Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Очи широко затворени

Стоев на периферијата од дрвената бина поставена специјално за митингање,

а мене се тоа ми личеше на

тинкање

Едно загреано старо ми пријде и ме гледа во очи,

страшно беше тоа старото со очите закрвавени дали од знамињата или од лиглињата

искачени на бината,

а мене. дали од страв или од јад ми ги потекоа

мадињата.

– Ти не си наш – ме сети старото, дали по

очите

или по мадињата

и двете ми беа црвени дали од

знамињата или од

лиглињата.

Решив!

На митинг ќе одам како за на жив ѕид пред слободен удар и со Очи широко затворени

За инает на старото и на лиглињата..

Докторот (Том Круз)  го викаат да ја излекува предозираната девојка што лежи расплинета во својата бесвесност, несвесна дека од тука почнува сагата на неизживеаниот доктор, а неговата сопруга (Никол Кидман) помогната од стариот господин, ја открива сопствената страс кон изгубената бестрасност на својот маж.

Неговите очи, тогаш (за негова жал) се отвораат, а нејзините (за нејзина срејќа), болно се затвораат.

Јас сум Никол Кидман, а лиглињата се Том Круз.

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Раскази, Став

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    coyote-ugly напиша:

    Лиглињата 0 Ти 1.
    Добра компарација.
    12 Јуни, 2006 – 03:26 | избриши | одговори)

    #
    Леонова напиша:

    интересно.
    Еве дел од soundtrack-ot од филмот
    http://ladym.blog.com.mk/node/36889
    18 Август, 2006 – 10:55 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива