Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

УХ/АХ…

Туп-Туп-Тупа-Тупа-Туп-Туп-Тап
Туп-Туп-Тупа-Тупа-Туп-Туп-Тап…

Се беа насобрале од сите страни. (држи ритам)
Се собираа така секое утро без ред и без некоја посебна причина – барем така изгледаше од страна гледано. Имаа цврста самодисциплина иако тоа не можеше да се забележи по нивното однесувње – се маваа еден во друг.

Туп-Туп-Тупа-Тупа-Туп-Туп-Тап
Туп-Туп-Тупа-Тупа-Туп-Туп-Тап…

Ритмиката се повторуваше на секои две секунди.
Некој се мачеше да се доискаже. Незнам само од каде му таква садистичка самодоверба за тоа да го повторува и повторува безмилосно. (држи ритам)
Не заслужуваа таква суровост. Па мајкуму, тие се жртвуваа себе за да створат.
Секогаш беа различни и некои други, а беа исти. Се препознаваа меѓу себе. Немаше лидер за да ги води, но секогаш се издвојуваше само еден од нив.

Туп-Туп-Тупа-Тупа-Туп-Туп-Тап
Туп-Туп-Тупа-Тупа-Туп-Туп-Тап…

Го живееја ритамот. Во нивната потсвест знаеја да го следат редот на хиерархијата. Знаеја дека ќе се издвои еден меѓу еднаквите, иако не можеа да предпостават кој е тој.

Туп-Туп-Тупа-Тупа-Туп-Туп-АааХ
Туп-Туп-Тупа-Тупа-Туп-Туп… АааХ-АааХ-АХХХ…

Го снема ритамот, ја сменија средината, некоја друга сила сега ги влечеше. Кулминираше разочарувањето:
SPERMA-TOZOIDI.jpg
Мораше да исцурат, не еден по еден, сите заедно цуреа кутрите. Ни криви ни должни, се надеваа на уште една партија и на сличен ритам, но нема да бидат тие… туку некои други а исти. Јебига, изгореа во сласта на композицијата, но вредеше да се проба ритамот:

Туп-Туп-Тупа-Тупа-Туп-Туп-Тап
Туп-Туп-Тупа-Тупа-Туп-Туп-Тап…

Ако не за друго, тогаш вредеше за увертирата:

… АааХ-АааХ-АХХХХХХХХ

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Раскази

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    Etna напиша:

    еј пријателче сум ти!!:) фала, че те турам и јас утре сега се гасам. од… сега! 7 Декември, 2006 – 04:55 | избриши | одговори)

    #
    gersanina напиша:

    ааааааааааах
    еееееееееееееех
    мммммммммм

    штубаво
    7 Декември, 2006 – 09:19 | избриши | одговори)

    #
    Mama напиша:

    кратко, прецизно, јасно… 7 Декември, 2006 – 09:29 | избриши | одговори)

    #
    VVV напиша:

    XX-женски
    XY-машки
    AX-аss?
    7 Декември, 2006 – 12:14 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Герш, гледам си го фатила правиот ритамот Smiling
    Мама, бацки
    Кими (чинам?), видиш не помислив на терминологија, ама се уклопило.. и АХ-асс е, аха Eye-wink
    7 Декември, 2006 – 15:31 | избриши | измени | одговори)

    #
    istok напиша:

    ех…
    а стана ли барем некој од нив човек? Sticking out tongue
    8 Декември, 2006 – 03:10 | избриши | одговори)

    #
    OGI SINKO напиша:

    Ubiesh eden ubistvo
    Убиеш 100 масакр
    Свршиш надвор, геноцид.
    8 Декември, 2006 – 04:59 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Исток, еден имаше „станат“, ама бадијала ко исцури на погрешно место Eye-wink.
    Син ми, незнам дали „секогаш“ се сложувам со тезата
    8 Декември, 2006 – 14:53 | избриши | измени | одговори)

    #
    LOLITA напиша:

    Жесток ритам 🙂 8 Декември, 2006 – 19:44 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Loli.. и сите други, држете ритам! а за војници? дала мајка природа ги има побааѓи, па еден ќе закачи мајкуму.. еднаш…? … ваљда? Плеши народе… плескај!!! 9 Декември, 2006 – 11:35 | избриши | измени | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива