов, на сè што мислам дека ми припаѓа, а ми припаѓа сè! Никогаш зависен, секогаш недоречен и понекогаш суетен, во недостаток на амбиција ринкам во себе за да се насукам подлабоко во Вас, за да скокоткам, искрам, пецкам, море здраво да пенетрирам, онака УХ-АХ во ритам: Туп-Туп-Тупа-Тупа-Туп-Туп-Тап…
Па бујрум, на една чашка различно спакувана искреност.
Comments (6)















Е ај за аирлија, за убо, за арно…
))
Со среќа на новава локација
Се поклопија летниве селидби. фала Јофе!
се измори и се испразни … ок ке чекаме …
а што друго преостанува?
Не можам да се вратам во правец, не знам што е…
It’s done!
Ti dobar?
Pozz..
Tnx Катика! Јас одличен, ми недостасуваат ноќи…