Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Шитни фотка со SCOOPT

Не знам дали некој  има пишано, но нејсе за тие што не чуле:

Ако се згоди да си на лице место кога се запалила од комшијата (со кој си скаран) куќата или ако го начекате Каролинчето како влегува во кола а притоа носи минич до п*ч  и слични екстра позитивни а богами и негативни ситуации… штракај со мобилката или со дигиталниот!

Зошто?

scoopt.jpg

Ова е местото каде што вашите фотки од мобилен телефон и/или од дигитален апарат можете да ги уновчите. Еден од главните услови е фотографијата да не е претходно објавена во јавност и да биде интересна, односно ексклузивна. Оваа web страна ги понудува вашите фотки на магазини, списанија, весници и слично, односно посредува за продавање на вашата фотографија. За таа своја услуга (нормално) си наплатува провизија која е процентуална и капиталистички „фер“. Што значи, со посредникот (scoopt) делите „фифти-фифти“ од заработката

Видов нешто и за посредство при продажба и на блог текстови, видео клипчиња, ама видете си сами, да не излези лага.

Еве ви линк: www.scoopt.com

пс: Зачленувањето и испраќањето е едноставно, Јас една пратив, ама не смеам да ја покажам бидеќи има и такво едно правило.

Па, кој знае можеби на некој ќе му се угоде?!?

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Разно

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    КIМI напиша:

    lele ако го биде ова од тие фифти – фифти пола на тебе ти давам!мислам од моите фифти! 15 Декември, 2006 – 23:11 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Кими те држам за збор, пази, имам нешто влашко и еврејско во мене Eye-wink
    15 Декември, 2006 – 23:13 | избриши | измени | одговори)

    #
    nasty 69 напиша:

    А на кој начин се извршува трансферот на парите?
    15 Декември, 2006 – 23:26 | избриши | одговори)

    #
    КIМI напиша:

    е да а пари како? 15 Декември, 2006 – 23:36 | избриши | одговори)

    #
    Lorin напиша:

    Јас тогаш да не го оставам дома апаратов кога се движам негде. Никогаш не се знае што се можам да видам. 🙂 15 Декември, 2006 – 23:45 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Шо знам, не сум стасан до тука, ама детални податоци оставаш при регистрација.. 15 Декември, 2006 – 23:45 | избриши | измени | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Лорин јас би ја пратил фоткана со мечето и камионот. Сериозно, уствари не знам дали ќе помини бидеќи е објавена на блог, ама вреди да пробаш… Аман молимте, гледај патот прво а после бркај кадри 🙂 15 Декември, 2006 – 23:49 | избриши | измени | одговори)

    #
    кибицер напиша:

    Кажи бе Рибар што фотка си пратил Smiling Кое рипче си го уловил со апаратот Smiling Имај срце, па дај и ние да видиме Smiling Каролина, а? Или Елена Петреска?

    Од секогаш си ми бил сумљив Smiling

    Поздрав.
    кибицер
    16 Декември, 2006 – 01:13 | избриши | одговори)

    #
    Vinetu напиша:

    Абе Рибар…
    Шо не си клајш бе батка еден блог на блогспот па и од Адсенс да си вадиш по некое париче…
    Јас на сме-на-шака една 256 РАМ извадов…
    И ај сега жена ми нека ми писни да не си го опрам компјутеро?
    Многу културно…
    http://zaebancija.blogspot.com/
    16 Декември, 2006 – 01:21 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Кибиц, колку во мисла да не ти е, глупа фотка пратив како за проба, а тие другите шо ги имаш видено само ти и уште некој, ги чувам за финале Eye-wink
    Винету, абе те читав уште пред месец и кусур на bloger.mk, ама не разбрав баш, шо е и како. Ај по маил кажи..
    16 Декември, 2006 – 01:40 | избриши | измени | одговори)

    #
    darko156 напиша:

    еднаш

    уште еднаш

    Еве обидете се и кај овој другиов сервис, во меѓувреме гарант се појавиле уште некои.

    komunikacii
    16 Декември, 2006 – 14:18 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Дарко, требаше да претпоставам дека ти имаш пишано за ова… и тоа два пати, ама ајде, важно освежив 😉 17 Декември, 2006 – 21:44 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Имам слика од блогер кој се нервира…
    Во моментот кога сака да кликне ЗАЧУВАЈ, снемува струја…
    Колку вреди една таква слика?
    17 Декември, 2006 – 23:52 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Бунка, да знаев колку вреди ќе ја пратев мојата 😉 18 Декември, 2006 – 00:28 | избриши | измени | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива