Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Наука и Неука

МИА јавува дека денес календарски започнува пролетта. И шо сега? – си велиш. Зар треба новинска агенција да ја најави пролетта за таа да дојде? Заебанцијата било во тоа што:

clipped from www.mia.com.mk

… Тоа е последен пат во овој век пролетта да почнува на денот што основците го учат како првиот ден на пролетта. Од 2008, 21 март ќе биде вториот, а во Америка од 2016 година дури третиот ден на пролетта оттаму што на тој континент пролетта ќе почнува на 19 март…

powered by clipmarks

Праел некој таму – маткач, мател нешто и се вадел со неточноста на календарите, не знам ли ти елиптичноста на земјината орбита околу сонцето и се така во латиница муабет и заклучило батето: дека од година пролетта ќе ни иди ден порано. Е арно де, ден +/- ич не ми менува, та ние цела календарска зима ја преседивме на +15º C па не ова. Море малку му било тоа, па зеде да ми разглаба во децимали колку дена има една година, па не биле престапни „округлите години“, па до минута точно ми кажува колку топлите годишни времиња се подолги од ладните и се така (ако не ми веруваш, кликни на линкот од миа).

Јас го глеам, се чудам, и со цела мака шо ја иам со грлово, го прашувам:
– Ако не ми кажеш до секунда точно колку е разликата помеѓу топлите и ладните годишни времиња, ич не ти верувам?

На тој мој муабет, зеде се налути и си замина.

Не стасав да го прашам чаре нешто со грлово шо ме боли да не знај, оти бааѓи учен ми се виде, ама кој ми е крив кога многу зборувам. Нога за нога си продолжив да паткам… И, кога понатаму (абе то ко че сака, сака мајчиното), опапа, еден надри доФтор или пациент, кој че ти го знај шо е, вели:

… What I found was what appears to be a pretty fail safe cure for a sore throat over at earthclinic.com. They recommend that you you gargle with Cayenne Powder. Now before you think it’s crazy, go ahead and read the 135 people or so that have commented on the site about their amazing results. Believe me I was a little skeptical at first too and the thought of gargling with cayenne pepper powder makes you cringe, but honestly it is not that bad, not even near as bad as a common sore throat. You don’t really taste the cayenne at all and the only part that burns a little is when you spit it out the tip of your tongue burns a little bit and if you get it on your lips it will also burn a little, but nothing unbearable at all and nothing that won’t go away with a quick rinse of fresh water (note don’t gargle the fresh water as you want the cayenne to stay on your throat and work its magic.)…

powered by clipmarks

(за рецептата и појќе, оди на линкон над пиперкана)

Овај баткава од текстов погоре си имал мака ко мене. Е сеа, незнам колку е за верување, ама бааѓи луѓе се фалат во коментари таму. Мене ме интересира дали пиперчено од сликава енглезиве шо го викаат “cayenne pepper” е исто со нашиве лути пиперки или е некое мадлесто специјално пиперче зачинето со латинско име?

Ако е исто ко нашиве да си сркнам од иљачот и да си бркам работа, ако не, кажете вие чаре?

Муабетов испаѓа:

– Сите си патиме мање-више од себе, а згора на сè и пролетта го драпа календарот, календарот го драпа метеорологот, метеорологот  ја драпа миа, миа ја драпа  водителката, таа ме драпа мене, а јас – вас.

Туку:
– Секој со маката. Некој од наука, а друг од неука си има мака.

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Став

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    Бунка напиша:

    Од многу драпање, многу драскајци излeгуваат Smiling
    21 Март, 2007 – 20:58 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Бунка, она „го драпа“ во Прилеп ни е како „го заебава“… јас не се бунам шо ме заебава водителката на метео (од А1 на пример) Smiling
    21 Март, 2007 – 22:02 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Рибар разбирам прилепски, многу добро…

    Драскање-драскајци-ко гребење

    специјалко една Eye-wink
    21 Март, 2007 – 22:03 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Море Бунка не се вика специјалкО, туку:
    Ај, беј сеа, специјалкЕ една Eye-wink
    21 Март, 2007 – 22:15 | избриши | одговори)

    #
    Бунка напиша:

    Ај па ти сега за едно E, ко че ти дом таму…Eye-wink.

    Имаше едно време некој кафиќ, АС мислам се викаше…
    21 Март, 2007 – 22:39 | избриши | одговори)

    #
    pomni напиша:

    Пријателе, сега го видов постов, и жал ми е што порано не ти кажав за лекот.
    Не знам за странцине, ама нашиот народ има еден лек (ист Smiling да земеш лута пиперка од везените што ги сушиме по стреите, да ја вариш со вода во едно лонче како за чај. Е после тоа во водата додади си малку сол ако ти е за вкус и испиј ја водата. Топла се разбира. Ќе прочуриш од секаде ама има ефект против настинка, грлоболка и слично.
    Да не речеш оти те маткам, јас си правам вака: во едно тенџере ставам пиперки лути везени, компири лупени, кромид лупен и сол. Ги варам додека не омекне компирот. Потоа цедам, водата ја пијам, барем една чаша, а мастрафот го пасирам и си добивам луто макало за неколку дена. Не знаеш што е поубаво.
    21 Март, 2007 – 23:12 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Гледај прај Струмјан, да не ме земиш на душа Smiling
    Бунка имаше бе да Ас се викаше. затворен е 10 год. кај ти текна баш на АС којзнај кој те шетел Eye-wink
    22 Март, 2007 – 00:54 | избриши | измени | одговори)

    #
    mkhere напиша:

    АС и СОНИК..
    и флиперите кај излезот од киното..
    22 Март, 2007 – 01:12 | избриши | одговори)

    #
    Opal напиша:

    Можеше да најдеш една прилепска пиперка лута, по можност печена.
    А не вакви странски увозни. шо не лутат ич.
    Ја си патам од чирот.
    22 Март, 2007 – 01:31 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Mkhere, на Пикадили или Кај Панда мислиш за флиперите
    Син ми, многу пиперки лути апаш, затоа е тоа со чирот.
    22 Март, 2007 – 02:58 | избриши | измени | одговори)

    #
    mkhere напиша:

    киното бре..
    излезот..
    оп..
    дрвените бутки..
    22 Март, 2007 – 14:22 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    abe koski ostaviv tamu, ама ич не ми текнува како ги викаа. Нема везе знам за кој мислиш. 22 Март, 2007 – 14:42 | избриши | измени | одговори)

    #
    mkhere напиша:

    кај (на) О… Чкурто бе..
    22 Март, 2007 – 14:43 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива