Слушам денеска во Чуму ќе гостувал премиерот и една тајфа загрижени душе-грижници и издишани од грижи добро-мирници. Ќе разглабале минати сто и кусур дена владавина и ќе гледале (следствено на досегашниот минат стоденски труд) во кристална топка. Прво за прво се думав да појдам и да ја распуцам топката кристална за да не гледаат пругоре ами да се застанат на сегашен терен, ама се подумав и реков да ја прашам Баба Спасија – бајачката за мислење. Баба Спасија многу пати досега од уплав ми има баено со солца, вода и сите теманиња, па затоа некако поверна ми се гледа како пророчица од кловновиве наши насушни. И, бидна.
Ме наглави в скут, ме напрска со вода и со троа солца меѓу прсти зеде да кружи со едната рака и да м‘мла, а со другата ме држеше на слепоочница.
Врти-сучи-м‘млај… се така едно пет/шест минути. Дремам јас, а гледам и бабава дремка ја совладува. Мрднав ѓоа не намерно колку да ја приштрекам за да не ме посоли и срипа старицата неприметно. Пром‘мла уште малку и ми ја исправи главата. Станав. Ми вели:
- Ти чедо не си за кај мене. Овде идат исплашени и грешни луѓе, со маки тегобни и за туѓи судбини кабаетлии, ти треба да си следиш патот. – ми вели баба Спасија
Се сетив за тоа дека сакав да ја пуцам кристалната топка, сакав да и кажам, ама се сепнав. Мислев дека тоа за грев ќе ми се фати, ама бабава има искуство во работава и сигурно знае подобро.
На пат за дома сè убави мисли ме тераа. Ја видов комшивката (од пред некој пост спомнатата) – ништо не помислив, го видов даскалот (од пред некој пост) – пак ништо и така покрај триста поранешни гревови поминав и ништо грешно не помислив. Бре чудо од баба! – си реков во себе.
Зедов телефонот и седнав.
- Ало, Чуму? Ќе ве молам Чомовски. - се испекмезив најкултурно.
- Момент. – ми враќа еден љубезен глас.
- Ало, повелете господине, Чомовски на линија?! – забревтан, кутричкиот мислел дека Грујо откажува присуство.
Се претставив фино-лепо, се извинив за одземеното време и преминав конкретно:
- Имам еден предлог за вас господине Чомовски. Во вечерашнава емисија да ја повикате како гостин баба Спасија и да им забае на другите гости! – бев краток.
Чом се изненади, ме праша со што и како се занимава баба Спасија, се подума за момент и заврши:
- Многу ми е жал, но веќе е касно за сугерирање на гости, а и концепцијата на вечерашнава тема не го дозволува тоа.
… Молк неколку моменти, па изустив:
- Во ред е Чомовски. Јас само сакав да се спаси што се спасит може, а баба Спасија е лекот, но нејсе, ќе има и други почетоци како што почнуваме едно петнаесетина години.
Му посакав се најдобро и го завршив разговорот.
По неколку минути ми се појавија грешни слики инспирирани од милозвучниот глас на (претпоставувам) секретарката . Посигнав по телефонот и си закажав сеанса за утре кај баба Спасија.
… Какви ли не мисли им минуваат или допрва ќе им минат на гостиве кај Чом, кога со небројно повеќе искушенија се среќаваат, ама кој ти има време сега за анализа.
Битно е дека се движи оптимизам… со и без баба Спасија, нели?!
пс: Знам и тоа дека баба Спасија има друг лек за колективно исцелување. Често се фали и мавта со „лекот“ по групни сеанси, ама сега залудно е сè. Сигурен сум дека некој од гостите ќе жали за непримената терапија, но секогаш ја има фантазијата и инвентивноста како резервна варијанта.
За воља на вистината досега се вешти во тоа.
Ајде до година… Здравје, или за кого како.













#
Natka напиша:
Си знаат старите многу, посебно некои од нив …. Smiling
Мислиш би сакала баба Спасија да се појави на телевизија? Можеби не… доволно работа си има. Smiling
Поздрав Smiling
26 Декември, 2006 – 18:24 | избриши | одговори)
#
кибицер напиша:
Велиш во А1 имале милозвучни секретарици. Вреди да проверам.
А за вечерашнава емисија на Чом: ништо ново под капата небеска. Има да биде прилично досадна.
Поздрав.
кибицер
26 Декември, 2006 – 18:31 | избриши | одговори)
#
Spartak напиша:
Рибар
Да не оиш појќе кај баба Спасија.
Ами нормално ли е да ти текне на некоја убаа риба (ко комшивка ти) а ти безгрешен остануеш.
Со такво темпо на безгрешност моит да почнеш да грешиш коа ќе ти текнит на комшијата.
Разбирваш? Батали баби. Глеј тетки.
26 Декември, 2006 – 18:48 | избриши | одговори)
#
волан напиша:
Ти не си ни свесен дека треба да си благодарен на советот од баба Спасенија …
Следи си го патот на мислите твои … излезот ке дојде сам по себе … Smiling
Поздрав.
26 Декември, 2006 – 18:50 | избриши | одговори)
#
Lavot напиша:
Убо си сакал да им го стокмиш, т.е. да им ја стокмиш бата Спасија кај чомовци, ама не се дава` пустињето да остана`.
Како и да е, то е пријателе, битно си се потрудил. Ама Чомоски ексклузивен е, нема кај него пошто-зошто народ.
Туку, ти да ми ја поздравиш баба ти Спасија, речи и од Рампе Биоло од Пашиноруфци, ме знај та мене Smiling
26 Декември, 2006 – 19:09 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
запазете го реквизитот за групна терапија во раце на баба Спасија Eye-wink
26 Декември, 2006 – 19:50 | избриши | измени | одговори)
#
Spartak напиша:
Море носи ја баба Спасија.
Види шо љуѓе собрал Чомо на едно место.
А и премиеро тазе фарбан у косичето.
26 Декември, 2006 – 22:23 | избриши | одговори)
#
Џаман напиша:
Се думам за баба Спасија,
овие нашиве пулитичари
научени се на странски бајачи
старомодни им се домашниве бајачки
плус ногу лајат, не седат мирно
ако не успее баба Спасија
ќе им бараме друг иљач
26 Декември, 2006 – 22:44 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Otkako ja izgledav na Чом emisijata, krivo mi padna deka ne se javiv porano kaj nego da zakazam za baba Spasija. Се ми се чини дека и до година не баени ќе не потпрошетаат по тавани.
27 Декември, 2006 – 12:53 | избриши | измени | одговори)
#
istok напиша:
викам ја дека у етно психијатрија ни е спасот.
мењање колективна свест – колективно, кај баба Спасија
28 Декември, 2006 – 03:22 | избриши | одговори)