Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Ебан пост

Ако го земиме Аголот (правиот агол) како инструмент на културна рефлексија, тогаш:

… Тупа е диоптријата што треба да не просветли, како тап агол е.
Затоа, окуларите што треба да не просветлат ги режиме под прав агол:
- за да можат да не подаваат,
за да нé предаваат,
- за да се наддаваат за нас на аукцијата организирана од правите агли
- за да се намали антагонизмот помеѓу формите
- за да нé биде нас

jas,-agolot-i-svetot.jpg

(Без намера да го проституизирам Климтовото дело)

Се пулам во сликата на ѕидот во мојот дневен престој што ја добив како подарок.

Таа ја отсликува мојата неписменост.

Густав Климт е тоа, односно репродукција, се разбира. Сега скоро го запознав од поблиску, на блог кај едно наше чупче со француски манири. А ретки се таквите чупчина, како што е редок и мотивот за отварањето на  блогот кој треба да те одведе до правиот блог.

Тоа ми се виде многу интересно.

Па и Климт е редок?!

Не, Климт е единствен.

Неговата единственост ја роди мојата љубопитност, како за неговото дело, така и за чупчето со француски манири. Сигурен сум дека Климтовите четки не ни сонувале дека можат да инспирираат една таква чудна коинциденција (мразам долги зборови, ме тераат да се подзамислам додека ги спелувам, а често и ги грешавам*)

Зошто тогаш се величи моќта на уметникот?!?

Зошто тогаш се величи моќта на Уметноста, ако таа не е моќна да инспирира една најобична па макар и виртуелна средба?!?

Гоооооолеемааааааааа паааууууууууууузааааа (како репликите на џуџето во последните епизоди од серијалот Твин Пикс).

Единствено моќна е мојата заблуда.

Едноставно за мене е моќна Климтовата и мојата коинспирираност (мразам долги зборови, ме тераат да се подзамислам додека ги спелувам, а често и ги грешавам*).

Да не испадни дека сум мизантроп:

- Сакам ”Copy …  Paste”, тоа ми одмалува од пишувањето.
- Сакам да знам уште наши чупчиња со француски манири.
- Сакам да ја ебено разберете поентата на пишаниов, ебан пост!

- Сакам кога е моќна мојата заблуда во врска со немоќта на уметноста.

- Сакам и јас да разберам “зошто е мртов аголот” и дали е тоа автосугестија (мразам долги зборови, ме тераат да се подзамислам додека ги спелувам, а често и ги грешавам*).

- Сакам кога УЧИТЕЛОТ и ЧУПЧЕТО полемизираат во коментари и  создаваат моментална поезија.

А најмоногу од сé:

- Сакам ”Copy …  Paste”, тоа ми одмалува од пишувањето…

И повторно:

- Гоооооолеемааааааааа паааууууууууууузааааа (како репликите на џуџето во последните епизоди од серијалот Твин Пикс).

Прстите на џуџето сеуште штракаат морници и восхит. Ритмиката и неговата појава е парадокс.

Штета што не можам да ја доловам штраканицата со сувопарниве букви и знаци.

Баш штета…

пс: Од пишувањето до објавувањето на овој пост работите околу “Аголоt” ми станаа МНОГУ појасни во насока на идентитетот и ентитетот на Аголот, кој нужно води до појаснување во насока на пронаоѓање на својот  ентитет. Тоа  впрочем беше и целта на ебаниов пост.

ппс: Заебана работа ова Аголов. Се судруваш со ќорсокакот и се одбиваш на правиот пат.

Штета  што не е АГОЛНА Земјава, ами е ЕЛИПСОВИДНА.
Баш штета…

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Categories: Раскази

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    Линкови до овој блог запис
    Рибаро, 11 август 2006
    од Агол на 20 Февруари, 2007 – 22:41
    Ако го земиме Аголот (правиот агол) како инструмент на културна рефлексија, тогаш:

    #
    LOLITA напиша:

    Не баШ е инспиративен. Од мој лаички агол гледано, во отсуство на миопија, и со застарено идеалистички поглед на уметноста, насетувам некоја болка уметнику, агли остри боцкаат, а нежност бара форми обли:) 11 Август, 2006 – 10:17 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Се сложувам Лол, затоа и насловот е „Ебан Пост, затоа и сликчето го нацртав така (Во просторот помеѓу аглите се гледа елипсовидната форма, а јас му се мрштам на аголот иако сум сеуште концентриран на него) 11 Август, 2006 – 13:12 | избриши | измени | одговори)

    #
    jurak OT petrof напиша:

    Тука би можел да одрежам пар афионови „чушки“ – да внесам… би можел да издржам, дури, и пар асоцијации, што веќе е премногу… лицата не гледаат, тие изгледаат… :) .. Пријателе. 14 Август, 2006 – 12:35 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Јурак от,не знам да ли те разбрав Учителу. Јас ја заглибив во чорсокаков, ама страв ми е да не се удомам, а натака дува… да не ме оддува ненадуван ме страв. 16 Август, 2006 – 02:23 | избриши | измени | одговори)

    #
    katika напиша:

    Мртов агол-жив излез……..аголот не е повеќе мртов, оживеал, добил излез, почнуваме да дишеме, нема клаустрофобија….и утре е нов ден….yessssssss! 16 Август, 2006 – 02:40 | избриши | одговори)

    #
    tv-set on blue напиша:

    у таков моменат иде..зашто моја соба има четри угла?
    17 Август, 2006 – 01:03 | избриши | одговори)


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива