Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

PADOBRANCI-MAKEDOKSKI

постирано: (9 Октомври, 2006 – 05:26)

Ме изнамачи текстот на ВББ дур го исчитав и излинкав вкрај и дури неко е-книже шо го беше кутричкиот препорачал, ми остана неисчитано, па ај си реков дур не сум издумал се и дур не ме подзеле и мене во машинеријана дебатска дркачка ем историска, да ви кажам на шо сум и како сум јас,  ваков прос каков шо ме родила (или сум паднал од небо неокурсен падобрански), мајчичка ми или небесана божја ил неко туѓа рожда.

Не дека го боли к** некој за моиве патилаци од простотилаци, ами чисто за душа ми олеснување и прочистување.

Сетне, вака пишав и се издишав од душа в гуша кај ВББ таму и тогаш.

Умен е тој, галиба многу четива има преџвакано и постој изглаголено.

Еве шо издишав, премален во ниедновреме, а отрудев да не се изрезилам прз величините, ама надокрај папсав:


- Го исчитав вкрај текстов иако некаде на средина кај Коља шо ти рекол:„(Во една прилика за овие теми поразговарав и со Коља. Тој во негов стил ратоборно истапи, па кој кур бе ја да се правдам?! Ќе се нарекувам како сакам. Постмодерна нација бе? шо ме боли курот мене и за Грци и за Бугари и све. Ма ш’о ќе си тупам глава!! Измислени сме? Ок бе измислени сме, готово, точка. Ми моеш нешо?)…  му се подумав да застанам, ама ај си реков малку знам за историско-геогравските  гледишта на другите држави во врска со (како што гледам си се расплинал) Балканот.

Нихилистички или не,(на крајот од една евентуална емисија кај Јанко) сигурен сум дека на секој „прос“ (како мене) гледач ќе му се врти една мисла… а тоа е: од Коља муабето или пак, да си бараме падобрани или параглајдери и онака без почетен курс да се фрлиме од Мечкин Камен и кај ќе падниме таму и да останиме, оти такави сме ти биле ние народ падобранЦки. А уствари кој кур ги терал да ни клаваат падобрани.

Цела работа е што ние сме ти „пиреј“ безсезонски, ами сесезонски корен и не ИМА бе, па сакале тие да пушат турски, бугарски, српски или албански чибук, дур не ИМА А ЧЕ НЕ ИМА че ни пушат курот!

Па бил јас нихилист или не.

…. Ајде сега дрвете вие…

пс: ти го почитувам знаењето и маката, ама затоа е  оставена можноста за коментари, нели?

Е од тие „НЕЛИ“ преобратени премиери, го кркаме бе брат.


Коља или Катанец за председник!!!

За татковината со Пандев …НАПРЕД !!!

А, ако го искркаме од Андора в среда и на Катанец че му го бапниме падобрано, оти, кој му е крив, кај се пулеле ко влегувал во авионов пробалканско-пелопонески, тракиско-илиридски и Токиски.

Ние сме ти Европо: Darling Macedonians

….

Додаток (21: 40 истиот ден)

улогите:

-ВББ се квази историчарчината со по неко книже потпрочитано
-Коља е народот наш,
-Катанец, оние малку Европски пријатели шо ни потпомагаат(ама не за џабе)
-Пандев е Гоце Делчев
-НЕЛИ е ЉуБ/Пчо (кој ти знај како му беше името, де вака е де така)
-Јебига, сите че го сватат она Darling Macedonians (иако можи да има некоја печатна грешка) и убо че ни дојди, слатко и јадно
-Јас сум незнајниот народен раскажувач
Ама кој ти ебе денес симболика, брат?!!!!…

Додаток (10.10. 2006)

Во текстот на ВББ (првичната верзија, на која е и врзан мојов текст) името на дотичниот „Коља“ е сменето и на негово место стои „пријател“.

Пс: Му благодарам на ВББ што ме извести за измената.

Многу коректно од негова страна.

Е да ,че беше коректно да беше така, да ми пишеше ВББ, ПП или во коментар ама изгледа го потценив „противникот“ тој мава и со ниски удари, а тоа говори за неговата култура!

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    Alex_Bukarski напиша:

    оппсс..препрочитав сега пак! тексто на Рибаро треба да се препрочита саглам. бато, потполна поддршка, сполајти и јас се занесов на ЈБ-блог, ама еднаш и појќе никогаш. абе какви црни (само црни бе!) истории и бакрачи.
    ЧУПИТЕ пичињата на асфалт ги фрлија бе…
    9 Октомври, 2006 – 05:39 | избриши | одговори)

    #
    Vinetu напиша:

    ако бериш гајле за чупите прајчај ги накај нас…
    9 Октомври, 2006 – 09:44 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Букар, ситно бројш а братми, ама и јас изгледа!
    … Се мава овде, ама и се цвика. Најмалку се пика!
    Кој да ја свати сиболикава бе?!!!!!
    Кој да свати дека на пример:
    -ВББ се квази историчарчината со по неко книже потпрочитано
    -Коља е народот наш,
    -Катанец, оние малку Европски пријатели шо ни потпомагаат(ама не за џабе)
    -Пандев е Гоце Делев
    -НЕЛИ е ЉуБ/Пчо (кој ти знај како му беше името, де вака е де така)
    -Јебига, сите че го сватат она Darling Macedonians(иако можи да има некоја печатна грешка)и убо че ни дојди, слатко и јадно
    Јас сум незнајниот народен раскажувач
    Ама кој ти ебе денес симболика, брат?!!!!…
    9 Октомври, 2006 – 15:47 | избриши | одговори)

    #
    Челикчомак напиша:

    Ако бе нека си каэва фиљанфиљан и то е интересно. Само од думата на крдото подалеку.

    А эа пикање лесно ет, ваѓањето навреме потерсене. Така барем ми кажа Ќелајо (от Посадата).
    9 Октомври, 2006 – 23:12 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Челик не дека ВББ нешто лошо има кажано, туку и самиот вика (на почетокот на постот) дека не е експерт а проблематиката, а после се расфрла со полу факти, полуконстатации, шо во еден момент си помислив дека сме падобранци, па после не најде некаде, па пак не акна.
    9 Октомври, 2006 – 23:48 | избриши | одговори)

    #
    Челикчомак напиша:

    За “нашето прашање” мора да сме падобранци Рибар, а понекогаш и од оние десантните. Шо мислиш, другите крда ги эаболе эа нашите или пак нивните полувистини? Во секое купче падобрани се наоѓа по еден ранец. И колку да паэи чоек…туку и мене киэнај шо ми е муабето…(во мојо ранец можда че се нај некоја чутура?) 10 Октомври, 2006 – 00:13 | избриши | одговори)

    #
    Alex_Bukarski напиша:

    а бе а. К. всушност сакал да се отараси од него, му скурчил нешто и помалку на заебанција му рекол – е добро бе, измислени сме па што! во смисол, “добро и така да е, а не е, не се замарај толку“. море, абе… секој да си се држи до своето треба, секој едноставно да си ја гледа својата работа. многу е едноставно, кој кур мислам? Рибар, што не “разглабаш“ ти сега за модели на нуклеарни реактори? а? имаш право да збораш за цената која ја плаќаш за добивањето на таа енергија, за користењето на истата ко алтернатива колку е тоа полезно, еколошки, итн, итн. но не и да изигруваш експерт за нуклеарки џанам?

    п.с. Винету дали го знајш оној графитот..“светот е тркалезен а пичињата се ебаваат по ќошиња!“
    10 Октомври, 2006 – 00:19 | избриши | одговори)

    #
    Vinetu напиша:

    Пичињата се ебаваат каде шо че стигнат бе баце…
    Само еве се жалаат по скопјево – Ебачи фалело!!!
    10 Октомври, 2006 – 00:44 | избриши | одговори)

    #
    Fljambur напиша:

    Рибар немав време да го читнам то сето,а десантот на дрвар се спомиње таму али не,да го читам сето? 10 Октомври, 2006 – 03:32 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    нурнав десетина коментари од постов кои апла беа оф темава…авторите ако се лутат нека го лупат 10 Октомври, 2006 – 03:39 | избриши | измени | одговори)

    #
    VBB напиша:

    здраво Рибар, прво „книжињата“ кои сум ги улинкал се „Автобиографијата“ на еден Григор Прличев, преродбеник на твоите “Darling Macedonians” која беше и лектира за средно кој очигледно никој нејќе да ја чита па мораше линк до нејзината онлајн верзија (ја има по книжари, скапува), потоа друго „книже“ е на Алберт Сониксен, човек кој се довлечка од Калифорнија како доброволец во комититските чети да се бори за твоите “Darling Macedonians” против Турскиот аскер и грчките банди. Понатаму од „книжињата“ кои беа препорачани (нема за сите онлајн верзија се разбира) беа и Мемоарите на „татковците“ на Организацијата, Зборникот на Миладиновци и многу други. Ја стварно не гледам каков проблем наоѓаш во тие „книжиња“ и што е во нив евентуално „квази-историско“? А Коља беше онака чисто попат спомнат (порно ич да не го спомнев, нема смисла го вмешав во папазјанијава). Го спомнав за да се илустрира како повеќето од нас настапуваат (во стилот „ама што бе ја сеа ќе објаснувам кој сум и што сум едно-друго“) од една страна, а како соседите нас не’ перцепираат од друга страна. Стварно не гледам што е за тебе проблем тука? Но добро. Секој си има свој став.
    10 Октомври, 2006 – 03:52 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    VBB, мислев дека барем ти че ја сватиш сиболикава на постов, но јебига. Кажав во еден коментар погоре кај не се согласувам со твојот пост. Тоа е дека не си меродавен за толку исцрпни информации, некако кркамбар си ги сторил и шо е најлошо го збунуваш читателот со тоа што имаш најмалку информации од нашата автентична историја, туку ги врзуваш со нејасни факти (ме мрзи сега да барам линк) кои оставаат сомнеж кај обичен читател. Да немав читано други работи од тебе че мислев дека си збунет и ти со историјава наша.
    Не сум сигурен дека ми го разбра муабетот…
    Дралинг маседонианс че не сторите сите и опулени и полуопулени македонци ако има емисија кај Јанко на темава.
    Ние си немаме дилема (со идентитетот), следствено немаме потреба од дебата… кога не гледаме проблем.
    Со вакви постови како твојот оставаш простор за дискусија.
    Нема бе!
    Нема дискусија за националниот идентитет!

    Ете тоа е моето мислење, исто кажано погоре во текстот на симболичен начин.
    10 Октомври, 2006 – 04:31 | избриши | измени | одговори)

    #
    VBB напиша:

    него онака као муабет ми дојде, цитат: „Нема дискусија за националниот идентитет!“- епа значи испаѓа не си нихилиста, бар да расчистиме околу таа дилема Smiling) (у стилу држиш до одредени вредности и традиции, во случајов конкретно национални, државни и сл.). кога би бил нихилиста ти би рекол ма што ме заболе бе, измислен не-измислен, фак евритинг, ќе релативизираш се’ вклучително и националното, државното, религијата, моралот и све што е некаква традиција или воспоставена општествена вредност.
    10 Октомври, 2006 – 04:52 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ха, гледам почна да ги подразбираш симболиве, а и внимавав кога го употребував тоа „нихилист“. На два наврати ми е пишано (1.Па бил јас нихилист или не… 2. Нихилист или не)и никаде не гледам дека сум констатирал нешто, туку сум – ај да речам двоел. Не ми е целта да мудрувам со тебе, мудар си недвојбено. Туку ај дур си тука; Зошто имаш потреба да дискутираш за националниот идентитет, што не ти е јасно?.. или јас грешно сега сум те разбрал како ти мене цело време? 10 Октомври, 2006 – 05:09 | избриши | измени | одговори)

    #
    VBB напиша:

    кој рече дека сакам да дискутирам за националниот идентитет? туку 5 саат дојде брееј 10 Октомври, 2006 – 05:20 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ok ВББ, тогаш незнам од каде ти се јавила толкава потреба за разглабање на „историските факти“ на нашите соседи во врска со нашата историја. Можеше едноставно да го дадеш само http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/knigi.htm, каде што се книгите на нашите преродбеници и револуционери достапни на нет и толку. Не знам само зошто си добил толкава потреба да дискутираш на таа тема, најповеќе во време кое е најтурбулентно и пресудно на и за Балканот (Нерешениот статус на Косово, Грчко Турскиот спор за Кипар, Независноста на Црна Гора и ај да не редам се…)?
    Намерно не ги спомнувам споровите што ги имаат нашите соседи со нас, а ние со нив немаме никаков спор. Најинтересно ми е што наседнуваш (а гледам и Јанко) како невешт, на нивната пропаганда која е насочена да се држат споровите како актуелни и со нарачан интензитет (во зависност од нашата внатре политичка ситуација).
    Ова нема крај…
    Да завршам.
    През цел твој пост се гледа твојата потреба да дискутираш на темава(нација, национален идентитет, држава, јазик), незнам зошто сега се прашуваш?!
    10 Октомври, 2006 – 20:18 | избриши | измени | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Во текстот е интервенирано со додаток(10.10.2006). 10 Октомври, 2006 – 22:53 | избриши | измени | одговори)

    #
    VBB напиша:

    кој бре НИСКИ УДАРИ??? Е да, го сменив „Коља“ со „пријател“ чисто ТЕБЕ ДА ТЕ ЗАЕБАМ знаеш? Тенденциозно беше, се спремав 2 месеци тоа да ти го направам за да те заебам да испаднеш глуп и постов глуп да ти испадне. ЛЕЛЕЕЕЕ абе човеку ало освести се. Го сменив не ради тебе ни ради Букаро ни ради јанко ни ради петко. го сменив затоа што подразмислив убаво и видов дека контекстот не се менува воопшто па дали пишувало таму Коља или Митре или Стојан. Коља не е некој кој се бави со проблематиката од постот па да е многу битно да фигурира таму. просто ми се виде дека безвезе го прозвав и во коментари кај мене ја објаснив промената, та ја не ја кријам??! и друга работа кој рече дека “јас сакам да дискутирам за националниот идентитет“? ја не ДИСКУТИРАМ, туку само изложувам. дај бре да не викам.
    10 Октомври, 2006 – 23:00 | избриши | одговори)

    #
    VBB напиша:

    и понатаму да образложам, има луѓе кои од текст 400 страни за беља ќе се фатат не за друго него БАШ за Коља и ќе го врзат во крпче, па анализи, па што сакал он уствари да каже со тоа што кажал, дали го „брани националниот идентитет“ или „све му е релативно“, па едно па друго, па ова, па она, па луѓе кои коментираат а по се ми се чини незнаат кој е уствари чоекот па го викаат „КољО“(?!). абе уште и крив ќе го направат од ништо, од само што ПОПАТНО беше спомнат (као попатна тривиа, као муабет со познаник) и тоа во пост со тематика со која он воопшто и не се бави и не е стручен! та не зборев за Блаже Ристовски (еее тоа веќе би било нешто друго).
    10 Октомври, 2006 – 23:08 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    АлоОООО, се читаме или слабо комуникација? Те прозвав со коментарот само да ми одговориш..Зошто твојата „величина“ не ме извести за измената на текстот. И ТОЛК, а не да ми образлагаш за Коља и сл. 10 Октомври, 2006 – 23:19 | избриши | измени | одговори)

    #
    VBB напиша:

    која бе „величина“ сум бил ја?? со денови пред монитор се ебавам објаснувај на секого се’ и сешто, аман човеку сфати не е ништо намерно. да бев „величина“ со приватен авион, остров и еден харем онда друго ќе беше 11 Октомври, 2006 – 20:56 | избриши | одговори)

    #
    gersanina напиша:

    хм… мене и ова твоево ме изнамачи, ама ваљда вредеше…

    Smiling

    поздрав
    12 Октомври, 2006 – 10:00 | избриши | одговори)

    #
    сашприлеп напиша:

    zdravo Ribar samo da te pozdravam.od Prilep,prozduzi taka,napred ок 12 Октомври, 2006 – 18:18 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Вбб, гледам те иритира муабетов, а да ти кажам право и мене, па затоа еве нека заврши овде. Си имаш друга работа, на твојон пост како шо гледам и како шо претпоставив нема запирање или „дрвење“! 12 Октомври, 2006 – 19:23 | избриши | измени | одговори)


Sponsors

  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива