Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Едноличноста на утрата копирани како мое секојдневие, беше болна…

Беше болна, зашто кертриџот беше препотентен и непрестануваше да го храни чувството на бескорисност. Тоа чувство што оправдано ме обземаше присвојувајќи си ја улогата на печатач, имаше стремеж да згасне со доаѓањето на 20 часот (со почетокот на првата претстава)… но што по завршувањето на претставата?

Кога мајчиниот кертриџ ќе почни да се празни?

Да го викнам другарми Златко да му ја смени програмата на печатачот, за тој да почни  да печати поинакви утра?

Да си купам ласерски печатач за до го зголемам интензитетот и така да се ги скратам маките?

Ќе го фрлам печатачот во канта  и ќе го сменам текот на работите… но не сега, сега е 19:30 часот, немам време…

Да издржам уште неколку денови…

Во петок завршува Фестивалот

Од петок започнува Светското Првенство

Што ги врзува овие два настани?

Јас ги врзувам, а се надевам дека тие ќе ме одврзат од едноличноста на утрата…

Ма што ми е крива техниката?!

Наместо печатачот, главата да си ја фрлам или да ја извадам од песокта?!

Тоа ќе го направам… но не сега, сега е 19:45, немам време. Колата ми е кај Антонио (ми го менува амортизерот… е тој де, од пред некој ден), а мене ми требаат 15 минути до Народниот Театар “Војдан Чернодрински”-Прилеп.

И пак исто…

Стасавме едвај.

Претставата почна како што почнува се кај нас…

… Со задоцнување…

“Оркестар Титаник”    (Народен Театар- Куманово)

Христо Бојчев е името, а презимето- Љубиша Георгиевски (толку е добар режисер колку што е лош политичар)

Сите си имаме свои бродови. Сите сакаме нашите бродови да пловат по пространството кое немора да биде водно. През таа пловидба среќаваме и други бродови: помалку или повеќе како нашиот. Тие се или карневалски или пиратски, но никогаш трговски… а најчесто се бродови на духови. Овој го крстиле Титаник и беше од оние карневалските- демек си имаше оркестар. Неговата несреќа беше што немаше судбина.

Неговата среќа  беше што беше пијаница (се испиваше себеси) и илузионист, така да не беше сам како што вушност беше. Сопствената илузија за Илузионистот му помогна да не си се доиспие до последна капка, но веќе беше доцна…

Неговот брод тонеше, тонеше, но тој си имаше музика, си имаше оркестар…

Беше страшно, но небеше тажно

Можете ли да замислите, како им е на тие бродови кои никогаш не испловиле од своите пристаништа?

Јас, така си ги прочитав: Дац, Александра и другарите, а вие као сакате читајтеме мене.

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    BibeRche напиша:

    samo shto pomisliF deka nema prilepchanec sho sledi kulturni nastani.. Bravo.. Sekoja chest… seushte ima nadez, nеli?!?!
    9 Јуни, 2006 – 01:53 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    можи сме малку, ама не се даваме.. ама можи да сме и многу, ама не се кажуваме :)) 9 Јуни, 2006 – 01:58 | избриши | одговори)

    #
    BibeRche напиша:

    kolku sme.. tolku sme.. tokmu sme.. a za kade.. ?!?!? Poojma nemam… hahhahа btw… da ne znajsh za sho se shipkite na ploshtad?!?! Smiling
    9 Јуни, 2006 – 02:01 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    чекај да се преслушам……не поминав денеска отука, незнам.. 9 Јуни, 2006 – 02:05 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    оти не ми кажуваш дека Љубиша сум го пишал со „Њ“..арно оти пиша ком. :)) 9 Јуни, 2006 – 02:07 | избриши | одговори)

    #
    BibeRche напиша:

    hahahahhaha и Њубиша добро му стоеше Smiling)
    9 Јуни, 2006 – 02:12 | избриши | одговори)

    #
    le bitch напиша:

    јас за шипките…
    city pub и square ќе имаат шанкови на плоштад…
    толку…
    9 Јуни, 2006 – 02:42 | избриши | одговори)

    #
    BibeRche напиша:

    аааааауууууууу кај мал плоштадот.. уште шанкови фалеа.. али од друга страна можи и добра е идеата.. само уште еден бим фали.. и ќе гледаме светско со криглите во раце Smiling)))
    9 Јуни, 2006 – 02:57 | избриши | одговори)

    #
    Sili напиша:

    Кумановски Театар,Прилепска работа,хахахаааа…ај добренајдов. 9 Јуни, 2006 – 20:45 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива