Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Таа

Image Hosted by ImageShack.us

Ги проколнуваше точно 172те скали, лифтот по обичај не работеше. Здивот го стегаше во левиот крајник, а погледот му заглави на нејзиното лево голо колено кое ја запираше црвената врата на фризираниот  „Опел – Тигра“ да го заврши неговиот копнеж. Во тишината се истури звукот на „Тиграта“ и тој остана забезекнат во своите (сега веќе) сеќавања.

Башка жешко пиздаму материн, или мене ми беше?
Се криев за да ме види дека сум скриен.
Зошто мораше да погледнува нагоре со секое нејзино излегување во двор?

… Но, ајде од почеток:

– Еден ендек по природа и со природни погледи кон околината а посебно женската околина и облина, се беше зацапал во невидливото блато. А тоа – блатото пак, по природа  си имаше една цел: да ја забрља или затскрие сопствената кашканција. Вака сега кога гледам отстрана ми се чини како и ендекот и блатото ист  колаж да правеа, но со различни техники на нијансирање

Таа имаше долга костенлива коса.
Него не му беше потребен двоглед.

Таа сакаше  неговиот поглед да ги милува нејзините нозе.
Тлото под него не беше стабилно.

Флуиден беше моментот и тешко се носеше со конкретната блискост…
Неговиот јазик беше вулгарен:

Слези бе чорав, да не сакаш в раце да те носи – изустуваше во себе.
Иако во главата му се вртеа не толку благородни мисли, беше достоен на ситуацијата.

Косата пак се лелееше… стасуваше некаде до струкот, а тој беше гол – онолку  гол, колку да ти потечат сите животни сокови и да те акнат од земи. Остана акнат. Таа влезе внатре во куќата. Дворот беше камелеонски пресликан. На моменти исполнет до максимум, а сега пуст и влажен. Не, не ми сметаше влагата, напротив, делуваше стимулативно, како само таа да успеваше да ги врзе непомитните нишки што се јавуваа помеѓу нејзините појавувања. Од друга страна, ништо не можеше да ја надополни нејзината отсутност.

Битката се водеше во неговиот кукавички микрокосмос. Ја грабна врвката од очилата – ја наглави,  го поднамести чудото од фризура, ја јавна дрмосерската ќуд – ја заузда, и се пушти по скалите колку шо го држеа нозете и толку колку што му чуреше газето цвикачко. Некој глас од седмиот кат го поколеба за момент:

– Абе не сакам! – липаше, да не си се јавил повеќе… слушаш, а , слушаш бе, како не ти е жал животот ми го упропасти…!?! – липаше плачливиот глас на Арна.

… продолжува …

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Раскази

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    gersanina напиша:

    хм…

    е ајде

    ќе чекаме

    Smiling
    1 Март, 2007 – 16:07 | избриши | одговори)

    #
    LOLITA напиша:

    You tick, my tack Smiling MARVELOUSLY

    Кога ти потекува совршената страст вака, кога ја обожуваш жената, тогаш си неверојатен оган Небесен го потпалуваш небото

    Gimme more!
    1 Март, 2007 – 17:36 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    Идемо даље, само немој да не оставаш да чекаме многу.
    1 Март, 2007 – 19:06 | избриши | одговори)

    #
    oksimoron напиша:

    Интересен заплет.
    Се почнува со внатрешните битки Eye-wink
    Ќе ги очекувам продолженијата.
    1 Март, 2007 – 20:05 | избриши | одговори)

    #
    istok напиша:

    колку дела има “таа“? Smiling
    2 Март, 2007 – 03:48 | избриши | одговори)

    #
    Емил напиша:

    А, убава приказна си започнал. Само кажи кои денови ќе има продолженија, да не чекаме како кај ХулаХопа. Сепак, редовните читатели треба си го знаат терминот. Eye-wink

    http://www.emilniami.blogspot.com
    2 Март, 2007 – 13:57 | избриши | одговори)

    #
    ribaro. nel напиша:

    продолженијата ќе одат во четврток Smiling. А тоа колку ќе бидат.. незнам има многу скали (172) за слегување Eye-wink
    2 Март, 2007 – 14:22 | избриши | одговори)

    #
    е-lady напиша:

    Јас набљудувам и чекам.. рано ми е за коментар Eye-wink
    2 Март, 2007 – 14:25 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Рибар бе… Smiling
    2 Март, 2007 – 21:55 | избриши | одговори)

    #
    stereo напиша:

    Ејј Рибару, ме разнежне. Причава е најслатко нешто што сум го пролистал на блогерајов. Попушти славината па попојше да пијаме вакви приказни. Наредната боља.. 2 Март, 2007 – 23:46 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Рибар, кажи од кај ја ископа сликава? Sticking out tongue
    3 Март, 2007 – 02:16 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ја имав архивирано во глава, ама друг ја штракнал позата.. ете види го копиљакот што ми ја плагира идеата. Бунка, кликни на сличето, само кликај по рабовите оти ќе ми ја повредиш сликата… или суетата Eye-wink
    3 Март, 2007 – 02:32 | избриши | одговори)

    #
    Opal напиша:

    Четврток продолжение
    недела реприза.
    Одозгора надолу, па после нагоре.
    Ке се сретнат некаде.
    Ај да видиме.
    3 Март, 2007 – 04:21 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Син ми, нема репризи не шири дезинформации Smiling
    4 Март, 2007 – 01:34 | избриши | измени | одговори)

    #
    katika напиша:

    Јака фотка……ова ќе следи а?:) 5 Март, 2007 – 03:32 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    … горе-долу или така-натаму или наваму, важно околу ќе е Eye-wink
    5 Март, 2007 – 14:02 | избриши | одговори)

    #
    lovable напиша:

    доста возбудливо за да се чека следната епизода..Smiling
    8 Март, 2007 – 01:39 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива