Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Жими тилов

mirror.jpg

Барав да видам лице

видов тил

барав сеќавања барем

видов тил

барав дури и да не најдам

видов тил

да, барав и тил лицен

видов тил тилен

натилен побарав да се видам  паднат

ме гледаа огледала

две огледала едно наспроти друго

не се гледаа тие туку мене

тие беа тилни

левото блееше во десниот одраз

за да не се види

одразот беше ист и за двете

јас бев тој што ја расипа хармонијата а

барав само да си се погледнам во лице а

видов тил

и расипав хармонија

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Categories: Поезија

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    Natka напиша:

    Прекрасно. И сега? Не се сеќаваш? Има една поговорка за гледање на некој во тил, не е тоа наводно лошо. Ја знаеш поговорката? Поздрав и убав ден! Smiling
    3 Октомври, 2006 – 14:50 | избриши | одговори)

    #
    Емил напиша:

    Тилот не е негативна особина. Многу повеќе сакам да гледам некого в тил, ама да ја слушнам вистината. Ако те гледа в очи – те лаже, дури и огледалото. И немој да си вртш самиот на себе грб, погледни во својот тил и ќе се видиш себеси, онака како што те гелдаат и другите, зашто тоа е твојата вистинска слика.

    http://www.emilniami.blogspot.com/
    3 Октомври, 2006 – 15:00 | избриши | одговори)

    #
    OGI SINKO напиша:

    Тил тилосан непотстрижан.
    Една ми рече пред некое време: Знаеш кога јас и ти ке се издупиме, кога ке си го видиш тилот.
    Тилот ти бил многу дефинирана непозната.
    3 Октомври, 2006 – 15:19 | избриши | одговори)

    #
    emi напиша:

    дефинирана позната….
    3 Октомври, 2006 – 15:37 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Натка, убав ден и тебе Smiling Казија поговорката?
    Емил друже, си реков, еднаш бар де се видам на што личам Eye-wink)
    3 Октомври, 2006 – 16:06 | избриши | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Фала! Smiling “Направи да ти гледаат во грбот!” Тоа значи да бидат после тебе, во редот, да си подобар од нив, во тој смисол.
    3 Октомври, 2006 – 17:11 | избриши | одговори)

    #
    anaveno напиша:

    незнам што вртите толку..
    дишење у врат..
    тоа е..
    цитат од постот..и расипав хармонија..
    не си дишел длабоко..
    3 Октомври, 2006 – 17:14 | избриши | одговори)

    #
    Lavot напиша:

    Поздрав Рибар…

    Ме бендиса ова со етиленов
    3 Октомври, 2006 – 17:18 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Анавено, не доволно длабоко за да го заматам огледалото.
    Лавот, додека сме, за да не сме несмасни… те поздравувам
    3 Октомври, 2006 – 18:24 | избриши | измени | одговори)

    #
    Шанкуре Блог напиша:

    ribaro,eби го тилот,гледај напред и марширај тврдо и исправено..:) 3 Октомври, 2006 – 18:26 | избриши | одговори)

    #
    sting EYE напиша:

    браос бе рибарски како си се средил дома
    ме бендиса
    браос
    банерчиња
    зезања
    во секој случај интересно и креативно
    поздрав
    наскоро ке ме има
    со свези информации
    поздрав другар
    3 Октомври, 2006 – 21:12 | избриши | одговори)

    #
    Аrwena напиша:

    Огледало, огледалце мое…кажи ми на светот најубав тил кој е…?

    Проблемот кога гледаш две огледала е што добиваш двојна слика на рефлексијата. А да те прашам Рибар нешто? Колку тилови ќе видиш бидејќи секое огледало во зависност од неговото расположение има две страни – светла и темна. Каков ќе биде тогаш твојот тил?
    3 Октомври, 2006 – 22:05 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Шанкуре бато, се чорам напред, ама да си се видев сакав..онака од перспектива
    Стинг другар ми, за фацава че му се заблагодарам на оној што има најголемо срце и високо крената рака и го има и лево и десно од постот а потпишан е на дното од странава Smiling.
    3 Октомври, 2006 – 22:05 | избриши | измени | одговори)

    #
    Fljambur напиша:

    бооо шубаф блок-дотеран пицосан за мерак,рибар абе остај ги огледалата тие се џаолско деание на нив само ехото се одразва-лажовни се 3 Октомври, 2006 – 22:17 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Arwena, така застанат гледав два, а тие беа безброј (еден позади друг) се исплашив и се концентрирав на едниот. Го замолив фино лепо да се заврти, а тој молчи.
    Абе светло е кај мене тилчето, огледалана се лажовни како што вели Фљамбур
    3 Октомври, 2006 – 23:55 | избриши | измени | одговори)

    #
    LOLITA напиша:

    Страшна е песнава. Дури и претставата за сопствениот лик е дијаболична ако не се погледнеме правилно, која симболика 4 Октомври, 2006 – 01:26 | избриши | одговори)

    #
    GREAT WHITE напиша:

    песнава ми го заеба впецатокот за новиов енетериер…. го засени ;) 4 Октомври, 2006 – 02:07 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Loli,се е во начинот на перцепција и рефлексија… сами го бираме
    Great white – drugar mi, си ги сакам и двете, иако едното е мое чедо а дугото е на Shepard Eye-wink
    4 Октомври, 2006 – 12:12 | избриши | измени | одговори)

    #
    Beauty напиша:

    Рибар, жими тилов мој, јако ти е песничево. Smiling
    10 Октомври, 2006 – 14:54 | избриши | одговори)

    #
    Џаман напиша:

    мојето име е Џам
    и тилот го гледаа мој
    дузина другари
    24 на број

    зповедта таква беше
    тилот мој
    24 во строј

    Џам кога војска беше

    мир брате
    17 Октомври, 2006 – 00:23 | избриши | одговори)


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива