Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Емран Шакиров

clipped from www.dnevnik.com.mk
Осум месеци затвор доби и Емран Шакиров (20), кој два пати во ноември минатата година украл 150 метри бакарен кабел од железничката пруга Велес – Гевгелија. Истиот го продал во откупен центар за 100 евра. Шакиров го признал делото и во текот на процесот изјавил дека тоа го сторил бидејќи немал пари да се прехрани. По изрекувањето на пресудата Шакиров јавно прокоментира дека нема да се жали, бидејќи во Идризово барем нема да мисли за храна оти му биле обезбедени три оброци на ден.
А да прашам уз пат нешто? Не сакам да го нарушувам моментов на глорификација, но со октоподот олигарски, бачило – квачило, што се случи?
Не за друго. Ајде Емран е учен на манџа, пиперки и попара, ама овие другиве ќе ни испоцркаат за јадење, зашто се учени на шкампи, стекови и кавијар…, за нив камо гастрономи?
Полека другари се ќе биде. Важно е од некаде да се почне. Сегашните услови ни налагаат да сме скромни, а кога ќе го изградиме северното крило од јужниот павиљол, е тогаш ќе почниме со полутки, бубрези, стекови и незнам ли ти кавијар  и слично. За бубрезите веќе имаме спремено специјална единица. Се вика В Бубрези, а главен и гледам доброволен експеримент ќе ни биде Емран.
Ете затоа се почнува одоздола па нагоре.
После некој ќе речи немаме ефикасно судство?!
Браво мајстори, систематски се решава секој проблем!
У(р)А! У(р)А! У(р)А!
Сподели на:

Би можело да те интересира:

Categories: Колумни, Став

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    Емил напиша:

    Оф, мори мајко, ги оштетил! Мислам дека треба да престанеме да се заморуваме со вакви работи. И со коментар и без него, се ќе си биде како што некој друг замислил.

    http://www.emilniami.blogspot.com
    6 Март, 2007 – 19:48 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Не можам да замижам пред ова. Имам еден случај во моја непосредна околина: фамилијата зема социјална помош, детски додаток и се‘, а има дуќан, кола и сл. Малку подалеку има една друга фамилија која се издржува со тоа што човекот оди во планина и сече дрва (на диво). Кој краде?
    6 Март, 2007 – 20:28 | избриши | одговори)

    #
    мароко напиша:

    Шнајдерска работа. Енран е крив за се.
    Јака поента
    7 Март, 2007 – 05:30 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    … да Мароко, Емран крив е што е жив 7 Март, 2007 – 13:36 | избриши | измени | одговори)


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива