Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Неговиот череп ги задоволуваше неговите потреби, а тоа беа тие, тоа беше тој: “SS”- овец, тиран од Аушвиц.
Едно мрачно пладне (какви што впрочем беа сите), трчајќи по тремот за да не пропушти да им го даде оводневното следовање на проѕирните ветрушки- се лизна и акна:

“SCHEIZE”!- онака надуен истркала сочно од уста в уста (се ми се чини дека вкусот му се бендиса, зашто се немаше плакнето уста бааѓи време) и низ заби и се подзасркна.
Стана, а не се исправи.
Поднаведен и грабнат со рацете за колена се обидуваше да земе здив и…-конечно успеа за негова несреќа. Од гасната комора, поточно од оџакот кој беше низок и не беше по пропис иако германска градба, се смееја чадови измешани од пискотници и градни анатомии, стравови за себе, роднини, рабини и градови, а се клештеа немите оти го начекаа.
Омаен… падна на колена. Така наколеничен, “SS”- овецот нејќум ги вдиши исклештените кои што од цијанид, што од јад го одродија од овотремното, но пред да го ничкосаат и му ја спремат најновата унифорама и изгланцаните чизми за вечна хоризонтала, му ја покажаа трагата од крв на која се беше лизнал.
Се испули и акна… сега безживотно.
Униформата и најновите чизми му ги поспремија и го фрлија гол.
Го струполија во јамите каде што ги накопуваа гетоарите кога ќе зазгниеја од арост, зашто пцојсан им вредеше исто колку нив.
… Оџакот престана да чади.
Дојдоа другите и ги откопаа јамите.
Родот од родосквернавените си ги презакопа остатоците во алејата, а него го сетија дека е “SS”- овецот. Го сетија по здивот од кој наѕираше по некое недоречено-искезено чадче што уште не можеше да му прости и кое правеше излези-влези, дај и надеж на душата или што и да беше (многу души, а не една таа беше зела) дека ќе ја пуштат, па земи í ја и така пинг-понg

Сега го закопаа под тремот- кај крвта… а крв уште капеше.
Крвта беше на Павел кој имаше 9 години и нешто, а беше од едно село близу Краков и беше сирак.
Неговата грешка беше што е сирак, а твојата “SS”- овецу што не ја избриша крвта која остана од дневното следовање.
Павел и ден денес е пинг-понгар.

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Categories: Раскази

Коментирај со Фејсбук:


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива