Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Јаболко

Како продолжение на претходниот пост и реакциите…

Абе батковци и дадички, организирани или институцијализирани залагачи за слободен софтвер и комплетно и-живеењее и пропагирањето на информатичко опшество во Македонија, дај олабавете малку. Оваа ситуација со “CC” како порачана дојде за да се преброите и прочистите.

Шо ми е муабетот?

Абе кур ме боли мене дали Метаморфозис или некој друг е организатор на дешавката. Битно е тоа дека се случува и дека стануваме дел од големото семејство на Creative Commons. Туку дај вадете ги главите од небо и почнете да ни ја објаснувате нам на неупатените придобивката од користењето на слободниот софтвер и следствено сите придружни алатки.

Не велам дека не работите, работите и тоа многу – колку што можам да видам јас во последнава година, а и сум се запознал со некои активни членови, но мора да го смените пристапот за ширење на зборот, мора! Излезете од „гик“ филмот кој малкумина го разбират а со кој упорно се идентификувате, зашто вие сте тие кои знаете, но дали можете да ширите и споделите, или поточно зошто не можете да ширите е вистинското прашање?

На членовите на заедницата им препорачувам да му се заблагодарат со по еден телевизор во боја на Џедај мајсторот во своите редови кој работи за билдање на своето его, а не од љубов да сподели. Не можи бе Арангел (еден од видните(?) членови на заедницата) во скорешен пост, па колку и да е изреволтиран да пиши:

clipped from ufo.linux.net.mk

Со положена заклетва и потпишан манифест, често несфатени од простата народна маса, луѓето од Слободен софтвер Македонија со надчовечки напори се трудат да направат нешто добро за општеството во кое што живеат.

blog it

и да се однесува со потенцијалните корисници на „производот“ што го пропагира како со овци и притоа да бара резултат. Најтрагично од сé е тоа што се повикува на заедницата.

Бујрум, ако и вие го делите истото мислење со АрангелеТА за простата маса, ако застанувате на браникот на личното познанство со него, кажете да си направиме сите клан заедници и да се бичиме со камења, па кој е по прецизен или кој има потврда глава нека победи, а не вака.

Проста маса еј, абе од ум не ми излегува што прочитав погоре…?! Абе Арангеле, а на кој тоа треба ти да му беседиш за слободен софтвер и отворен код, на простата маса? Како ти – јаден, мислиш да се држиш до: принципите на демократија, транспарентост, плурализам и конзистентност (дел од член 3 на манифестот), па ти бе мамина мазо си антипропаганда за слободниот софтвер и „идеологијата“ за споделување знаење…?

… И за крај, никако не ги поистоветувам другите членови на заедницата со поединецов џедај, но: – едно скапано јаболко во иста корпа со другите може голема штета да направи.

… А ако се прашувате кој кур фактор сум јас да се мешам во проблематика за која сметате дека немам благе везе (а и не сте техничи далеку од вистината), размислете која ви е целната група – размислете за „простата народна маса“ со која се идентификувам, па почнете да се идентификувате и вие.

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Став

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    Бунка напиша:

    Рибаришче може сеир да си гледам? Eye-wink
    22 Јуни, 2007 – 18:50 | избриши | одговори)

    #
    gemidjy напиша:

    Па ако и само ако ти и Би сте таа маса, ама ако и само ако (значи без да постојат други луѓе), тогаш ќе се сложам со Арангел. Арно ама постојат уште 98% други видови луѓе за кои вреди да се бориш и кои те инспирираат и охрабруваат многу повеќе отколку критикуваат со погрдни зборови.

    И дај престанете да го тупите со овие гревовштини. Некој ќе прдне вие одма пост пишувате. Патетично, ќе кажам пак, патетично.
    22 Јуни, 2007 – 20:19 | избриши | одговори)

    #
    ХулаХопа напиша:

    забрането мешање пингвини у муабетов …
    пошо се раоти за маса …
    22 Јуни, 2007 – 20:47 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Гледам црвот од јаболкото проработил и кај други. 22 Јуни, 2007 – 21:07 | избриши | измени | одговори)

    #
    ХулаХопа напиша:

    масата беше основниот елеменАт у инсталацијата шо треаше да биде пипнат за да свири радиото …
    а сите други tables …
    и народот јадеа Делишес …

    па после сереа
    22 Јуни, 2007 – 21:58 | избриши | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Добра забелешка, добар коментар …. одличен наслов. Eye-wink Smiling
    Сеир ќе излезе дека ќе терам, но ме интересира кој е тоа прост во случајов? Sad
    Поздрав Рибаро!
    22 Јуни, 2007 – 22:08 | избриши | одговори)

    #
    новица напиша:

    ми се чини дека твоите грижи не се на вистинското место. документите како манифестот и сл. не се однесуваат на „простата маса“ како што сакаш ти да ја наречеш. тие се однесува на луѓето што работат во слободен софтвер македонија.

    ако работиш во есм, треба да знаеш што и како и зошто функционира со струјата, ако си дома треба само да го притиснеш прекидачот. слично, ако работиш во 2с.мк треба да знаеш што зошто и како е слободниот софтвер и кои вредности ги следи што треба да ги почитуваш. ако користиш слободен софтвер дома, треба само да го кликнеш прекидачот на компјутерот.

    од друга страна, не постои начин јас или било кој друг да те убеди тебе или било кој друг да користи(ш) слободен софтвер. верувај ми, знам. една работа што секогаш ја повторувам кога во разни прилики зборувам за ова е дека не можам да те убедам дека демократија е подобро од тиранија. тоа е одлука која човек сам треба да си ја донесе. слично е и со изборот помеѓу слободниот и неслободниот софтвер.

    значи, општо земено, нема зошто некој тебе да те идентификува. треба сам да се идентификуваш, да го направиш изборот, да го заземеш ставот. не можеш таа одговорност да ја префлиш на друг.

    а конечно ако одбереш слободен софтвер, тогаш заедницата ќе ти помогне да работиш што е можно подобро и попродуктивно.
    23 Јуни, 2007 – 01:52 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Новица, грижата ми е на место:

    прво: зашто јас не ги квалификував луѓето „проста маса“ туку како што можеш да видеш од линкот тоа беше дру.
    второ: јасно дека манифестот е за членовите на заедницата, а не за сите, токму членот Арангел треба да се држи за манифестот на кој се повикува.

    Да се разбереме, немам ништо против „Слободен софтвер Македонија“, напротив- ја ценам вашата работа, зошто да не по некое време кога ќе ги совладам основите ќе помогам колку што можам, но… Имате член кој ја минира пристапноста кон вашата организација со својата ароганција (тука не навлегувам во неговиот технички придонес, туку чисто етички), во тоа е проблемот. Не зборувам овде за мене, туку општ впечаток е тоа.

    Со другиот дел од коментарот се согласувам.
    23 Јуни, 2007 – 10:50 | избриши | измени | одговори)

    #
    ickoman123 напиша:

    Брату, рибарски, ти не знамеш од кога планирам ваков пост… ти тоа го срочи најдобро на светот, не дека нешто сеа пишувам како ти си најјак, ама ова беше навистина инзворедно срочено… Јас лани помагав на заедницата и го преведувавме Гном на македонски каде УФО беше водич на тимот, и откако ја завршивме верзијата престанав заради тој гиковски однос на дел од заедницата.
    Дечки од ОССМ супер сте само односот малце треба да го смените, ми се допаѓаат вашите проекти ама понекогаш претерувате.
    23 Јуни, 2007 – 11:39 | избриши | одговори)

    #
    новица напиша:

    рибаро, да… сега гледам за точка 1 извини, сум го утнал тој дел.

    во врска со другите работи, вратата е отворена, ако сакате нешто да промените повелете.
    23 Јуни, 2007 – 12:36 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    оф тема:
    Знае ли некој како се запира глупавиов бројач на посети кој моментално вели дека постов е читан…?
    24 Јуни, 2007 – 13:36 | избриши | измени | одговори)

    #
    Емил напиша:

    Ијјј, не сум те видел вака напизден од онојпат кога те накурчи „гласноговорникот„

    http://www.emilniami.blogspot.com
    24 Јуни, 2007 – 17:45 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива