Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Реума

Од линк на линк, вјавнав валиспетот за да стасам до вистинскиот линк и…

БААППП… глем катанец и над него лист?!

Се пулам да видам колку кажува сато кај мене и гледам вели 11:05. Се пулам пак во вратата и… врата ко врата, затворена. Се налутив пес и сакав да ја акнам.

Ај, си викам, шо ми е крива вратава, таа само си ја исполнува функцијата за која што и е наменета, ама таа тетката (обично е тетка во такви установи) не го почитува работното време, таа е за акање, ама како да ја акниш уште 2 години има до пензија (обично такви се тетките шо пијат кафе без време). Зедов точакот и правец в кладилница (таму нема кафе пауза си работат луѓето нон-стоп). Купив билтен и збичив назат кон галеријата. Врни цело време дур ви расправам за случкава, а врнеше и дури се одвиваше настанот. Заебанцијата да биди поголема, немам калници, а кладов бела блуза, демек ко за в музеј.

Ај стасав како шо стасав пред галерија и шо да видам:

пак истото само шо сега не се ни обидов да влезам и да пробам да не е отворено. Не од друго ме фати страм од една забрадена баба шо подзабаено си го метеше дворот и ме гледаше под око, како да сум лопов.

И се подиспулив прашално и ми заличи на тетката шо ја чекав да ми отвори за да влезам во галеријата. Од кај ми заличи сега бабава на теткана шо ја неам видено, а?  Па во Прилеп не се мети двор во 11:35, ами во 6:00, подумај се мож че ти текни сега. Ги подзатресив ногајците, штракнав две фотки и ја спраштив.

Муабетот ми беше:

– Тргнав да ја погледам изложбата на празнични чорапи од 20 век кои потекнуваат од мариовскиот крај на Прилеп и фино лепо да пишам овде на блог или да и ги пратам фотките на Arwena зашо таа знае поарно да пиши за овие работи. Реков, да види светов шо убајни праеле Мариовциве наши и дека не мајтапеле само, ами и работеле или како и денеска шо е – кој работи работи, кој мајтапи мајтапи.

Се арно, ама не дава теткава да ги види светов убајниве Мариовски.

Накиснат, го вјавнав валиспетот и си заминав.

Ај утре че му се вратам, не за друго, туку ептен ме интересира дали навистина че ме пречека таква тетка или  пак че ја бацам врата.

А сакав само да кажам:

– Лујџе културни, културолошки окултурени и институционализирани!

Не туку се жалете само на владава која и така ич кур не ја боли ни за вас ни за нас, ами само за власт, туку земете метлана од бабана и исчистете си сами внатре од тетки и чичковци, оти и вас че ве пречека некоја врата, како онаа шо ми го скрати погледот мене и на светот.

Па после, крив е дождо оти тетката имала реума.

Абе…

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    Емил напиша:

    Хе, да беше само тоа единствената мана. Единствено и само во Македонија музеите не работат во недела! Во цел свет неработен ден е понеделник, зашто сабота и недела е викенд, денови кога граѓаните имаат слободно време за да одат во музеј. Ама, јеби га, кој да работи во недела?

    htto://www.emilniami.blogspot.com
    6 Октомври, 2006 – 20:17 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    „Емил, го сетив тој неработен понеделник еднаш во Истанбул, јас се чудев, а тие најљубезно се обидуваа да ми објаснат дека така е во цел свет. Каде е е светот а каде сме ние..
    Ај можи че не биди еднаш… некогаш… ?
    6 Октомври, 2006 – 20:39 | избриши | измени | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    П
    6 Октомври, 2006 – 20:41 | избриши | одговори)

    #
    Аrwena напиша:

    Понеделник е свеЦки ден на музеите. Тоа е така според закон во цел свет, и не постои музеј кој за било какви пари ќе ги отвори вратите токму на тој ден.

    Инаку, исто така свеЦките музеи имаат обичај во недела кога сите луѓе се слободни за посета, да направат влезот да биде бесплатен.

    Ама…

    Ама нашшиве музеи бидејќи се во интимен однос со Министерството за култура, се понашаат исто како него. Неажурно, индиферентно и идиотски.
    6 Октомври, 2006 – 20:59 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Да е уште полошо, овие нашиве и во петок ги нема. 6 Октомври, 2006 – 21:14 | избриши | одговори)

    #
    Џаман напиша:

    Чекам фотка и од теткицата. 7 Октомври, 2006 – 00:58 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Џам, че биди брат, ако не бацам утре пак врата 7 Октомври, 2006 – 01:34 | избриши | одговори)

    #
    Fljambur напиша:

    Рибар,ој му утре кај 5 саато ко че го мети дворо,сака нејќи ќе те пушти.И сеј си тука глеј шубо средено ти е,на сињо-одмор за око-таму ваму по блокојве ко шо заакафме и чотек че ни удрат 7 Октомври, 2006 – 01:39 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    со лет ит би вритан, со лет ит би дан, арно велиш 7 Октомври, 2006 – 02:08 | избриши | измени | одговори)

    #
    Ronin напиша:

    многу јако че биди да почнат да не ти отвораат во кладилница(демек да се разгајџаш многу) 7 Октомври, 2006 – 02:48 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ронин,од твоја уста во божји уши…:) 7 Октомври, 2006 – 13:54 | избриши | одговори)

    #
    Lavot напиша:

    и да кажиш дал е тетка или чичко…
    и јас гласам за тетка, ама за секој случај
    9 Октомври, 2006 – 00:53 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    „силд wит д фотка“ че го напрам, ако не ми удрат чотек Eye-wink
    9 Октомври, 2006 – 01:47 | избриши | измени | одговори)

    #
    LOLITA напиша:

    Дури и бесот ти е уметнички артикулиран, затоа те обожавам. А институционализирани сме, во санаториумот, ова општество, сите до еден:) 10 Октомври, 2006 – 15:03 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива