По релативниот успех на својот документарен филм „An Inconvenient Truth“ бившиот потпретседател и претседателски кандидат во САД, Ал Гор (Al Gore), повторно „се амбицира“ да направи нешто ново и супер-демократски по што ќе биде запомнет (а не по изборите во 2000 г.), а овој пат тоа е телевизија чија програма би била целосно правена од гледачите, ала “You Tube”:
Оди кај комуникации за да го читниш целиот пост на Сеад .
Јас нема да прашам до каде е светот стасан, а каде сме ние. Би било во најмала рака нонсенс да се очекува нешто такво кај нас.
Но, нема да бидам јас рибаро ако не ги искористам и искомпарирам погорните случувања со нашите :
Кој или кои се потенцијалните кандидати за Претседател на Македонија и пратат ли тие или нивните екипи(?) како се води преткампања за претседателски избори?
Што ќе ни понудат во својата програма или повторно тие ќе бркаат муви по бини и плоштади, а ние гревчиња ќе ги лапаме?
Имајте на ум господо потенцијални кандидати, листата на вечни и изветвени ветувања од типот на НАТО и ЕУ се стеснува. Можеби ќе не бидне во НАТО до тогаш, а ЕУ ќе ни биде исто далеку како што е и сега.
Можеби е преурането, но ако ја следиме досегашната практика и искуство, пак ќе биде онаа народната „Касно стиже Марко на Косово Поље“.
Ајде, ајде, само да се жалело, па за тоа сте платени мајкуму, еве јас ве потсетувам, а динар ќар немам од тоа.
… А до тогаш, за нас обичните смртници еве едена терапија што ја препорачувам на совет од En Vogue измиксани со Red Hot Chili Peppers:
Коментирај со Фејсбук:













#
Бунка напиша:
Човек многу подобро се чувствува кога од својата глава ќе ја исфрли врската помеѓу политиката и личноста…во смисол на сопственото мирно езеро.
15 Март, 2007 – 21:46 | избриши | одговори)
#
encyclopedia ga… напиша:
Нашите ќе ни понудат ИМПРОВИЗАЦИЈА!
Или, тоа што сме го заслужиле!
Срдечно!
15 Март, 2007 – 22:54 | избриши | одговори)
#
amer напиша:
Можи американциве сеат ветар во магла, ама функционираат маме му нивно. Нашиве ко по обичај си спијаат
16 Март, 2007 – 05:09 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Е Функционираат Амер, факат функционишу… шо би рекле Хрватине.
16 Март, 2007 – 19:00 | избриши | измени | одговори)