Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Сме

Image Hosted by ImageShack.us

Нешто капна
Дождот го изми  моето лице

а телото
а душата

Оставам да свети
камарата е повторно тука

а ти
а јас

дупка во ѕидот
каде сме

Во душата безтелно
накамарени
страсно наколеничени

Заедно сме извеани
оддувани
надувани

а не сме

Што сме

(за тебе, ти ветив)
Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Поезија

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    istok напиша:

    …многу лично…
    6 Март, 2007 – 03:52 | избриши | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Одлично! Smiling
    Ме наежи! Smiling (Не сум премногу изненадена, претпоставував дека можеш вакво нешто да извадиш од себе, за твој драг човек….)
    Поздрав голем! Smiling
    6 Март, 2007 – 09:51 | избриши | одговори)

    #
    Lucia напиша:

    Ох…?
    Нешто страсно…нешто се случило…?
    Преубаво
    6 Март, 2007 – 10:26 | избриши | одговори)

    #
    е-lady напиша:

    Многу, многу убаво поету Eye-wink..
    Одлично што си го исполнил ветувањето..
    6 Март, 2007 – 10:34 | избриши | одговори)

    #
    Леонова напиша:

    Рибару, изнанадуваш…пријатно Smiling
    6 Март, 2007 – 12:31 | избриши | одговори)

    #
    LOLITA напиша:

    Запеа морето. Рибарот се врати во длабоките води, една рипка го чекаше неговиот шепот да ја врати во соништата. Секоја песна те прави мој Господар. Виртуозо
    6 Март, 2007 – 13:55 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    Да се огласи и некој од поЈАКиот пол… Smiling Рибару, нешто во последно време гледам сите сме под влијание на дождови, снегови, романтики… Шо е финтава? Инаку, преубаво напишано…
    6 Март, 2007 – 19:33 | избриши | одговори)

    #
    oksimoron напиша:

    Интригантно Eye-wink
    6 Март, 2007 – 19:37 | избриши | одговори)

    #
    sandraa напиша:

    е ова ме бендиса, убав финиш 9 Март, 2007 – 17:39 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива