Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Добре и Бегот

Во турско време, се‘ аги и паши ташеле ташаци по веранди и чифлизи. Рајата, онаа опечената  и турска и каурска,  своите ташаци ги мафтала по нивјето: ем жолти-житни, ем зелени-тутунски. Многу тешко  рајата го препознавала колоритот, дал од потта ил од бичот, ним се им се пулело сиво….

Но, ова не е тажовна прикаска, ова е кратка прикаска, или, ова е прикаска што кажува од која напара излегле  тажните ни прикаски.

(Село Канатларци, доцна пладне, сред лето, година 1762.)

Керим бег Прилепски газда, му бил на гости на Муарем бег од Канатларци.
Јале, пиле, спиле, шо сами шо со друшки и им се снеарнило дур на крај од пилето или од анките – ај да не нагаѓам сега. Дур лежале така на отоманчето и тргале наргиле да ја убијат досадата,  од нигде никаде, беа се задале ветришта и виулици и сета ергела коњска испорипала и се разбегала по нивјето.  Времето се стишало толку брзо како и шо почнало.

dobre-i-begot.jpg
Чираците  се здале да ги вратат арно ама неможеле да ги стасаат коњите – абе ни еден не ватиле. Керим бег го фатила паника. Утредента стасувал Исмет Паша од Султанот намесникот директ од Стамбол, а токму Керим бег бил тој што требало да го пречека. Муарем како добар домаќин го тешел да нема гајле и дека ако не ги фатат за брзо коњите сетне тој има решение како да стаса во Прилеп пред стемнување

Минало побааѓи време, а од чираците ни ал ни абер. Вака Муарем, свикал по анката и таа бргу-бргу доколеничила пред него и гостинот. И свикал да го најди Добрета, најакиот ерген во цело Канатларци и да го довлечка на чифлигот.

Речено сторено.

По дестина минути ете го Добре – маж четворен.

Во плеќите НА толкав, рамења планина. Се наклонил и како шо е редот чекал заповед:

- „Слушај ваму, Керим бег да го носиш на рамења до Прилеп и да гледаш да не вати мрак дур да стасате – разбра! Ене, земи тро леп и вода и глас да не си писнал освен ако не те прашаат, оти отиде главата!“ – му заповедал Муарем бег на Добрета.

Добре, ококорил очите, подзинал тро да зуцни нешто, ама  од пусти страв голтнал саде.  Го измеркал под око турчинот шо требало да го носи. Не му се видел голем, уште тро пола од него. Сетне, клекнал за да можи полесно да биди јавнат и тргнале на пат за Прилеп. Терале така сат-два и секој своето си го думале. По неко време на бегот му притекнало на анката шо го довела Добрета и се сетил дека не ја опалил. Бре шо слас му дошла незаситна – трпки го полазале. Шо да прај сега во пустинава, како да си ја олесни страста?

Думал и издумал.

- „Ооо… чукш бе ѓаур, застани малку да протегнам нозеве!“ – заповедал  турчинот, а од очите искрел.

Добре послушал и го скостил господарот под сенката од дабот кој крошнел со густо лисје. Абре-дебре го симнал од раменици и седнал кутричкиот да се почини. Турчинот го понудил со вода Добрета, му окршил тро од векната и продолжил да го мерка. Дур голтал Добре  од лебот, турчинот подголтнувал сласно и го меркал Добрета. Не му требало уште многу , решил:

- „Шебек, ајде доџвакај лебот бргу-бргу и  туркај гаќите“! – се разјарило турчето и стегнало камата за да не се испишмани случајно копуков и да се сврти контра господарот.

Се вџашил Добре – маж, арслан  македонски триесгодишен, му поминале слики двесте низ глава и видел не видел турнал гаќите. Уште да се наведи за да му олесни на турчинот, ко од под пазуви му паднал кубурот кој го стегал цел пат. ‘Рснало на земи оружјето таман на дофат на Добрета. Рипнал турчинот избезоумен, му клецнале колената и се скрил зад стеблото кое сега некако танко му се гледало. Липал од зад стебло ама глас  од страв не излегувало никако. Кога видело македончето шо му се сторило на турчинот изустило:

- „Бре господару – бегу, не се бој, јас тоа кубурот го чувам за зло време!- ја прибрал пистолетата под пазуви се нагузил и го прекорил турчинот да повјаса  со клецкањето, оти сонцето уште една педа ќе се скриело зад ридот…

(Народна тема, со комплетен препев на RIBARO)

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Categories: Раскази

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    lucija напиша:

    Се сменило ли нешто низ вековиве? Ме потсети на приказната (не ми текнува баш цела)ама човекот го закопале до гуша во лајна.А он среќен оти има и бетер-А и глата во лајна да му беше???Поздрав. 8 Декември, 2006 – 21:42 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Баш пред некој ден со пријатели расправавме за нашите „славни“ востанија и револуции и дојдов до следнава прикаска… Заклучокот донесете го сами 9 Декември, 2006 – 11:12 | избриши | одговори)

    #
    Fljambur напиша:

    Страшно поучна прикаска…
    Ај Добре сатрапине го присилиле,
    кубурата можел а не ја употребил
    -??? -че го стуткал керим – серим
    че дој на негово место .
    Уште кај муарема требаше двајцата
    да ги свитка и во стамбол – султано
    меѓу рогој(друга прикаска)
    Абе појче мака имаме от оние шо
    ги туркат гаќите без да му заповедаат
    за сетне со кубурите да не `убиваат` нас…
    9 Декември, 2006 – 18:05 | избриши | одговори)

    #
    Џаман напиша:

    Фљамбур ја погоди во средина
    токму таму е маката … со самоиницијативата за туркање на гаќите

    Со сета почит кон Рибарот
    и со фино срочениот препев
    Џам мисли дека прикаската само ја храни самоиницијативноста
    за која лекот е учкур од домашно производство

    мир брате
    9 Декември, 2006 – 18:21 | избриши | одговори)

    #
    МастерМарија напиша:

    Немаш појма како ме мрзи да читам… Ама да не излези поминав-заминав коментар не остајв Smiling
    9 Декември, 2006 – 19:38 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Фљамбур, Џам, скроз сте прави за муабетот. Јас само ја препејв народнава прикаска, а дискусијава шо ја затеравте ме бендиса. Ако ја продолжиме вака како што ја тераме досега синџир за учкур ќе ни треба.
    Марија, фала за коментарот и те поздравувам за искреноста Smiling
    9 Декември, 2006 – 21:10 | избриши | измени | одговори)

    #
    Fljambur напиша:

    Случајно ете ја знам сторијата за внукот(некој потомок) на Муарем бег,кој пред неколку години од Турција пристигна тука, и во магливите транзициони води си купи??? фабрика кај нас…Муабетот ми е :
    Историјата се повторува,истото вјавање,истото оргиање,истите пашалаци,истиот грабеж,само сега што бегот наместо во стамбол, во Скопје крми некого за да слободно си вјава што сака и како сака по државава наша.И со голема помош на самоиницијативните туркачи на гаќите, кои богами ги има бааајѓи.
    Каков синџир или сајла челична за учкур да инсталираме?
    9 Декември, 2006 – 22:16 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Фљамбур, ме тераш да ја продолжам прикаскава, ама мислам дека се‘ кажав. За причините: зошто вака или онака потребни се томови, а тогаш сите разгологазени ќе останиме. Вака, кој стега учкурот…стега, а на тие што не стегаат ќе му го стегнат. 10 Декември, 2006 – 03:47 | избриши | измени | одговори)

    #
    gersanina напиша:

    типично…

    Sad

    Sad
    10 Декември, 2006 – 10:46 | избриши | одговори)

    #
    Аrwena напиша:

    Тое е пријателе, отсекогаш повеќето од луѓето тука биле такви, си ја поднаведнувале главата, си траеле и ретко кога се бунеле.

    Мислам дека знам од каде си ја добил иницијалната идеја за прикаскава. Иако тоа нема врска со крајната поентата на текстот.

    Милозвучна_солза
    10 Декември, 2006 – 12:43 | избриши | одговори)

    #
    Boriss напиша:

    Чудесна символика. Стоим си със свалени гаки и ни мързи да си ги вдигнем. Все отлагаме и чакаме по-сгоден момент. Щото така ни е по-лесно.
    Пък който иска да се мъчи – да се мъчи бе, ще го изтраеме и него, няма сега специално за него да си вдигаме гаките я! И утре е ден!
    10 Декември, 2006 – 14:58 | избриши | одговори)

    #
    Beauty напиша:

    Интересна приказна, дискутабилен заклучок.
    12 Декември, 2006 – 14:43 | избриши | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Многу интересна приказна, се подразмислив малку….
    Мислам, понекогаш, дека можеби разликата е во тоа што ние отворено кажуваме, а другите не….. Smiling
    Има логика,нели?
    Имај убава вечер! Smiling
    12 Декември, 2006 – 16:35 | избриши | одговори)

    #
    genieto напиша:

    браво, најдобар си, а јас кубуро го чувам за правддината за вашите човекови права 12 Декември, 2006 – 22:11 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Герш, типична мак. трагедија Мила, баш ме интересира да чујам дали ќе погодиш? ;) 15 Декември, 2006 – 04:38 | избриши | измени | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Борисс, исто збориме, иронијата е мачно вистинита
    Убавино, факт е, нема дискусија
    Натка, има нешто вистинито во твојата отвореност, прикаскава не е само македонска… ко на балканска ми мава некако.
    Човекови права те поздравувам и благодарам.
    15 Декември, 2006 – 04:43 | избриши | одговори)

    #
    С Е Р Д А Р напиша:

    Море МРСИМУДИ МУСАВИ низаедни. Еве заради ова ваша приказна решив и јас да отворам блог како би можел да ви кажам дека мојот пак впечаток е дека токму ВИЕ,горепотпишаните сте тие за кои и е измислена таа.Одвреме навреме ве посетував на блогерајот колку да видам дали има некој кој во суштина ке повика или апелира на ПОТЕГАЊЕ а НЕ НА ЧУВАЊЕ НА КУБУРОТ ЗА ЗЛИ ВРЕМИЊА но признавам дека досега на таков не наидов.Сите нешто МРСИТЕ де за ова де за она но никој отворено да признае за себе дека е лајно но и дека сака да се промени, а од другастрана некои веке и гениталиите и утробата си ги имате послано на странициве на медиумот.Гледам стално мааната е во некој друг ,час бугарите час америте кои ги поддржувале шиптарите и се во тој стил .Читам цели скрипти за историја на македонијава а покрај тоа и за многу други кои во контекстот ви се наоѓаат но ЕДЕН НЕ СРЕТНАВ кој ке понуди или ке апелира за БАРАЊЕ ЧАРЕ.
    Се нешто слините во стилот дали било демократски па дали било во дух на заштита на човекви права или меѓурелигиска толерантност а ја с ТВРДАМ оти во суштина немате ниту идеи ниту МАДИЊА за вистински ангажман и акција.Очигледно тастатурата ви се видела како најбезопасно и НАЈНЕОБВРЗУВАЧКО оружје та затоа и немилосрдно ја абите и малтретирате.
    САМО МАЛКУ ПОДЗАВРТЕТЕ СЕ И КЕ ВИДИТЕ ДЕКА У СТВАРИ КАКО ТАКВИ И ВАМ ГАЗОТ ОДАМНА ВИ Е ПОДМАЧКАН И САМО ЧЕКАТЕ НЕКОЈ „ДУШМАН “ ДА ВЕ ОПНИ за да имате конкретен ,ваш сопствен виновник.Та затоа еве ме да ве подразбудам ако веке навистина вашиот живот не се свел само на барање виновници или будали кои за вас ке го завршат тоа што ВИЕ самите морате да го сторите ,прво за себе а потоа и за македонијава која ДЕМЕК ептен ви е на срце и на муцки.УЗБУНА МРЗЛИВИ МРЦИНИ И КОПУЦИ ако останало грам достоинство во вас(СИТЕ ДО ЕДЕН КОИ СЕ ИМАТЕ ПОТПИШАНО КАКО КОМЕНТАТОРИ НА ИДИОТСКАВА ИЛЈАДАПАТИ ЧУЕНА И ПРЕПОВТОРЕНА ПРИКАЗНА.

    ОД ВЕЧЕРВА ПА НАТАМУ МИР НЕМА ДА ВИ ДАДАМ ДОДЕКА НЕ ПРОМРДАТЕ ИЛИ НЕ ЗАМОЛЧИТЕ!
    18 Декември, 2006 – 01:03 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Сердаре, лошо е кога ќе се искористи нечија добрина, а уште повеќе нечие гостопримство кое некогаш било укажано. Ова доволно ти кажува дека не успеала твојата намера да се скриеш под некои (сега во случајов) наши херои – СЕРДАРОТ, а во минатото позади некои ДАНСКИ – херои или антихерои, сеедно.
    пс: има финти во блогирањево, кои не си ги совладал, па затоа посматрај уште некое време.
    Те поздравувам, зашто знам дек немаш лоша намера.
    18 Декември, 2006 – 01:54 | избриши | одговори)

    #
    Lavot напиша:

    Рибар, а ти даде изим Фуере за приказнава да ја раскажиш?

    П.С.Сердар ај не јај трици ако сакаш…
    18 Декември, 2006 – 02:46 | избриши | одговори)

    #
    С Е Р Д А Р напиша:

    Ти ги разбрав пораките ама баш оти те почитувам затоа и суштината на мојот претходен коментар ја пласирав кај тебе.Никако не можам да се сложам дека еден дел од вас кои навистина понешто и имате да кажете се задоволувате со тоа САМО да се забавувате а кога треба да станете свесни и за каква -таквата сила но овој медиум многу брзо влегувате во формалности кои главно се својствени на пасивните и површни луѓе.Е па навистина не сакам да те имам како некој формален и непознат мудрец кој има знаење но не сваќа дека познавањето на работите И ОБВРЗУВА НА ДЕЈСТВУВАЊЕ.Или стварно мислите дека од небо ке се симне некој и ќе ни ги опраи работиве .Едноставно го ценам тоа што подвлекуваш дека намерите не ми се лоши и пакосни но очекувам -ПОВЕЌЕ.Белки си свесен дека само со вакви преписки ниту може навистина да се каже се што е потребно ниту пак МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ имаат бесконечно време на располагање.Имаш доволно резервни форми и варијанти да докажеш дека сериозно ја разбираш мојата интенција да ве придвижам на ВИСТИНСКА АКТИВНОСТ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ТУНЕЛОТ ВО КОЈ СИТЕ СЕ ГУШИМЕ.
    ..П.С.Посебно тешко ми падна тоа што таа приказна пред 4-5 години ми ја раскажа и еден идиот каков што е Тито Петковски кој сакаше да ме импресионира а во суштина му беше посран изговор ЗА ДА НЕ ПРАВИ Н И Ш ТО.Е па сега ти види дали сакаш засекогаш да те сместам во таквата категорија на мои познаници.ПОЗДРАВ!
    18 Декември, 2006 – 02:46 | избриши | одговори)

    #
    С Е Р Д А Р напиша:

    За ЛАВОТ.
    Ти , што се однесува до мене можеш да јадиш по сопствен избор и колку сакаш но кога веќе се мешаш каде има и понекој писмен на ’маса‘ би можел малку да читаш и меѓу редови.Поздрав.
    18 Декември, 2006 – 02:53 | избриши | одговори)

    #
    Lavot напиша:

    пријателе олади малце, ај едно кафенце нешто такво…

    И утре сонцето пак ќе изгрее и снег можи че заврни, па снешковци, па деца, па ти реков ми рече….

    Издржи уште малце, че биди…
    18 Декември, 2006 – 03:43 | избриши | одговори)

    #
    КIМI напиша:

    сердар, знаеш дека кога со прст покажуваш кон некого уствари три прста се свртени кон тебе па кажуваат ти каков си!
    ние сме лајна докажано!
    18 Декември, 2006 – 03:53 | избриши | одговори)

    #
    С Е Р Д А Р напиша:

    KIMI S бре златна, ја разбирам твојата потреба да реплицираш и да глумиш компетентност на секоја тема ама де малку подзамисли се пред да напишеш коментар.Ами ти бре несреќо и пред нос да ти шетаат вaкви или онакви не ќе можиш да ги дефинираш а камо ли вака преку овој комплициран пат по кој јас возам .И де не туку се секирај ,не се однесуваше ништо од она погоре на тебе.Едноставно ОД ТЕБЕ НЕ СЕ ОЧЕКУВА АМА БАШ НИШТО та затоа баш и не мораш да се квалификуваш /ние сме лајна докажано!/Кој тоа вие?На кого ти мислиш?Та ги видов твоите написи на твојот Блог и прилично ми е јасно каква си и навистина немам намера да те КВАЛИФИКУВАМ.Е ако сакаш нешто на темава која е повод за мојата реакција и лутина повели коментирај и размислувај а јас со должен респект можам да ти возвратам. А за тоа дека некакви три прста кажуваат за мене кога квалификувам или дисквалификувам други, навистина не разбирам, освен можеби дека _ТРЕБА ДА СЕ БИДЕ ФИН СО СЕКОГО за да не се вперат некои три прста во мене(тебе).Е колку за таков ФИНЕЦ ич да не есапиш со мене.ПОЗДРАВ
    18 Декември, 2006 – 04:40 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Сердар:
    1. Имаш погрешна формула за изнесување на почитувањето. Искреноста е првиот предуслов за тоа.. во твојов случај имаш една непозната.
    2.Мојот и твојот „филм“ жанровски се разликуваат. Мислев дека до сега ќе сватиш дека распределбата на улоги не е во твои раце туку во секој од нас.
    Велиш „ … дел од вас и имате по нешто да кажете…“ Тоа ти е катастрофален пристап. Не знам со што си ја дозволуваш таа ароганција?.. со твојот минат труд (овде) сигурно не ја заслужуваш.
    3. Твојот револуционерен дух го има згрешено времето, односно каска по минатото.
    Сурово е, а? Е сурово беше поставен предизвикот од твоја страна.
    4.Мојот избор е мој, а дали Ти ќе ме споредуваш со овој или оној е тое право. Не би сакал да зажалам што сме се „познавале“, зашто мислам дека можеш да излезеш на правиот пат.
    Што, зар мислеше дека Ти си клучниот „лидер“ во ситуацијава? Видиш, па јас мислев дека сум тоа Јас!
    Сме се разминале (идејно и концепциски) изгледа, но тоа не значи дека не треба да го задржиме нивот на толеранција и почитување, нели?
    5. и последно: Немаш право да ги одврајќаш моите пријатели блогери да си го кажат својот став. Ти пријателе ја потцени блогосферава изгледа. Ги изнавреди обајцата, но јас нема да те бришам, зашто нема потреба, зашто си прочитан.
    Совет: Потсуреди си низ дома (низ плахарите), исфрли ароганција, а и друго ако ти тежи, па дојди да разговараме на мојов блог.

    пс: искреност, толеранција, љубов, почитување my friend, а не само пуста ЖЕЛБА за посочените.
    Поздрав
    18 Декември, 2006 – 16:21 | избриши | одговори)

    #
    С Е Р Д А Р напиша:

    РИБАРО!
    Ајде да пробаме со ред:
    1. Имаш погрешна формула за изнесување на почитувањето. Искреноста е првиот предуслов за тоа.. во твојов случај имаш една непозната.
    -Дали ако употребев ЦИЛЕ-МИЛЕ терминологија ќе ја погодев формулата за ’изнесување на почитувањето‘и ’Искреноста е првиот предуслов за тоа..КОЕ/ШТО?!
    Во мојов ’случај’ навистина има повеќе непознати а не само една./Во твојот исто така, па затоа и тврдам дека овој медиум е каков-таков.Остава премногу непознати. Па како искрен и отворен човек ти оставив и понудив и друга можност -тел.број.Како уште треба да те потсетам дека тој може и да се користи(знам дека за еден стечаец тоа подразбира и трошок но ете, без омаловажување, кога јас би го имал твојот број некако би се снашол и би поарчил некој денар во име на отстранување на непознаниците.
    2.Мојот и твојот „филм“ жанровски се разликуваат. Мислев дека до сега ќе сватиш дека распределбата на улоги не е во твои раце туку во секој од нас.
    Велиш „ … дел од вас и имате по нешто да кажете…“ Тоа ти е катастрофален пристап. Не знам со што си ја дозволуваш таа ароганција?.. со твојот минат труд (овде) сигурно не ја заслужуваш.
    -Ептен е нормално тоа што“филмот“ ни е различен.За твојот стекнав некаква претстава од постот и коментарите на СТЕЧАЕЦ НА JVC (се разбира со сите маани и можноста да е тоа нерепрезентативен примерок).За распределбата на улогите само имаш погрешен впечаток дека претендирам на нешто, но вината за таков твој впечаток веројатно делумно е во речникот кој го користев.Ароганција?..во ред ти тоа така го толкуваш и тука нема одбрана или контра аргументи.(со)Минатиот труд (овде) сигурно не ја заслужувам..(?!)Граматичка неисправност која произлегува од намерата да се зададе контраудар + какво -таквоста на медиумот.Кој овде тврди дека има доволен стаж и заслуги.Јас ,не!
    3. Твојот револуционерен дух го има згрешено времето, односно каска по минатото.
    -Сосема намерно ке бидам до крај остар:СЕ СОМНЕВАМ дека воопшто некогаш си размислувал сериозно на темата револуција и револуционери а уште помалку за модалитетите на тој поим како СТАРОМОДЕН , СОВРЕМЕН или некаков друг.Може да се зборува за поинакви методи на манифестирање и делување но никако за застареност или ДЕМОДЕ(каскачки) РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ДУХ.Дрвено железо ?!?Не оди, нели?
    Дали е сурово?!Признавам -ДА, особено ако двигател е повредената суета на оној кој така се пресметува.А колку сурово јас сум го поставил предизвикот нека зборува нелагодноста која ја предизвикав кај вас.Ако ми беше намерата да се стопам во вашата ’еби му мајката ,што можам јас да направам‘ филозофија или концепција, немаше воопшто да влегувам во комуникација ,особено не на начинот кој јас го избрав, нестандарден.И само да додадам во овој контекст -обиди се да ги воспитуваш своите деца само со тинтрање и покажување на позитивните душевни состојби а гушејки ги автентичните мигови на лутина и несогласување со нивните постапки ,тврдам дека ќе ’произведеш‘ ментални инвалиди. Зборувам од лично и професионално искуство.
    4.Мојот избор е мој, а дали Ти ќе ме споредуваш со овој или оној е тое право. Не би сакал да зажалам што сме се „познавале“, зашто мислам дека можеш да излезеш на правиот пат.
    Што, зар мислеше дека Ти си клучниот „лидер“ во ситуацијава? Видиш, па јас мислев дека сум тоа Јас!
    Сме се разминале (идејно и концепциски) изгледа, но тоа не значи дека не треба да го задржиме нивот на толеранција и почитување, нели?
    -Да ,изборот е твој а кога јас го искористив моето право ти наопаку го протолкува.Значи, ако и зажалиш некогаш тоа МОЖЕБИ ке биде затоа што не си ја зауздал својата суета која ти сигнализирала загрозено ‘лидерство‘.
    Само уште да разбереш дека јас не препознав кај вас (ТЕБЕ) ниту идеја ниту концепт но тоа не значи дека негирам можност и навистина да постои такво нешто.Не се залажувај дека такво нешто можеш и кај мене да препознаеш преку ваквата штура комуникација +предрасудите ,кои е нормално да ги имаш кога навистина каков-таквиот медиум колку открива барем половина од тоа -замаглува.
    Е тука е моментот ,после овој пасус ,да се увериш и себе и мене дека имаш сила за толеранција и почит а ако се најдеш увреден да ја согледаш сопствената неискреност и слабост.
    5. и последно: Немаш право да ги одврајќаш моите пријатели блогери да си го кажат својот став. Ти пријателе ја потцени блогосферава изгледа. Ги изнавреди обајцата, но јас нема да те бришам, зашто нема потреба, зашто си прочитан.
    Совет: Потсуреди си низ дома (низ плахарите), исфрли ароганција, а и друго ако ти тежи, па дојди да разговараме на мојов блог.
    -Блогосверата не само што не ја потценувам ами изгледа ја преценувам и за тоа сум спремен да одмолчам критика на рачун на мојот статус на ’новајлија‘.Твоите блог пријатели сепак ги сметам за исто толку вредни колку и тебе за да можам директно и без твое посредништво да ги прозивам ,провоцирам и проценувам како и тие мене .Со сето свое незнаење во овој фах ценам дека колку сте слични во некои ставови кои овде ги застапувате, многу сте различни во многу други суштински обележја како личности.Та бидејки ме инспирираше на крајна искреност ред е да ти кажам дека не чувствувам никаков долг ниту кон тебе ниту кон нив но затоа пак чувствувам обврска да бидам што по истраен во намерата да ве продрмам и поединечно и заедно бидејки вашата куртоазност во меѓусебната комуникација е за мене лесно читлива а за вас знам дека е погубна .Сите живееме во тесната кожа на оваа невреме а вие сте склони да негувате или пак само демонстрирате ЛАКО ЧЕ МО-филозофија.А имате и капацитет и нужда да бидете попродуктивни па така да им доакаме сите заедно на оние кои ја искреираа оваа МИЗЕРИЈА.
    Сосема за крај една изрека:„ Да бидеме реални и да го бараме невозможното а скромноста и толеранцијата да им ја оставиме како доблест на оние кои немаат ниедна друга особина(талент)со која би се пофалиле.“
    ..П.С .За љубовта и ароганцијата никогаш не зборуваат оние кои тие чувства ги имаат во себе.Освен поетите ,психолозите и уште понекој.
    ПОЗДРАВ..
    19 Декември, 2006 – 00:55 | избриши | одговори)


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива