Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Тангата и Џими Бамбуча т.е. Јас

Pointer: – 42о 39’ 13.23” N, 27о 42’ 52.76” E

Јас и другар ми бевме во некој Бамбуча фазон и кај координативе од погоре  џускаме фанта егзотик со кирилична поддршка, но помалку шамарчина кркаме него батките од рекламата. Така осмелени и распиштолени шараме туристички. Околу нас распекмезени и чоколадирани телца кулираат опашани со врвки – колку да се речи дека  носат нешто де…

Чекај да го мутирам тевево, ме гњават премудрите – Бонева и Шема.
Маме му ебем нивно – ми ја зедоа мислата!

Ок е сега.

Шо ми беше зборот?

… А да:

Таман се паркиравме на едно пораат парче од плажата почна да фрчат прекорни подгледи од женската ни рода наша судена.

– Ехејјј, полека ќе ти падни вилицата, страмота е еј! Ајде бе, нека ти дојди некое бате и нека те скрши од мање, па да умрам од смеа.
Цццц…  а овде ми се прават либерални нешто, као кул женски, совренмени. Со ишарет се договорив со другар ми да ги кандиса да влезат во вода, за бар некое кадро да штракнам раат, за да има на Ба‘ла да му се фалиме, ако не друго.

И би така.

Далечина 2/3 метра.

Како да штракнам ама да не ме сети чупчето па да пукни брука? Зедов апаратот ѓоа прегледувам некои слики од предходно – штракам на среќа накај целта. Штрак една – курац, само песок сум фатил… штрак уште една – пак курац, уствари песок. Поштракав така и се праев на удрен едно дестина слики, а чипчето се префрлаше по крпчето де лево де десно. Ме сети шо колтук сум, ама само се насмеа и толку. Овие шо ги пратив на пливање, мука немаат, а јас шо од жештина, шо од страм жива вода се препотив. Де нога на нога, де на стомак со предходно ископана дупка во песокот, не бе никако не го бива – се измачив гревчето. Видов сум фатил едно кадро и тогаш задоволен се опуштив под сенката што чинеше точно 18 лева.Photobucket - Video and Image Hosting

По некое време се зададоа три четири пичлемина на возраст како и рипчево шо ме изнамачи. Едно од батината извади камерче, се разџари лево-десно и го зауши чупчето. Стана батката – се измолкна над чупето, ја впери камерата накај него и почна да снима движејќи се полека околу. Потоа клекна на колено и ја снимаше оддалечен едвај толку колку да не ја удри со објективот по газе. Како шо лежееше на стомак, таа се заврти, го погледна, се насмевна и полека го соблече горниот дел од купачите.
На плажата вриеше од луѓе, но ова беше претстава од двајца а јас единствената публика. Батката не се изненади, помина лево-десно со камерчето, го затвори по едно дваесет секунди, си ги стави очилата, потоа се заврти го нарами ранчето од кое ѕиркаше фанта (иста како нашата со кирилична поддршка) и замина. Муабет немаше. Јас, ококоравен, незнаев на кого да му се воодушевувам: дали на дарот природен со белата врвка ѓоа купачи или на батето кое ношарлантно ја овековечи убавината.

Се тешев со тоа што барем го косумираме истиот пијалок, кога веќе не го делиме к‘сметот. Наредниот пат знам како треба – помислив охрабрен од искуството.

… А видов дека и фантата има различна кирилица од нашата иако вкусот е горе-долу ист.
Така вџашен ги пречекав пливачите, но ништо не им спомнав.
Туѓа земја и туѓи искуства – заклучив утешно.

Кого лажеш бе брат, А?

Моето име е Џими Шулу-Пулу  Бамбуча

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Раскази

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    poison2u напиша:

    Наравоучение: Никаде не оди без другар за да имаш кој да ги занимава “либералните женски“ (полицијата) додека ги вежбаш твоите фотографски способности…. 😉 30 Јануари, 2007 – 21:49 | избриши | одговори)

    #
    Beauty напиша:

    Еј супер, ај дај уште некој летен расказ, зашто снег што нема, нема.
    Го читнав со уживање!
    30 Јануари, 2007 – 22:28 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Бјути, а баш сакав да го почнам со.. снег нема што нема Smiling
    30 Јануари, 2007 – 22:45 | избриши | измени | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    ..И овај шо се пишува како „отровен за тебе“ е тој кој ги занимаваше „полицајците“ дур штракав.. Поздрав другар ми Smiling
    30 Јануари, 2007 – 22:48 | избриши | измени | одговори)

    #
    кибицер напиша:

    Не верувам дека си направил само една фотка Smiling Биди другар и покажи ги и другите Smiling

    САКАМЕ УШТЕ – САКАМЕ УШТЕ!!!!!!!!

    кибицер
    31 Јануари, 2007 – 02:39 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Кибицц, песок беа другите, ги лапна морето Eye-wink
    31 Јануари, 2007 – 03:09 | избриши | одговори)

    #
    gersanina напиша:

    шубо!
    31 Јануари, 2007 – 09:53 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Герш, а го ѕирна ли клипчето?.. 🙂 31 Јануари, 2007 – 12:41 | избриши | одговори)

    #
    E-Lady напиша:

    Еј Рибарче,
    Знам дека е глупаво ептен ама наши сме!
    Не можам да најдам каде да Ти пратам приватна порака.
    31 Јануари, 2007 – 14:44 | избриши | одговори)

    #
    E-Lady напиша:

    о.к. најдов.
    ти пишав нешто. Ѕирни !
    31 Јануари, 2007 – 14:47 | избриши | одговори)

    #
    poison2u напиша:

    Aха, ги лапна морето море дај покажи ги другите не се прај наивен, не ја занимавав јас полицијата секој ден по еден сат за џабе ….. Eye-wink
    31 Јануари, 2007 – 18:09 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Изгледа брзо се завеслав..? 31 Јануари, 2007 – 19:30 | избриши | одговори)

    #
    poison2u напиша:

    РИБАРОООООООООО!!!!!
    СИН ми те поздравува!!!!
    Eye-wink
    31 Јануари, 2007 – 23:05 | избриши | одговори)

    #
    pepsi напиша:

    Хаха,
    генијално!
    31 Јануари, 2007 – 23:54 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    појзон, ЈЕЕЕЕ…. курка велиш а? Smiling
    поздравиго и кажи му во мај некаде се гледаме.. Smiling 🙂
    1 Февруари, 2007 – 02:07 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Пепси извини вака сега за фанта шо е муабетов Smiling

    пс:Абе за клипчето никој не искоментира , а баш јако ми се уклопи?
    2 Февруари, 2007 – 03:13 | избриши | измени | одговори)

    #
    Комитата напиша:

    Хахахаха, южният плаж на Несебър Eye-wink
    3 Февруари, 2007 – 17:59 | избриши | одговори)

    #
    Комитата напиша:

    Тук нали
    3 Февруари, 2007 – 18:03 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Комита, координативе те однесоа на право место, а?. Тачно – Несебар. Ако ги проследиш прецизно до крај, ќе те однесат точно на местото од плажата (+/- некој метар – poison2u mi e svedok).
    BTW, имаш голем респект за женска ти рода Blgarska (без иронија).
    3 Февруари, 2007 – 18:56 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    Али стварно, не знам има ли нешто подобро од тангички на убаво газе…
    4 Февруари, 2007 – 04:27 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Има докторе… да ги нема тангичките Sticking out tongue
    18 Март, 2007 – 04:04 | избриши | одговори)

    #
    chale_v напиша:

    јас постов дури сега го гледам.
    шејм он ми.
    18 Март, 2007 – 04:11 | избриши | одговори)

    #
    братучед напиша:

    уууу .. .. и мене ми промакнало 2 Април, 2007 – 03:30 | избриши | одговори)

    #
    братучед напиша:

    абе клипон го мислев дека е рекламата, кога тоа било јака пародија врзана за прикаскава аа… јакооо 🙂 🙂 2 Април, 2007 – 03:44 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Абе „братучед“, на многу им промакнал не си единсвен 🙂 3 Април, 2007 – 13:57 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Затоа пред некој ден Ти напиша,

    -Исти јас…

    ради фотографијата…
    3 Април, 2007 – 14:47 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива