Везилка
- Везилка
- Везилке, кажи како да се роди
- проста и строга македонска песна
- од ова срце што со себе води
- разговор ноќен во тревога бесна?
- - Два конца парај од срцето, драги,
- едниот црн е, а другиот црвен,
- едниот буди морничави таги,
- другиот копнеж и светол и стрвен.
- Па со нив вези еднолична низа,
- песна од копнеж и песна од мака,
- ко јас што везам на ленена риза
- ракав за бела невестинска рака.
- Судбинско нешто се плело за века
- од двете ниски, два созвучни збора,
- едната буди темница што штрека,
- другата буди вкрвавена зора
2.
- Везилке, крени наведена лика,
- погледај в небо во претпладне златно:
- се зари таму и чудесна блика
- твојата везба на синото платно.
- За тебе нема ни вечерен запад,
- ти – морно око на трепетна срна.
- две бои таму ти горат и капат,
- две шарки твои – црвена и црна.
- Зар не се плашиш јаркоста нивна,
- и најмил спомен дека ќе ти згасат?
- Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,
- дните ти минат, прокоби се гласат.
- - И најмил спомен што в душа ми блесна
- се гаси од нив ко цвеке без боја.
- Но ти што ловиш звук на чудна песна,
- ти си ја кажа судбината своја.
Блаже Конески
Денес се навршуваат 85год. од раѓањето на Блаже Конески.
Среќен роден ден „учителе“




Овие фотографии се од отворањето на спомен домот на Блаже Конески во с.Небрегово 2005година
Comments (1)















#
HAMLET-hm напиша:
Секоја чест РИБАРо!
Убаво одбран момент и уште поубава песна.Е сега останува уште да не бидат мрзливи посетителите на твојот блог па наместо да кликааат со мислата ’аха,ова ми е познато и го знам‘ туку да подзастанат и збор по збор и стих по стих да ја дешифрираат ПОРАКАТА од грандиозниот следбеник на св.Климент а за мене пресветол БЛАЖЕ КОНЕСКИ.
п.с.За да не не’ превладее ТЕШКОТО.
20 Декември, 2006 – 01:07 | избриши | одговори)
#
SPACEGUN напиша:
Зар не се плашиш јаркоста нивна,и најмил спомен дека ќе ти згаснат. Стих од кој ретко кој останува присебен. Инаку имам куќа во Небрегово. Поздрав и браво за постов. 20 Декември, 2006 – 01:32 | избриши | одговори)
#
HAMLET-hm напиша:
Без намера да ти ласкам но ако Небрегово родило такво ВЕЛИЧЕСТВО какво што е Блаже(н) мора тоа да е едно од најубавите села на планетава.Поубаво дури и од моето родно Требичино(Струмичко).И, не вели ИМАМ куќа во Небрегово туку речи -КОРЕНИТЕ ми се од Небрегово!Оти јас, иако сум роден кај што сум роден и имам нешто имот таму, сакам и се надевам дека и јас имам корени од Небрегово.
П.С.Си го одбрал најсуштинскиот стих од песната та затоа и ТИ ВЕРУВАМ!
20 Декември, 2006 – 01:55 | избриши | одговори)
#
SPACEGUN напиша:
Можеби кога не би ми верувал, би се обидел да ти покажам колку само убавина е скриена таму и во тие предели. 20 Декември, 2006 – 02:04 | избриши | одговори)
#
HAMLET-hm напиша:
Навистина солидно е моето знаење за тие краишта(често престојувам во Прилепскиот крај) но нема да ми пречи,напротив, би сакал да ги прочитам твоите зборови за тамошната убавина.А тоа што не сум бил во Небрегово е само затоа што лично(освен Блажетa) никој досега не ми се прикажал од таму.Наредново одење таму, кое може да биде уште задутре, сигурно ќе поминам еден ден и една ноќ таму, макар сам пред селската чешма.
20 Декември, 2006 – 02:11 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Денес (а веќе е вчера) е двоен празник. Едниот духовен, а другиот продуховен-народен.
Спејсган и Хамлет-Хм, да ве дарува Свети Никола со здравје и живот за догодина и навек. Да го носиме четивото на Блаже и да го величиме како што тој го величи нашиов јазик и збор.
20 Декември, 2006 – 02:23 | избриши | одговори)
#
HAMLET-hm напиша:
Запознаен сум со Житието и на еден друг РИБАР од Галилеја и верувам во вашиот благослов та затоа ја знам и ја чувствувам и живеам благодетта од вашиот благослов оти сте -ХРИСТОВИ!
БЛАГО ќe ДАРувАМ каде ќе проценам и дознаам оти треба.Дури и ако не знаат оти јас затоа и СУМ!
20 Декември, 2006 – 02:32 | избриши | одговори)
#
SPACEGUN напиша:
Го преминувам тој крај почесто, чиста убавина. Збор некажува многу додека не се увериш самиот. Еден убав ден ќе ве соберам со рибарот на мал мониторинг-))). 20 Декември, 2006 – 02:34 | избриши | одговори)
#
Lavot напиша:
Слава му!
20 Декември, 2006 – 02:41 | избриши | одговори)
#
Fljambur напиша:
едниот буди морничави таги
другиот копнеж и светол и стрвен
едната буди темница што штрека
другата буди вкрвавена зора
-Два конца
од двете ниски
јаркоста нивна
црвена и црна
судбината своја.
Небрежани се на потег…
20 Декември, 2006 – 05:53 | избриши | одговори)
#
SPACEGUN напиша:
Девет децении не се малку, многу се. А уште ништо несменето од опевањето, Небрегово не бледнее додека не изнедри некој нему сличен. И најмил спомен што в душа ми блесна!!! 20 Декември, 2006 – 06:01 | избриши | одговори)
#
Mama напиша:
Секогаш, ама секогаш ме потсетува на она што е наше, мислам на „Везилка“. За жал, некои работи ќе останат такви какви што се. Мене ме воодушевува „Болен Дојчин“ од неговата поезија, како и ова:
„Не барам збор за ова што ни се случува
Речи го,
предавство, лудост, гадост, нискост
Секој ќе плати за својот гнев
Пустошот што те чека јас веќе го доживеав
на крајот сеќаваш дури жал и блискост“
20 Декември, 2006 – 12:02 | избриши | одговори)
#
Шанкуре Блог напиша:
Рибаро бато ти си да те граба чоек и да бега..:) 20 Декември, 2006 – 16:18 | избриши | одговори)