Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

ОПМ или ОЗГ

Волан „наведен“ од статијата на Светлана Унковска пишал за Био-Пирамида и како тоа секој може да продава сè и сешто.

Ајде  јас да се задржам само на „Био-Пирамидата“:
PXD Piramid.
Не е наивна фирмата што го произведува, односно продава овој производ. Имено во информациите кои се пласираат за делотворноста на овој производ убаво е нагласено кои се ефектите од користење на производот и покрај другото се, вели:

This area neutralizes the harmful radiation from:
– underground water sources
– deranged Earth magnetism
– Heartman’s and Currie’s global net as well as
– electromagnetic radiation which comes from the outside factors (transmission lines, transformatory stations, aerials, electrical devices. . . )

Па ајде луѓе што чекате, гајгеровите бројачи во рака, висоците и слични тракатанци и во борба за/против пирамидата.
Абе да умриш од смеење.

Еден ут/нат потрошувач се жалел во ОПМ (Организацијата на потрошувачите на Македонија) и тоа конкретно од Био Пирамидата:

„Загрижен за здравјето на моето семејство, ја купив пирамидата, но никаков ефект од тоа не сум забележал“

powered by clipmarks

Кој  бе нормален човек би издвоил пола просечна македонска плата (7000 ден) за да купи мачка во вреќа со специјални ефекти од типот на Арабела и волшебниот прстен, А?!

Единствено му замерувам на произведувачот што не напишал како додаток:
– „Ако по некое време корисникот не може да ги сети ефектите погоре нагласени, тогаш нека се надени на Пирамидата за да го почувствува комплетниот ефект“

ОПМ е организација која ги/би требало, да ги застапува правата на потрошувачите и да работи на промоција за подигање на јавната свест на потрошувачите и нивните права, а не е ОЗГ (Организација за заштита на Глупавоста)

Сосема друго е прашањето, колку македонските потрошувачи се запознати со своите права. Ако се земе фактот дека тој процент во Хрватска е 25%, за кај нас може само да нагаѓаме.
Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Став

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    zoriv напиша:

    Србите имаат една многу убава поговорка:
    “ Док има ќурана биќе и подварка“.
    15 Март, 2007 – 16:52 | избриши | одговори)

    #
    Jakov напиша:

    Апропо муабетов. Имаше една реклама за некоја габа Саравита на телевизија и еден дедо на 90 години кој ја пиел и возел 10 км точак секој ден. Вртеше рекламата добри два месеци на А1. Пред некој ден го гледам дедово у Дневник на претпоследна страна. Жална вест. Мислам стварно жално а и реклама не видена.
    15 Март, 2007 – 16:52 | избриши | одговори)

    #
    волан напиша:

    Jakov

    Оф топик коментар – апропо рекламата со точакот, старецот и ширупот … но мислам дека е добра приказна … ја кажа внукот на легенарниот Петре Прличко … Игор Џамбазов …

    На чичко Петре му ставиле некакви апаратчиња за срцето … и фамилијата го придружувала во шетање низ Водно … на препорака на лекарите … фамилијата дежурала и секој ден по еден одел да го придржува чичко петре по патеката на Водно …

    Така шетајки често среќаваче друг комшија … кој џогирал на свеж воздух … по направената операција на срцето … Чичко петре стално се бунел што го “малтретирале“ со шетањето … велел абе душата ке ми ја извадите … ама со убедување дека – нели гледа дека сите што имаат проблеми со срцето џогираат и стално му го посочувале за прмер комшијата кога го среќавале успат …

    Еден дел Чичко Петре здогледал на една бандера “читуља“ – плаката за умрен ловек … му се сторил познат човекот и се загледал во неа … Кога го препознал комшијата кој стално џогираше со него тие денови … се насмејал и рекол … ви велев јас да не ми ја вадеите душата за џабе …

    Уште еднаш Рибар … извини за прикаската која е вон топик …
    15 Март, 2007 – 17:58 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Волан, Ма какво бришење. Се чини Петре Прличко ни е обострана тема на долги коментари 🙂 15 Март, 2007 – 19:13 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Кога сме веќе кај рекламиве, би бил многу благодарен ако некој ја сними рекламата за платежните картички „Добра Фризура“ и ја аплоудира на youtube и ме извести.
    Сериозно.
    16 Март, 2007 – 00:46 | избриши | одговори)

    #
    Lavot напиша:

    гледам денеска има детелина за 800 денари… и една Голема Дама што дава бесплатно!!!
    16 Март, 2007 – 01:46 | избриши | одговори)

    #
    pomni напиша:

    За да ти биде чудењето поголемо. Гледам кај мојот пријател фотокопија од слика од тоа пирамидата залепена на куќиштето од систем-администраторската му машина. Прашувам зошто, а тој, најсериозно ми одговара: Помина еден пријател, он се разбира во тие работи, провери со рацете и ми рече дека сликата од пирамидата неутрелизирала зрачење во радиус од 15 сантиметри. И така, мојот пријател веќе со вируси, црвови и други гадури не се расправа 🙂 16 Март, 2007 – 18:16 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Strumjan, па шо не ја стави Анџелина Џоли поголем ефект ќе има и на физикус и на психа…
    или смени му ја, па нека види човекот аир, ебаго глупак ебаго. Smiling
    16 Март, 2007 – 18:56 | избриши | измени | одговори)

    #
    Предраг напиша:

    Здраво пред да пишеш било што на твојот блог првин подобро иформирај се за таа работа за која што сакаш да напишеш нешто дедото од рекламата е зив оздрав и не е убаво некого да го закопуваш било малд или стра саравита не е габа ккако со мислш ти оди на саравита.ком.мк и информирај се подобро 19 Март, 2007 – 04:15 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Предраг, дај жити се препрочитај го постот од погоре и кажи ми кај гледаш нешто дека сум напишал за старецот и за сара вита. .. И молимте разликувај текст – пост од сопственикот на блогот и коментар од друг.
    19 Март, 2007 – 16:02 | избриши | измени | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива