Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Туризам или нацизам

Го препознав човеков. Пред некоја година нè шеташе со кајчето околу Свети Наум во Охрид. Доста интересен човек: – знаеше многу пиказни, имаше стил на раскажување и  ме натера да уживам во прошетката…

– Браво, човекот си го знае занаетот – помислив.

За секој патник изгледа има спремено посебна приказна. Овај пат изгледа ја раскажал погрешната:
За видеото,  клик тука.

Многу често имам прилика да слушам вакви приказни и тоа (за жал) не само од луѓе со весла во раце.
Што го натерало овој човек да раскажува вакви приказни?

Ма што и да го натерало.

Од такви веслачи бродот ни потонува.
Е да де, од веслачон ни ватил корабов крив правец?!
Не драги мои, туку од тоа што во него го препознав секој од нас.

Уште еден муабет по вода ми замина, а?. Ќе го пречека ли некој – двајца, стотина нека сè…  кој и да е?

Има ли луѓе, луѓе мои, или само муабет е сè?!

Ам-Ам, амкаме и дробиме за туризам, а пропагираме нацизам и на крај мајмунска ни е работата, како што впрочем прикажува клипот.

Додаток: Sonic boy го исконтактирал човекот (Охриѓанецот) и со него го снимил следниов видео клип:

Би додал само: каењето е човечка доблест!

Блогери, да му речиме крај на нашиот скептицизам кога се работи за блогот како медиум. Блогот (и кај нас) добива неспорно друга димензија и карактеристика:

– Прераснува во моќен медиум!

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Медиуми, Став

Коментирај со Фејсбук:

2 Responses so far.

  1. admin says:

    #
    dr. Max напиша:

    Што е најжално човеков на клипов не е сам. Повише од пола од нашава држава се исти како него… No comment
    28 Јануари, 2007 – 04:49 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Токму така докторе, како шо кажав погоре „… во него го препознав секој од нас“. Мислиме дека тоа не е ништо кога ќе го кажеме онака уз муабет во пијана атмосфера или слично.
    Смешно ни изгледа тогаш…
    28 Јануари, 2007 – 05:15 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    Да, да… За жалење сме.. а стремиме кон европска интеграција, ма иди бре…
    28 Јануари, 2007 – 23:02 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    „.. ќе го пречека ли некој – двајца… “
    Видиш докторе шо ти се вика интуиција Eye-wink
    29 Јануари, 2007 – 15:31 | избриши | одговори)

    #
    femgerila напиша:

    Не само „во секој од нас“ туку и големите европски семејства кои се градени врз принципот на мултиетницизам имаат трули греди во структурата. Па слушајте го само одвратниот осмеш у позадина- на такви грди зборови, ја брат напуштам кајче!!! 🙂 Директно у вода! 29 Јануари, 2007 – 16:30 | избриши | одговори)

    #
    srki напиша:

    Усте ли вакви луѓе постојат. Нели ваквите луѓе ги погубија 1944/45? Јас го барам името и презимето на овој Човек, сакам да му поднесам кривична пријава, за нарушување на национален индентитет на повеќе нации, за омаловажување на повеќе малцинства во државата и за користенје на навредливи зборови. Страсно човече, па потоа бугарите нема да ни се смејат, грците … Му препорачувам на пациентот тарапија. Поздрав 29 Јануари, 2007 – 17:13 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Фемгерила или феминем, малку е водата за да ни ги измие гревовите иако и јас би се удавил со мирно срце.. Мислам дека и водата не би не примила вакви никакви какви што сме.
    Срки па сигурен сум дека сите охриѓани го препознаваат (кога можам јас да се сеќавам) ама некако слабо одзив на темава. Ретко може да се сретне ваков документиран материјал на интернет за нашата небулоза. Знам дека на никој не ни одговара македонскиов нацист и сите се правиме на „Тошо“, но јебига тие сме… А да, и другите се такви, море и бетер се…

    Кур ме боли за другите мене…
    30 Јануари, 2007 – 12:02 | избриши | измени | одговори)

    #
    Вежбална напиша:

    Го гледав дедово на youTube,забеган е в крај бе.А оние до него се бугари.Не би се сложил дека пола МК се ко него. а бата Руци(знаат оние од Охрид кој е) го гледал некој??? 31 Јануари, 2007 – 20:36 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Теретана, дај кажи линк да го видиме сите тој бато Руци. 31 Јануари, 2007 – 21:16 | избриши | одговори)

    #
    Вежбална напиша:

    на youTube на search напиши Ohrid и побарај низ видеата 1 Февруари, 2007 – 01:34 | избриши | одговори)

    #
    Вежбална напиша:

    го барав сега на youTube го немат 🙁 1 Февруари, 2007 – 14:15 | избриши | одговори)

    #
    Sonicboy напиша:

    Шо зборвите кај го ископавте…леле резили…ова иначе е една од најголемите охридски легенди…Човеков зборува 5 јазици и можеби повеке а нема ни средно…Неговото име е Ристе а го викаат Спутник. 3 Февруари, 2007 – 03:17 | избриши | одговори)

  2. admin says:

    #
    Spartak напиша:

    Дефинитивно е моќен медиум.
    Супер Марио биди ми жив и здрав.
    А за Охриѓанецов? Убава шлаканица си му лепнал.
    Освестувачка.
    Ако ништо друго, сега знае дека не се тресат такви работи пред секого.
    9 Февруари, 2007 – 13:26 | избриши | одговори)

    #
    Sonicboy напиша:

    Фишер рибарски супер за постов, клипот што ти го пратив го снимив бидејќи се сожалив и истиов човек ми кажуваше дека има голем круг на пријатели од различна раса и дека бил искористен од луѓето и испорвоциран од нивна страна за да почне да раскажува на таа тема, но тоа што го рекол не се негови мисли бидејќи бил премногу пијан и не се контролирал што зборува…поздрав па се читаме 9 Февруари, 2007 – 13:52 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Соник бато, сакам да верувам дека бил во „вонредна ситуација“ човекот, но како што вели Спартак: мора да се внимава денес. И молимте ако имаш контакт со него, објасниму дека се презентирани и двата клипа и дека направил јака работа со тоа што се јави во јавност…

    Побарај од него одобрение да останат клиповите на нет, како сведошво.. Ако не се согласува (бидеќи имаше најави дека ќе поведе судска постапка, која по консултации со правни експерти може да биде основана) би ти препорачал да го избришиш твојот клип од youtube. Можеш да му објасниш дека сето ова е со најдобри намери, а ако сака може да ме исконтактира и приватно.

    Во левата колона од блогот има копче „info“ каде може да се добијат моите лични податоци и e-mail.
    Очекува одговор.
    9 Февруари, 2007 – 15:18 | избриши | измени | одговори)

    #
    Леонова напиша:

    Рибар….слободно можеш да ја понесеш титулата БЛОГОМЕДИЈАТОР
    9 Февруари, 2007 – 15:20 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Леонова, титуларен велиш поарен ќе бидам? 😉 Абе да дојдам јас до буквата „т“ од „рибаро-т“ задоволен ќе бидам. 9 Февруари, 2007 – 18:10 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Бев на мисла да го бришам видео клипот за да ја задоволам желбата на човекот од клипот, но откако добро размислив, по објективно не ни можев да го пренесам сето ова.
    Со ова мислам дека не ја нарушувам приватноста на дотичниот господин а во одбрана имам силни аргументи кои сега за сега ќе ги зачувам за себе.
    9 Февруари, 2007 – 19:02 | избриши | измени | одговори)

    #
    Sonicboy напиша:

    Со него бев до сега и ми се заблагодаруваше за клипот што го снимив со него и што го поставив на ју тубе…а за постотовите можеш да си ги сочуваш… 9 Февруари, 2007 – 19:52 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ок е тогаш, мислам дека завршивме добра работа. Smiling
    9 Февруари, 2007 – 20:17 | избриши | измени | одговори)

    #
    Vasil напиша:

    Одлична работа е блогерајов. 10 Февруари, 2007 – 14:47 | избриши | одговори)

    #
    iacovibus напиша:

    рибар, браво бато!

    знаеш, не се работи за тоа дали блогот е силен медиум или не: важен е блогерот! не за џабе си у матрикс фазон…

    ова сеа не ти билдам его, ама стварно.
    Cool
    10 Февруари, 2007 – 15:13 | избриши | одговори)

    #
    Вежбална напиша:

    лудо бреее 🙂 10 Февруари, 2007 – 20:08 | избриши | одговори)

    #
    Colakoski напиша:

    ПРЕСРЕЌЕН СУМ ЗА МАРЈАН!!!!!!!!!!!!!!!!!!! браво Рибаро!!!!! е сеа останав без зборови :))))))))) 11 Февруари, 2007 – 01:27 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    А: @I got the power!
    Б: @We got the power!

    Smiling
    11 Февруари, 2007 – 01:42 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    Оно јес, не требало да дојде до тие зборови, ама кога веќе дошло вреди да се прости.
    12 Февруари, 2007 – 00:53 | избриши | одговори)

    #
    sting EYE напиша:

    Рибар..
    Баш ме израдви со муабетов…
    ЕПТЕН
    Мило ми е шо се добро се заврши со чоекот…
    Ке продолжиме се надевам сите блогери да следиме вакви акции…
    Имаш голем удел во оваа работа…
    Секоја чест…се секавам…
    поздрав брату
    12 Февруари, 2007 – 23:11 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива