Ова е Libra-та за која се држеа – аргументирано, блогерите кои беа „За“ и „Против“ Протестите за Визниот Режим.
Едни се држеа за левиот а другите за десниот тас.
Јас, да бидам искрен, радо би ги ЗГРАБИЛ и двата „таса“.
Зошто?
Затоа што знам дека, кој и да натежни ние пак ќе го кркаме куро. Вака барем че си останам со полни раце.
Ова се аргументите на блогосферата:
- Протести „ДА“ (за левиот „тас“) – се изјаснија:
Panta rei (1, 2): … Визите се реален проблем на цела држава, а со седење на тросед и мрчење не се постигнува ништо. Најлошо е кога човек ќе се помири, или ПОКОРИ, како сакаш. Од тоа уште полошо е ако се работи за млад човек. А од тоа уште полошо е ако друг не му ја скршил волјата, туку тој сам се откажал од неа!
Волан: … Одсекојпат сметав дека осем исполнувањето на техничките услови за безвизен режим со ЕУ (соодветен пасош, соодветни гранични премини, договори за реадмисија со земјите на ЕУ и незнам што се уште) – мораме да вршиме притисок и со други средства – разни кампањи – протести па ако треба и големи митинзи…
ХулаХопа: … драги мои пријатели …. или ќе дремеме …. или ќе им одржиме лекција …. наше е …. ХулаХопа ќе свири на шупелка пред Амбасада ….
па сеа види ти … шо ќе праиш
ВББ: … ФАКТ Е ДЕКА ЕДЕН ПРОТЕСТ МОРА НЕКОЈ ДА ГО ОРГАНИЗИРА, иначе ќе дојдат петорица. Кога вакви големи организации стојат зад него нормално ќе се собере и поголема маса. Понатаму аргумент е исто дека ако не се бунат луѓево ш’о очекуваат онда? Ако се сеќавате Тајванка требаше да ни дојде да не’ научи како да протестираме против нехуманиот однос на Грчкиот конзулат, се сеќавате?? ЕПА ТОА Е ТОА, ЈА НЕЗНАМ ВИШЕ Ш’О ДА МИСЛАМ, ЌЕ ГО ЕДИТУВАМ ПОСТОТ ЌЕ МУ ДАДАМ ЕДЕН ПОНЕУТРАЛЕН ИНФОРМИРАЧКИ ТОН ПОШ’О више со овој народ не се знае никад ништо.
DUKI: (дел од поема) …Дали ќе ги скршиме вавилонските канџи дали ќе ги срушимеевропските пранги…
albanac: Го подржуваме акцијата против визниот режим.Младинскиот Форум на Демократската Унија за Интеграција во својата програма меѓу другото го има и вметнато и прашањето за укинување на визниот режим во кој нашата држава се наоѓа во таканаречената ,,ШЕНГЕНСКИ ЗИД…
Блогот на Јован: 9ти Ноември е ден за протест, против сите гњаважи со визи, за достоинство на сите нас. Држат сите забелешки, но ова не е ниту време ниту место да се решаваат други и туѓи проблеми…
KIMI: (има две интересни анегдоти)
Arwena: Не сакам да бидам уште една тула…
Протестот (со постови) го подржаа: jadiburek, waterlily, Viza Fajter-блогот на организаторот, cartOOns,stingEYE, all_is_half, nearen, MastermindMK, Spartak, Кλειστοφοβίа, Кичевчанец
… … …
- Протести „НЕ“ (за десниот „тас“) – се изјаснија:
Bukarski: … ви се обраќам и вам, на вас ебaни татини синови со студентски функции криминално обезбедени благодарејќи на “вештото раче“ на рекетарите и обезбедувањата на вашиот партиски шеф (при полнењето на изборните кутии) каде функција “водач на студенстки сојуз“ ви претставува битна ставка CV-то на идната вашата политичка кариера.
знајте, вие сте рак кој непрестано метастазира и брзо се шири и ја полни главата на младиот и чист студентски ум, и го контамира со вашиот полжавски опортунизам, цинизам и макијавијализам.
единствено се ангажирате кога добивате зелено светло т.н. ДИРЕКТИВА ОД ГОРЕ…
Зомбификација: … Нема да излезам, затоа што не сакам да се чувствувам како политички изманипулиран „тапанар“.А така се чувствуваа многу мои познаници кои излегоа на срамните „студентско-ученички протести“ предводени од нашиот сегашен министер за надворешни работи…
аНТИблог: … Искрено? Ништо не ми значи ова. Кој кур ќе ми е олеснување на визниот режим кога немам пари да патувам? Се осеќам ко кретен…
IACOVIBUS: … Чекор понапред, спасот не треба да се бара надвор. Спасот е тука, од нас и во нас. Кога ќе успееме да направиме дома да се чувстуваме како во Европа, никому нема да му се сака да оди во Европа, или било каде…
Мечето Ушко: (преку интересна парадигма… ).
..
Вуна: (се држи за двата, ама мава накај левиот „тас“:): … Значи, на протестиве ќе присуствувам, заради масовност.. онака, да се дешава нешто.. што во ниту еден момент не значи дека сум им прогледал низ прсти на тоа лоповско-полтронско дувло наречено Студентски сојуз…
Па сега, бирајте вие…! Го сакате: левиот, десниот или и двата цицлести таса од „Гола Libra“ би ги ЗГРАБИЛЕ?!?













#
ХулаХопа напиша:
поеќе е до свеста отколку до контрашењево …
секогаш се наоѓаат изговори ….
шо е битно кој го организира ?? ало …. удрете се у глаа …. ССУКМ аргументацијата не држи …. дека е обична збирштина на политички задоени …. ок …. али они не се главни организатори, него едно јако типче по име Леон и негова компанија у Аежее ….
…
неам пари за шетање, па затоа не се борам за заедничка цел …
тоа шо неаш пари нема благе везе со темата ….
…
да средиме прво дома …. кој моронлук од муабет чоече … ти друже сакаш да се развиваш као остров изглеа … или ко Амишине …. исто не држи од причина шо си зависен конзумент на производи шо идат од други држави ….
значи или ќе ги прифатиме тековите и ќе придонесем или ќе јадеме гомна …
….
а шо тука имаат визите …
епа, седете у лајна од сите четири страни заковани со sид ….
па не прифаќајте никакви токови ….
…
острови со софистицирана канализациска мрежа ….
…
не држат аргументациите ….
него ај да лупаме за инат ….
5 Ноември, 2006 – 13:17 | избриши | одговори)
#
tv-set on blue напиша:
шо фина паланѕа имал дедо боже, на каде натежнува само?!
5 Ноември, 2006 – 19:32 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Неколку пати индиректно сум повикан да се изјаснам за протестите за визниот режим. Мислам дека е поважно да го сублимирам ставот на блогосферата со сите аргументи кои се користени).
5 Ноември, 2006 – 21:51 | избриши | одговори)
#
Lavot напиша:
досега свесно не се вклучував во расправава од причина што и јас ги држев двете цицки, ама прво…
Срамота е ова шо ни го прават со визите
Ама уште посрамота е тоа шо ние го прајме со визите
шест месеци
тантарарараара
Ви текнува К15 така…
Е да тибам народо да ти бам шо оди секоја година на одмор У ГРЧКА, да тибам народо шо бара визи за ЕНГЛЕСКА…
Само да потсетам, еве еден мал придонес (кој иако првенствено се работи за земањето буг. пасоши, има допирни точки и со ова)
Стојанче, Рембрант и жабата
поздрав Рибар и секое добро
5 Ноември, 2006 – 22:39 | избриши | одговори)
#
Fljambur напиша:
a kaде е третата опција?
не се гледа?
тро подолу на сликата
5 Ноември, 2006 – 23:00 | избриши | одговори)
#
Ronin напиша:
кога имаш две опции одберија третата – еврејска поговорка 5 Ноември, 2006 – 23:16 | избриши | одговори)
#
Bagras напиша:
Супер компарација, само има еден проблем. Кога се компарира се спротивставуваат две тези. Едната е јасна Не на визниот систем, а другава?? ССУКМ, па кај жити бога ги видовте? Јас видов Сојузи на Студенти во првиот дел од првиот налет на ПР. Сега прочитав дека организаторите ги отстраниле бидејќи биле пасивни и не сработиле ништо… Сосема логично. На крајот на краиштата во очите на законот Сојузите на Студентите се тие кои ги контактираш кога сакаш нешто од студентите. Организаторите по мене сосема добро постапиле што ги повикале. Незнам ни кој е тој Капа ни што сака у животу. Битен момент е дека Сојузите се на факултетите, тие треба да ги информираат студентите. Сосема логично бидејќи нема логика ваков протест да нема маса на народ… Јас на „десните“ блогови видов само фрустрација плукање и неаргументирано дерење на деца-опортунисти. Па боже мој Букарски и Вуна. Луѓето кои пред две години кога се појавија со блогови ќе го рушеа системот. Пред година дена ако не се лажам се степаа за ситни парички да пишуваат бљуткави колумни во Време. Ова се луѓе со кредибилитет и интегритет??? Овие луѓе сеуште имаат лице во јавност да споделат свој став??? Јас нема да бидам на протестот бидејќи сум на работа и нема да ми дозволат да излезам. Браво за момците и девојките кои ова го организираат!!! Само така, и немојте да се поколебувате пред ситни души!!!! 6 Ноември, 2006 – 01:44 | избриши | одговори)
#
anaveno напиша:
ма чудо сме ние македонците..
ќе протестираме против цел свет..
зошто?..
поради комуњарскиот менталитет на организаторите..
ама немој и против нашиве кој не вовлекоа во таа каша..
протести..
ама пред собрание и влада..
па у собрание и влада..
по можност кога се на куп..
и обавезно ластегарки..
или безбол палки..
не ме викај фиром..
отиде низ цел свет..
а зашто не прекрстивте во фиром..
ни кај Бане..ни кај Киро..
и после Солана ни е крив..
ајде бе..
6 Ноември, 2006 – 02:51 | избриши | одговори)
#
Травија напиша:
Преку к** од вакви лајачи. Што не земеш ти палка и да маваш?? Се согласувам со Баграс 100% Не се децата комуњати, туку ти! Незнаеш тоа што го имаш бар малце да го цениш. Со сила овие нашиве политичари се расправаат. тие што сакаш ти да ги маваш не се разликуваат многу од тебе! 6 Ноември, 2006 – 03:10 | избриши | одговори)
#
abc напиша:
компарацијата ти е бомба, а како би си легнал помеѓу двата таса ммммм. Респекат за целината 6 Ноември, 2006 – 05:01 | избриши | одговори)
#
anaveno напиша:
убаво е да протестираш..
и лаеш..
само немој многу да јадеш..
тие што ги браниш..
сакаат такви како тебе..
некој што им ги тинтра мадињата..
додека има овци како тебе..
нема зимо..
за нив..
уживај си во ценетава оаза..
6 Ноември, 2006 – 05:59 | избриши | одговори)
#
волан напиша:
Рибаро
Значи ке морам да ставам трета страна во мојот пост пресек кој подржува а кој не протестите … “НЕОПРЕДЕЛЕНИ“ … “СЕДАЧИ НА ДВЕ СТОЛИЦИ“ …. “ВОЗДРЖАНИ“ …. Smiling
НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО !! – Виза, ај батали!
Што се однесува до тасовите од твојот пост – некако поголема ке да е левата цицка – а и по на мерка ми е …
Инаку тешко дека можеш успешно да цицаш од две цицки истовремено … ке останнеш без ниедна … Smiling
поздрав – што би рекла Натка имај убав ден.
6 Ноември, 2006 – 12:25 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Волан,
Јас колку што ги прочитав излагањава на блогосферава а и во некои форуми, многу ретко е некој за тоа да остане визниот режим за Македонија (освен ако не ги читаш само насловите)
Не дека потпаднав под притисокот, со кој ти упорно манипулираш за да се изјасниме за, против или неутрален (цицач) како шо не крсти, туку дека си се запнал да ме „влечиш“ (за збор де:), па еве да ти одговорам онака „Сувопарно“ за да ме разбериш:
- Од кого бараме да го урне шенгенскиот ѕид?
Од земјите потписнички на тој договор(чинам беа 12 членки од ЕУ +Исланд и Норвешка).
- Каков услов ни поставија тие?
Покрај другите и: machine readable passports, договори за реадмисија со земјите членки.
- Што исполнивме од двава услови?
Исполнивме курац. Со повеќе од пола немаме договори за реадмисија, а пасошката сапунска трагикомедија ќе завршела некаде на почетокот од 2007г.
- Дали датумот 9-ти Ноември е среќно избран поради Падот на Берлинскиот Ѕид или некој вешто со тоа изманипулирал?
Среќно курац. Наместо откако ќе си ги исполниме условите (кои ни ги наметнале и за кои сме се обврзале дека ќе ги исполниме), аргументирано да се изнавикаме и протестираме – онака поштено, сега се повикува на некоја еуфорија поткрепена на тоа дека сите не мразат а ние сме деви марии…
Кој курац че ни фалеше ако протестов се одржеше за некој месец, откако ќе ги исполневме барањата?
Ќе ни се скршеше алот, ако наместо со журки (еј алоооо, за да се добие на масовност, младинава наша морало да се забавува инаку кој ве еба, нека протестираат подмладоците НВО-вски или партиски.. или како шо прочитав некаде – журката била да се изрази симболиката со бламирањето на Битолското КУД друштво од страна на Британската Амбасада?!?), со факти им се размавтавме на ЕвропИјците.
За организаторите ќе се воздржам од коментар, зашто не ми е позната нивната структура, но со самото тоа што се вешто изманипулирани, може да се насети мојот став.
После сево ова мојата „либра“ која се погоди да е гола ми дава резултат да сум ГЛУП и да немам мој став околу протестиве, закажани за фамозниот 9-ти Ноември.
или.. ПРТЕСТИ ДА, НО НЕ СЕГА!!!
6 Ноември, 2006 – 14:36 | избриши | одговори)
#
Ronin напиша:
историјава се повторува, македонскиот народ поделен како и секогаш и не сложен за ништо а Илинденското востание предвреме избрзано….со познато сценарио 6 Ноември, 2006 – 14:50 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Пс: Волан, … е откако ќе ги исполневме условите, ќе ја викневме цела Влада заедно со недокваканоно министерче за надворешни работи, да дојде и да протестира со нас…
И кој курац пред влада да се протестира (и таа го држи истиот стап, пардон став), одиме директ пред канцеларијата на Европска Комисија, сосе камп опрема, Сузе Спасеска, Есма и сл Smiling
6 Ноември, 2006 – 14:51 | избриши | измени | одговори)
#
RIBARO напиша:
Ронин, избрзаните чекори, покасно носат само сопки и дополнителни трошоци за доктор, нели се сложуваш? Smiling
6 Ноември, 2006 – 14:54 | избриши | одговори)
#
Ronin напиша:
народецов рекол
сиромајо двапати плаќа
кај ќе одам со 6000 ден до бензиска нема да стигнам во Белград а камоли Европа да ја шетам, нашиот најголем проблем е сиромаштијата а не визите, да имавме стабилна добра економија Грцине ќе изградеја 5 автопати до Македонија а не граници да затвораат.
6 Ноември, 2006 – 14:59 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
ашколсум на муабето, Ронин 6 Ноември, 2006 – 15:21 | избриши | одговори)
#
Lavot напиша:
а бе во Јапонија не бараат виза….
Ама никој не сака да оди таму…
Зошто?
6 Ноември, 2006 – 15:31 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Одприлика, постот на КНСИС се совпаѓа со мојот коментар погоре
6 Ноември, 2006 – 16:34 | избриши | одговори)
#
sting EYE напиша:
ООООООООООО
Братми
Јако ти е ова со цицињата
Во небрано ме стаде сега
Кај да стегам
Левата или десната
АБЕ ДВЕТЕ…
6 Ноември, 2006 – 19:43 | избриши | одговори)
#
Развигор напиша:
Сметам дека без разлика дали некој нам ни става препки, ние треба да го либерализираме визниот режим максимално и да даваме (и наплатуваме) визи на граници за оние земји кои бараат од нашите граѓани.
http://razvigormk.blogspot.com/2006/11/blog-post_05.html
Или да може да се нарача виза преку Интернет.
6 Ноември, 2006 – 20:53 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Развигор, се согласувам во целост, но тоа во моментов е другата страна на новчаницата. 7 Ноември, 2006 – 02:09 | избриши | измени | одговори)